Штабот на Џои ќе излезе со официјален пост после пребројувањето. Победивме кај мајките, кај трудниците, кај децата, во 40-ката. На противникот му честитаме второ место.
,,Нашите,, да се приберат да славиме у штабот. За сите други: не е битно да се победи, битно е да се учествува.
Спојлер: Шуш - муш Трајте си само вие од 40ка оти и Нинче малку шушна околу победата на симпатизерката. Неколку закани, неколку илјади евра да се прикупи некој глас, пар циганчиња за уво принудно на гласање и така. Битно среди работа човекот. Не за џабе се случи пресврт пред крајот та, не сме мутави колку за толку. Само пак ќе кажам, за ова на НИКОЈ, јас затоа и у спојлер пишаФ.
На почетокот од темава, реков дека ќе пишам само едно сериозно мислење – а ова ќе биде второто. Уште кога дознав дека сум номиниран, на првите страни, реков дека титули не бркам, а дека Киндл више имам – и некој очигледно го прочитал и запамтил тоа. Ама сериозно сеа – уште од кога се учленив на форумов, немав никаква намера да претендирам на титули, насловни страни со рецепти, победи у фото-натпревар, фалби у модните критики или па, да бидам Мис на популарноста. Не. Моите мислења не се пишувани за да се допаднат на што повеќе луѓе, ниту пак за собирање на лајкови – ниту едното, ниту другото не ми е уопште важно. Моите мислења се одраз на моите лични ставови и на ништо друго. Ако на некого му се свиѓаат – океј, ако на некого не му се свиѓаат, пак океј. Пред изборов, да ме прашаше некој колку луѓе мислам дека ме читаат, се сложуваат со мене или уопште знаат дека постојам на форумов, ќе речев – не повеќе од 30-ина. Моето водство на табелава до неодамна, како и бројката од 180 гласови, навистина ме изненадија. Се изненадив, не само затоа што тек сеа открив дека 180 луѓе знаат дека постојам на форумов, него и поради тоа што истите тие одлучиле дека, во конкуренција од 9 прекрасни дами, баш јас треба да бидам ФорумџиКА на годината. Се изненадив, затоа што, да бидам искрен, за повеќето од вас не знам ни кои сте, а вие и покрај тоа сте решиле да го дадете својот глас за мене, и тоа за, според многумина, најбитната ствар на форумов. Што да кажам освен – фала ви. Ме радува и фактот што, барем според мене, ја не припаѓам во ниедно катче, ќоше или клан, и што никој од оние кои гласале за мене не се осеќал обврзан да гласа за мене само поради тоа што заедно припаѓаме некаде или затоа што се дружиме. Односно, барем се надевам дека било така. Ме радува и тоа што некои членови си земаа задача, повторно по сопствена волја (и повторно, барем се надевам дека е така ), јавно да ме поддржат, да ми ја водат кампањата и бесрамно да агитираат за мене. И ме радува што тоа беа луѓе со одлична смисла за хумор, чии мислења секогаш успеваа да ме расположат и насмеат во текот на изминативе 10 дена. Повторно, фала ви на сите. И без разлика на бројот на гласови или моето место на табелава, изминатиов месец за мене беше за нешто многу побитно од титулата за Форумџика на годината – изминатиов месец сфатив колку многу пријатели имам на форумов и, иако виртуелни, нашиве форумски пријателства ми се исто толку вредни како и сите останати кои ги имам. Thanks, you guys! На крај, ми останува само да и ја честитам заслужената победа на @joy1 и да чекам победничко гиро (или крукче у новата кола? ), а на сите други да ви ветам дружење на форумов и во нареднава година, се надевам со несмалено темпо. Поздрав!
Бендер, ти си победник, ама овие не знаат. Ќе коалицираме со Самерка и Спешл и победивме, џабе слават другите.
Сеа иде Чичаковски сиут успан. Михајло така се презиваше нели? Вади дигитронот, множи, дели.... И вика, прво место Бендер, второ место, дајте вода, Бендер, трето место, одам да дремнам. Портпаролката ќе продолжи натаму. Иде една од админките, блузата наопаку и продолжуе да чита, пред да ви ги соопштам резултатите, бан за Цка, Бан за Абеја, бан за Самерка, бан за сите. Утре останатите резултати. Оп, прегласување. Оп, за коледе дрва и огин.
@Bender Rodriguez за говорот... @joy1 Ако е се во ред со гласовите, со здравје да си ги користиш подароците... Среќа да ти донесат и имај среќни празници честитки Кој и да победеше заслужено ќе беше... Сите што на листата имаат подеднакви заслуги и шанси, ама ете нијанси одлучуваат Ај з'убо в година пак да си се собереме
Шо ти требаше ова озбилното... сеа уште поише ми е криво што не победи Легендо! И јас чекам официјално прогласување за да напишам асален говор
@joy1 Мила честито и дај Боже побрзо и модератор да ни станеш. @Bender Rodriguez Браво за постот погоре, а пошто и сам пиша дека овде не си за лајкови, не ти го лајкнав, ама те читам редовно. Е сеа пошто не сум за мажи да ни имаат титуи, не те ни гласав. Рефе не знаев дека има повеке опции инаку ке ти дадев глас а и на Абеја. Срцки сте ми. Џој сеа после победава значи да идам медицински на кафе или да идам за да збркаш врски кај Голубе пошто термин нема до февруари, а треба да ја носам за 1 недела? Се зезам ке го степам ако не ме прими и без термин.