Сепак гласам за тура до Сплит. Ако си за, дај да ургирам да ја тргнат Дита од список. И онака е нелигитимна.
Ете така тука била значи забавата...јас дури сега успеав да номинирам Со тешко срце се одлучив,бидејќи навистина има квалитетни членки,ама ограничени сме само три да номинираме Во моите топ три се најдоа: @cresa-jagoda-Личноста со која најмногу,ама најмногу контактирам на форумов,не беше тоа причина да ја номинирам,туку бидејќи е квалитетна членка и скоро секаде е достапна со своите постови @Someonespecial -Отсекогаш ја читам со задоволство и учам по нешто од неа,иако е малку помлада од мене,иако е доста полиберална од мене,а јас ту мач конзервативна,ама многу ја почитувам и имаме доста заеднички теми @Yowannty-Една силна личност,од која секогаш црпам сила за напред,личност која чинам дека ми е најблиска по душа и чувства овде на форумот
Ау ау ауууу...морав да се препрочитам, да прелистам "скриншотс" , да влезам у база на INTERPOL, CIA, FBI, КГБ, да потплатам приватни детективи, да се потсетам на делата на Агата Кристи, да го советувам Ник Слотер, да го прашам Џери како останува жив и откако Том жив ќе го запали и со нож ќе го прободе, дури главата морам под чешма да ја ставам и да пробам да се вратам у живот со млаз ладна вода...и јбг, вчудоневидена ко никогаш. Знаев дека е лесно од пријател да ти стане непријател, ама непријател да ти бацува газ, само кога се работи за живот или смрт, па и тогаш тешко веројатно. Го дочекав и тоа на форумов. Фемина ти е како Кока Кола (не како онаа на Амди) - освежува и зближува Ако ако, нека се сакаат децата. Туку, а дојде декември, сите омекнуваат, сите се финички, нисам ја одавде, кај си бе пеер најбољи си, гласај за мене, види колку сум кул и колку те сакам, све ти е простено. Ама ајде, декември е, уште неполн месец до Божиќ, се ви е опростено. Лани кажав, не би се повторувала толку широко, декември ми е чудесно магичен, спокоен и мирен, бел и без снег, студен и над нулата, празнично близок, топол во срцето, вкусен и бргу поминлив. Бесмислено е да се натегате, расправате, мразите, пцуете, особено при крај на гласањето,бидејќи ваков избор не е вреден да ја наруши магијата на декември. Мислам дека треба да го поместат за во втора половина на јануари. Од кај знаете, можеби некој со само едно мислење, квалитетно и за паметење, постирано после 20ти декември, би можел да ги засени номинираните другачки Чуда се случуваат.
Прво, немаше потреба воопшто да ме спомнуваш мене. Ама си начека прилика нели. Фала ти што мислиш на мене. Второ, како и секој нов член, така и јас сум реактивирала теми. Иако сум член од 2010, во 2015 почнав активно да пишувам. Или 2014, не знам. Нема да спомнувам членови ама и сама знаеш кои се тие што го правеле истото, така? Трето, колку што знам не е забрането реактивирање на темите, ова е форум и сосема му прилега да се оживее заборавена тема. Четврто, не ти доликува на годините ваквото изразување и ваквиот однос кон членовите. Ти не знаеш зошто некој се зачленил тука, можеби имал некој приватен проблем или семеен, можеби болест, можеби загуба, па тука дошол за да оттргне мисли. Не е работата само да провоцираш тука. Едно е да пишуваш без некого да напаѓаш, сосема друго е да му се качиш на глава на некој, да го следиш постојано низ темите и да не го оставаш да дише. Јас можеби сум губела време тука со реактивирање теми, а реално сите тука губиме време, но ти губиш време со подбуцнување а и си дупло поактивна од мене тука. Јас не трчам по никакви титули. Не се замарам како тебе. Тебе те храни провоцирањето на другите членови и некаква си ,,популарност" што ја добиваш тука. Се гледа дека му придаваш премногу важност на форумов. Кој тука остаВА младост еве гледај секој ден (кога и да се најавам, едни исти се тука), некој кој никако не го остава форумов, на пример и по неколку добиени банови, ќе сфатеше дека не му е место тука. Петто, ме немаше од поодамна на форумов. Па си коментирав во темите што биле во меѓувреме актуелни, за кои викаш дека е големо чудо што 20 дена не биле активни. Нели за коментирање се отворени? Шесто, што се однесува до темава, немав намера да коментирам ништо, само да номинирам и да гласам без да пишувам јавно. Но бев прозвана и тоа безврска па, кога сум тука, ќе кажам само дека номинирав три членки, без фаворизирање и пристрасност, членки кои покажаа дека вистински вредат и кои ја одбележаа годинава. Верувам дека сите три и ќе бидат во анкетата, но гласовите ќе ги чувам за крај, ако биде тесно, да придонесам за нечија победа/нечиј пораз.
Те нема цел ден на темава, доаѓаш и читаш дека некој го има споменато Мамли за форумџиец на годината.
Реков да те преместат на новата Стрезовска рута што планирав да ви ја градев годинава. За клиентелата да не те збира од снег.
Горе доле сите си знаеме кој за кого ќе гласа...Но морам да признам дека огромно изненадување(разочарување)ми приреди @Petra777
За кого како. Мене кока кола ме освежува. Секој со својот бренд. А и кока кола делува побожиќно, шо ти е маркетинг.
Номинирав.. Морам да признаам, со тешко срце одвоив само 3. Сега сфатив дека има доста квалитетни членови, но за жал, правилата се такви какви што се пс: Можеби сум попасивна, но редовно ве читам и следам ппс: не е толку creepy колку што звучи