Не знам за вас, ама темава редовно ја "рефреширам", само за да не испуштам некој коментар со гиф на @Yipman2. Тој со судијата... Ја разбудив цела куќа @Bender Rodriguez, домаќине, мојне да мислиш оти кафето и наполитанките од изборната кампања што ги вети за глас, нема да ги пратиш. Долга е раката на народот. Или "Народот не заборава" беше?
Блендер. Ако победи машко тогаш брич или добро острило за блендерот со цел да не дојде до сечење на повеќе од што треба. Ќе победи @joy1 или @referentka местено е. Кој/а и да победи ќе има помалку од 1% или нешто над 1% повеќе гласови.
Догодина. Не исполнувам критериуми за оваа година. Немам над 500 мислења. И јас би те гласал тебе. Ќе заокружам бр. 1 за најцрната дама.
А како може да се види кој за кого гласал уствари за да се избегнат нерегуларности од нови/дупли профили? Се бара да се огласат членовите на ДИК? Пошто ја од коа изедначив, уште два гласа инстантно се внесоа кај џој, не ме сфаќајте погрешно сакам џој да тепа затоа гласав за неа али би сакала да биде гласањето фер плеј, има некој евиденција што како? Не на крај ја да го јадам под сомнеж дека дупли профили сум правела пошто не можам да оделеам на искушението за ветеното гиро од страна на џој1 Муабетов на садомазо ми мириса
Нормално дека се зезаме, ама со оглед дека фемина е Велика Сестра нормално ќе има оговарања и ред други ствари, бар тие што пратат ноќна смена. Уживај ќе избрише сабајле Реинбоу вакви офтопик мислења и ќе биде се' ок. Не се потресувај и не ставај се' при Ма знам дека одлично ме разбираш.
Ви текнува на времето кога Референтка беше ЕДИНСТВЕНА закана за победичкото место на Бендер? Ехх времиња...сега ќе ја барате Референтка... 161/163 п.с. Дефинитвно има некој малер тука...кога некој ќе пише драстично паѓа процентот на Бендер...Хммм...можеби тоа е Yipman?? Или неговите гифови???
Пoчитувaнa oмлaдинo, Рaдoстa кoјa дo вчерa ве oбземaше е нoвoгoдишнo пaкетче зa вaс, успешнo стoкменo oд третoтo дoбa. Сегa јадете чoкoлaдите и ен @joy1 Пoздрaв, Стрпливите згoдници oд 40кa
На цела мака после изненадувањето од резултатите утрово, се изнасмеав со вицот на @Abeja. Јас уште не губам надеж. Да не заборавиме дека ќе бидат одземени гласовите на тие што се зачлениле подоцна. Бендеро ќе победе. Или не? И зошто не ме оставивте на 69, барем да видев? Славата прекратко ми траеше.
И јас не прочитав дека можам да гласам за тројца... ама па и не ми менува многу оти, најверојатно ќе гласав за еден - за Бендер. Иако сум „као“ во пензионерското друштво на бабетини (-40), освен таму, ретко кој од членовите ги среќавам по темите кои јас ги следам на форумов, а речиси и не ги отварам па темите каде грото членки од 40ка се активни. Имаше едни времиња кога, грото членки на форумов беа а ла Бендер, плус/минус. Meaning, по за интелектуални дискусии, по за филмови, по за музика... и јас ги свиѓав. Оти, тоа е што јас свиѓам на форумов и сакам да го читам. Мене ќе ми е жал ако Бендер не победи, искрено оти, после ова со катчињата - млади и стари... јас ретко некаде читам други членови.. и ми фалат реално тој тип на форумЦки маабети за кои на Бендер не му недостига волја да ги тера.. и си ми фалат тој тип на форумЦки ликови. Тоа е што јас сакам. Толкуз.
Добро утрооо Гледам Пустец проработел Денес уште една тура Че растоварЕеме за гласање и толку. @joy1 ти денес спреми си победнички говор (задолжително да го има она ,,не очекував,,....,,сите Ве сакам,,...,,немав поим дека сум прва,,...,,наградата ќе оди во добротворни цели,,)
Ова е еден пример дека ништо во животот не е сигурно. Инаку, јас гледам дека гласањето ќе трае до 28.12 18:12 часот.