Did you all just assume Bender's gender? Срам вас било, Маж бил, не можело. А може genderfluid bigender masculine feminist agender vegan pineapple lesbian? Сексисти сте. Ајде сите еден акаунт на тамблр. Мојот глас е дефинитивно за Бендер. Супер тип, уште од првиот ден кога се зачленив го приметив, мислења на место, аргументи на место, дружељубив, мене ако ме прашувате ама баш ништо не му фали. А Футурама ако имате гледано не смеете да имате ништо против него. Да не должам, Бендер, you have my full support.
Епа женски, бидејќи очигледно оваа година ќе изгласаме најФорумџија, не би било лошо да се запрашаме околу нашата активност на форумот и како дојде до тоа да ни победи машки член Мрчам, знам @Bender Rodriguez, само него и го номинирав- активен во повеќето теми, стабилен во ставови, секогаш културен, никогаш арогантен, добра смисла за хумор, забавен за читање, одличен вкус за серии Според мене, оваа година со своето форумско присуство Бендер наголемо ги засени сите останати членови
Ја се осеќам како гласач од дијаспората со оглед на тоа колку бев активен оваа 2016 година. А како гласач од дијаспората, денес на мојата улица во предградието, покрај белата дрвена ограда од дворот со совршена зелена англиска тревичка, се појави овој билборд. Што повеќе да кажам, мојот глас е сигурен. Ни кафе, ни пенкалце, ни зејтин, ниту ми треба тендер, само за форумџија да го одбереме Бендер.
Вонредни вести: Мажи ја завзедоа ФЕМИНА! Видео вести + фото: На единствениот женски форум во земјава, титулата најфорумџика ќе му припадне на маж! Да ги проследиме рекциите на длабоко уништените жени. (се извинуваме за техничките проблеми, ќе се вклучиме подоцна) Јас искрено не знаев дека можело и машки, и затоа мислев дека ова ќе биде мртва трка помеѓу квалитетни феминки, од кои на памет сега ми текнува на: @Someonespecial @Lella @danichap @AnaKarenina @Rama И уште некои плус, миснус... Сите имаат квалитетни мислења, млади, модерни (тие што ги имаме на слика видено, а не се сомневам и за другите), креативни, постовите им се полни и емоции и љубов, смешни и интересни за читање... Ама ако победи Бендер, тогаш рачунајте дека ова ќе стане прав харем Кога ќе го прогласат за победник ќе не тера да му играме стимачен танц, па ќе намести шипки по темиве Just saying...
Мадамослава, читај малце меѓу редови, па ти. Или у превод - ништо од ова што претходно го кажав не важи - номинирајте ме, гласајте си за мене, и ич да не ви чуе.
За кланот на Бендер, кои се изјаснија дека секако ќе гласаат за него се обезбедени чај и сендвичи, пиво пие само Бендер. Амин. Ќе се подели и репрезентативен материјал за неопределените За оние кои нема да гласаат за Бендер, долга е раката на Бендер. Нормално по победата ќе дигнеме споменик
Со јавно гласање се издавате во кој клан сте...Ајде продолжете да пишувате, за баш да видиме кој каде припаѓа. Интересно... Туку, смее да гласа некој тазе зачленет? Или некој што седи само во одаите на една тема? За другарка прашувам
Јас си го номинирав @Bender Rodriguez оти ми е супер лик и оти секогаш има одлични мислења и води прекрасни дискусии и не ми е гајле што е машко на женски форум. Ja номинирав @AnaKarenina оти многу сакам да ја читам, прекрасен лик на форумов е. И @danichap оти е присутна многу време овде со издржани мислења секогаш, со дискусии на место и мислам дека заслужува награда за тоа.. Инаку имам и други фаворити кои би ги номинирала радо ама не може сите затоа да нема љутиш.
Најинтересна кампања е ова досеа, ама на овие мислења и тоа едно по друго бев као... крај! Иначе Лејди лани си ја доби титулата најзаслужено, оваа година нејзината машка верзија да биде (исто најзаслужено) - it would make sense