Значи сепак @joy1 , е па честитки Џој, со здравје да си го користиш таблетот. Шуќур сè помина супер, без лутење и тепачки. Стварно ова беше одлична забава. Членовите што беа на анкетата, сите со заслуга се најдоа таму. Сè си помина во најдобар ред, никој не се налути, не се истепаа за прво место, не беа желни за внимание и гласови , не изиграваа деца и ја прифаќаа секоја наша шега. Е па свака вам част. Останете такви за до година пак да се најдете на анкетата...еве јас лани бев а годинава не, еми шу да прам сеа, ај да плачам Да не должам...би свадба помина додуше не знам ни шо да кажам поќе, битно ми беше да честитам и ај да змрмам нешто Е ај, живели
Мислев говорот (рефератов... море роман уште малце ) да го пишам утре, ама не можев да издржам... Прво, ви благодарам на сите што гласавте за мене... по трет пат најмлада номинирана сум на избориве , па сега и цели 135 гласа, без лажна скромност - навистина ми е пријатно изненадување и ми значи и ми ласка Многу ми е мило за секое позитивно мислење околу некој мој став или обид за креативност во слободно време како хоби што го споделувам тука, и тоа од луѓе што ги почитувам на форумов - пријатно ме изненадија и поодамнешни и повозрасни членки што им текнало на мене на изборов, и нови квалитетни ликови... Фала ви од срце на сите! @joy1, честитки за победата! Знаеш дека одамна те почитувам како личност, иако искрено во последно време поретко те сретнувам низ форумов Со здравје да си го користиш подарокот заедно со дечињата и да те читаме во повеќе теми следнава година, не само +/-40 и оние motherhood related @Bender Rodriguez, шта да ти кажем кад све знаш? Јавно си пишав уште од почеток дека си ми огромен фаворит и не ме држи срце да не кажам и официјално, во сериозно последно мислење околу изборов - дека настрана од сето симпатично „драматично“ навивање, хуморот и гифчињата - по субјективно мое мислење, ти најсериозно си за мене морален победник без разлика на резултатот... и дека си членот за чија победа ќе скокав од радост како лани за Лејди и преклани за Ана Се надевам никој нема да ме сфати погрешно, секако дека ги почитувам сите номинирани од сите години и немам ништо против никого, ама ете секоја година си имам некој што ми се истакнува како фаворит, оваа година тоа беше ти и тоа е тоа Овојпат се покажаа моите слаби способности за кладби и предвидување Од ставови со кои речиси секогаш се согласувам, перфектно издржани и објаснети културно со толеранција од провокации, до филмските рецензии и уметноста со кафињата... не може човек мана да ти најде Знаеш колку те почитувам и колкав комплимент ми е што една личност како тебе има позитивно мислење за мене, макар и вака виртуелно. Да продолжиш да нè дружиш, да нè смееш, да шириш интелигенција и open-mindedness... eдноставно stay awesome as you are! Идол си ми! Друго да додадам за @Summerlover дека ми е исклучително драго што беше номинирана и што конечно ѝ се даде такво внимание како на пренајпрекрасна форумџика што не можам да опишам колку ја обожавам! Најмила моја, откако те приметив - ти веќе 2-3 години на посебен начин ми го одбележуваш форумот... пред да почнам да се зближувам со тебе не сум можела ни да замислам дека човек може толку позитивна енергија да шири исклучиво виртуелно, мистериозно ( ) и целосно анонимно, само преку неговите зборови... Посебна категорија си ти за мене, и тоа не еден, 100 гласови не можат доволно да го доловат! Фала ви и за смеењето на сите со моја крвна група на смисла за хумор за време на изборов (најмногу на кампањата на двајцава мои обожавани горенаведени + Јипи ) Ми ги разубавевте деновиве, indeed! Се надевам дека нареднава година ќе имаме многу убави вести и споделени моменти, повеќе толеранција, отворени умови и зрели дискусии That would be it
Доволнo е еден. Следна година повеќе организирано, од врата на врата, со колачи , со сокчиња и календарчиња. Со наши избрани модератори да го следат гласањето. Парите за купување на гласови нема да бидат бедни 500-2000ки , ќе биде убава голема 5000. Со повеќе банирања и закани .Помалите партии може и до Дојран на летување да ги носиме ако дадат некое гласче плус. Следното гласање кое ќе дојде многу брзо. Следното гласање ќе победиме.
@Yipman2 И наредната година, ште те помоља, да се договориме навреме, а не ова, сите се збутнавме на врата да собереме гласови за Димче и на крај од неорганизираност изгубивме Ајде било што било, памет за следна година Самер чaсти
Јас гласав за @Someonespecial и @Summerlover пошто Вас девојки некако најмногу сум ве забележала, сигурно највеќе сте ми помогнале или сме се судриле во мислењата. Честитки за @joy1 ,не сум ја сретнала многу Честитки за сите женски, машки, членови на форумот, додека имате желба да се уклучите, да читате, да помогнете - сите сте победници!
@Summerlover ти честитам за храброста да се номинираш за Форумџика на годината и за освоените гласови, можеби не победи, но искрено се надевам следната ке победиш. Мислам дека треба и заслужуваш бидејќи си интересна и многу позитивна форумџика си. Дотогаш здравје и среќа. CHEERS!
@Згодно Момче Нико Али Сунчица је ту за забава и каде се коктелите, таму сум и ја Победата е врло озбилна ствар и не личи на неозбилен човек како мене
Еј не заборавајте поенчиња трофејчиња да и дадете ко што заборајвте на другите...Дузка, Ана ,Фени ...ај на сите сеа оваа година фајте им ги. Ај.
Конечно и очекувано! Честитки @joy1, со здравје да си го користите таблетот! Сосема заслужено си ја доби титулава, иако морам да кажам дека кој и да победеше, ќе беше повторно заслужено. Мило ми е што изборот помина како што треба, со голема доза хумор и без инциденти. На сите ви посакувам убава и успешна година, што повеќе квалитетни и издржани мислења и плодни форумски дискусии, па догодина да биде уште понеизвесно на изборов Среќни празници!
Ај да шкртнам и тука Честитки уште еднаш @joy1 , со здравје да си го користиш подарокот. Да продолжиш да шириш позитивна енергија, помош, совети со кои заслужено си ја понесе титулата. Честитки и за второто место на @Bender Rodriguez . Мој фаворит беше тој. Го раздвижи форумов во една друга насока, поттикна дебати на многу досега помалку "интересни" теми , на останатите го подигна нивото на дебатирање. Секоја чест. И на Сунчица да и се оддаде признание како најпожртвуван шеф на изборен штабБраво девојче, немој сега да се повлечеш само во ФМЌ, развеселувај го и остатокот на форумот
Честитки @joy1 Разочарана сум малку што му се измкна победата на Бендер, ама се согласувам со напишаното на @anel целосно, па да не се повторувам.
Оф, леле... I didn't see that coming. Честитки на победата @joy1, со здравје да си ја користиш наградата и почесто да те читаме. Се знае кој беше мојот фаворит, за кој како верен член на партијата дури и притисоци вршев. Ама сепак, мислам дека на Бендер не му е важно тоа што не ја понесе титулата, туку дека виде колку „следбеници“ има и дека е еден од поважните ликови на форумот, па дури и ќе одам дотаму што ќе кажам и дека најмногу го размрда форумов годинава. И затоа нема потреба да се прават никакви фрки. Само се надевам дека ситуацијава со гласовите не е поради полот на Бендер, навистина многу се надевам. Сепак, мнозинството си го даде гласот, очигледно е дека на членките од 40 им ја одбележала годината Џој, па нема зошто да не биде прогласена за форумџика на годината. Што се однесува до Бендер, сите знаеме за квалитетот на неговите мислења и неговото влијание на форумот, така што не е потребна титула за да се докаже тоа. Спојлер Се тешам ова, во реалноста со една рака пишувам, со друга си ги бришам солзите. Како и да е, честитки до сите на листата, сè помина фер и демократски, што е најважно. Среќни празници до сите, бидете поздравени.
@joy1 честитки од срце. Ти си секако прекрасна Секако сите имавме различни стандарди кога гласавме, за тоа како форумџија на годината би требало да изгледа, и нормално дека не е погодено на сите, и никогаш нема да биде. Јас бев убедена дека Бендер ќе ја понесе титулата годинава, ама ете не е се во титулата ( ова ко за утеха звучи, ама не е ) Јас гласав за Бендер, Ливинг и Спешлка (некако најмногу се активни во темите кои сакам да ги читам, всушност ги има низ цел форум) Најбитно од се е да беше забавно