Оваа година до крај нема да номинирам пошо стварно не можам да одлучам кои 3. Филинг као да решавам тешка математичка задача и резултатот не искача ко шо треба.
Напишав и во друга тема ќе пишам и овде. Сакав да номинирам неколку члена, но се предомислив. Причината не е важна. Јас не го доживувам форумов ко тепачка за место, за награда, за модератор туку го доживувам како катче за лични потреби, консултации и дружба. Останува на вас сами да си одлучите кој ќе биде. И така само се карате кога другите имаат спротивставени мислења, се рипа веднаш што како членови не би требало да реагирате вака. Животот и надвор од форум е многу убав. Надвор никој не ве знае по име и презиме и дека сте добиле награда на некој форум.
@Lady Phoenix Гицке, шу па на тебе ќе ти е листа, кога Димче е победникот? Сега Михајло аплицира за кредит, да му купи на човекот награда на место
Ајј беља работа, изгледа требаше прво три члена да заокружам а потоа да стиснам на гласај. Сега гласав само за @Dust и неможам (или можам, кажувајте), сакам уште два члена да ставам.
Finally, избирачкиот список Леле луѓе, добро ли гледам ова Како да почнам... се збунив дури Искрено не верував оваа година ни дека ќе бидам пак номинирана, а за ова ситуацијава сеа... дали то мојe очи добро виде Фала ви, фала ви многу и од срце на сите што сте ме номинирале и што ме гласате Ми значи што толку мили и толку блескаво интелигентни луѓенца ценат некој мој став или некое мое дело по темите Нeкреативна ќе бидам овојпат и кратка ама навистина не знам што друго да кажам За Самерка сум препресреќна што ми е на листава, толку многу заслужуваш мила! Ги гласав @LivingGlam, @Summerlover и @Bender Rodriguez се разбира
Не зезајте Од каде јас во топ 10..мајко мила поцрвенев од срам сега кога видов Од памет ги извадив сите околу мене кога спискав - штоооооо? Битно ги има моите 3 номинирани (идоли), @joy1 @referentka i @Bridget и моите гласови одат за вас девојки Да можев да гласам за 4, дани ми е на список..ама знам дека има огромна група обожаватели, може и ќе победи Ви благодарам за номинациите, не знам со што заслужив мило ми е што некој одвоил време да прочита дел од тоа што сум пишала, па и впечаток сум ви оставила за да ме номинирате. Важно е да се учествува
Јас гласав за 3 драги феминки @Someonespecial, @Summerlover, @AnaKarenina Затоа што ми се најмили и мислам дека една од нив заслужува да победи Со среќа женски, навивам за вас
А бе штo не кaжувaте декa ме имa нa листa? Амa пa кoгa ќе си гo видaм друштвoвo бoље дa ме немa @joy1 мa кoј те стaви и тебе тукa? Бендер друже дaј дa ти јa дaдеме крунaвa уште сегa и дa се пoвлечеме сите групнo
@Dust, ти кажав! Скоро цела листа ја погодив. Да имаше за обложување, сега ќе си се радував на добивката. Како и да е... Спец, Самерка и Бендер.
Се изнамачив додека се одлучив ама на крај се одлучив за @Bender Rodriguez @Summerlover и @LivingGlam Во случај некој да го интересираше.