Оти го биваа за дебата! И сјдго заборајв да ја спомнам. ОД такт ме вадат нивните ставови, ама за секое прашање, на мој аргумент, тие имаат солиден контра-аргумент.. И можиш со саати да се објаснуваш со нив... Исто Евангелос... Не мом да се помирам дека таков мозок има во конзервативен чоек
Друга која има контра став на мене е Косми. На отворен брак, ренде ме напрај со тие постовите нејзини. Не ги ни сватив од прва. Ми требаше неколку пати да се навраќам низ месециве и да препрочитувам што сакала да каже. Ме остави без зборови, буквално! Одор ти на Дали верувате во брак и вечна љубов! Истото ми го правеше, а не беше ни свесна.... колку ме направи да си ги преиспитам ставовите?? Уште еден едит, поќе нема.. ветувам: Вие мене ми помогнавте да бидам денес поинакво нешто во однос на она што бев пред да се зачленам. 'Скок во развој' ми сте
А тек јас тебе кај те најдов? Гарант ќе бидеш на листата. Луѓе не се чудете ако ве гласаат членови кои ги немате сретнато никаде. Читаме, иако не реплицираме секаде.
Пола форум го наброја мене ни на газот не ме стаи, а јас ја номинирам. Дури ни у топ 3 вмровки не ме стаи? Пу. Сеа ќе видиш.
Мори знаев дека не ги напомнав сите !! Цело време ми текнува кој се сум заборајла Стар чоек! Ти си еден од 'талентите', ако те интересираше
Ти си баш меѓу впечатливите понови членови За тебе и @KateKane ми е најштета што уште немате 500 постови, да имавте - ќе ми бевте во тесен круг А и дотичната комшика многу сме ја среќавале, ама за жал и со „сарказам“ ѝ е напишаното... Ама ни е гајле, и лошата реклама е реклама @CameliaMiller и ти одамна заслужуваш да си на листа, само не ми заглавувај во 40кана Фалиш по темите за дискусија
Канта сирење? Викенд за двајца во Берово? Или офроуд тура и скара во природа Или сите три Друго неам што да понудам. Празно мУдераторско ќесе
Добредојдена си во Берово тоа со гласовите е чисто за зезање Кој и да дојде добро ќе си помине..ама барем пролет да е. Сега е ептен заникаде ни за турите не е погодено времето Има и тоВа