да бе да...после мојот пост....се осеќам уште повеќе натажено омаловажено напуштено изгубено и фрлено на улица... два лајка неможам да зберам...џабе сум си ги малтретирал прстите...да пишувам толку голем пост...
не е ич смешно...посебно некој ка плаче на улица..ти треба да му пријдеш...и да му избришеш солзите..а ти ми се смееш... а и плус тоа...секоја година гласам за тебе..а ти сега никаква подршка не ми даваш... Ќе те бојкотирам оваа година....нема глас за тебе ! @simonka93 как да не губам надеж...ка @joy1 не ме подржува у мојта кандидатура.....
потта од чело...ли ти ја стресев ? @simonka93 таман си е...поранешен победник ако не ти даде подршка...друг па ич не ни очекуви да ти даде.. ама уште не е касно...ако се предомисле @joy1 може да ми даде подршка...и после кога ќе ја добијам перачката машина за алишта...ветувам дека заедно ќе си го переме...долниот веш..
А јас па се чудев што е финтата со бел тигар. Јас ќе ги предложев и Мамли и Витали, ама темава е за форумџика (женска). Исто така, знам дека е за другата тема, ама од машките членови кои ме изненадија позитивно во оваа година е заборавениот @Yipman2 кој почна да ме лајкнува, откако еднаш толку свирепо и агресивно ми се закани дека од тогаш ќе почне да работи на секој начин против мене што го препишувам на конзумација на тешки дроги. Не знам дали е празнична еуфорија или ете кршач на митот дека у влада само снобови работеле , не е битно. Како сте, шта радите, има ли женске?
Е добро де и јас сум разочарана во дел од вас у некои работи па сеа што, животот продолжува, нема да ве анализирам кој за кого што. Мое право и јас стојам зад моето напишано. А не пишувам за да му се свиѓа тоа на некого. Ти имаш твои критериуми, јас свои.
Јас сум за тема "Нефорумџија/ка на годината". Со номинации, со се гласање, со се све. Победникот да добие едногодишен бан. До догодина
да бе..сега сте сите За...не сте дремнале дома...дознаејте дека е седиштето на админо...и да одаме да му штрајкуваме пред врата...
Мене @WildMk ми е многу ок али во оваа тема добив впечаток како друга личост да пишува. Какоооооо 23 г. а не 40+ . Ја понесоа номимациите изгледа
Јипмен, the North remembers! Ја изгледа тотална утка направив со овогодинешнава кампања – нити бев активен, нити носев кафиња и локум од врата на врата у „Вашето кафе преку слика“, не ви раскажував научно-фантастични филмови со подобра иднина во „Последен гледан филм и кратка рецензија“, немав предизборни ветувања дека ќе преземам мерки против загадувањето на форумов со PM10 тролови, ниту па дека ќе ги отворам браковите како пупка. Слично на нашево двопартиско општество, така и овде изборот е меѓу две групи – неприкосновеното милфско милје, кое со години наназад го гради проектот „Фемина две илјади и четириеска“ и надежните младинци кои у своето ќоше коваат планови за буткање на режимот. Пошто ја не припаѓам у ниту една од овие групи, нема да си ласкам дека у целава аналогија ја сум Левица – можда Јанко Бачев или евентуално Стојанче Ангелов. Ама, сите ние во нашата бескрајна мудрост дека секој глас за некој што не е од двата главни табори е всушност залудно потрошен глас, па затоа на сите ќе ви ја цитирам мојата омилена предизборна мантра во интернет-сферата – „Nego sitnete odporot!!1“ Останува да видиме у наредниве недели у која насока ќе се движи форумов у 2019-та – дали ќе се продолжи со антиквизациј..., пардон, со милфизација или пак, ќе читаме радосни пароли од типот „Бутнавме режим со маус!“ А јас само ќе ви порачам дека мене можете што сакате да ми правите, можете да пишувате све и свашта за мене, да ме цитирате и тагирате каде сакате, ама феминската жичка да не ми ја чепкате! Let the games begin!