Овде повеќе има изливи на љубов, флертување и бурек јадење, отколку номинирање на фин и културен начин. После викаат јас сум била трол
Држи се и оваа, те номинирав. Фаворит си ми. Па не е тестостеронот вода. А ако победиш, ич да не ти чуе, „Форумџика“ правно, легално, граматички, линвистички и било како, не постои. Се е во главите на феминистките. Се надевам наградата што ќе ја добиеш ќе биде патување во Будимпешта. Поради синусите. Ти стојам на располагање (со сите профили).
Номинирав мои три фаворитки. Е сега ако сите три се на листата која да ја одберам. Едната е мајка борец која не себично си ги искажа емоциите тука на форумот и која се надевам дека оваа 2019 година ќе и донесе успех. Втората е Жена со големо срце која и покрај неубавите работи што и се случиле застана на нозе,и која морам да кажам секој пат ме засмејува со постовите напишани дека треба да се оди на прсти кога маж ти е вратен дома од ноќна смена. И Третата која ми даваше совети и ме бранеше во темата бременост кога сите ме нападнаа,како да сум им влегла во кланот. Можеби некоја ќе се препознае или не.
Ќе има Кукле после 12 овај после три по полноќ Јас и ти ќе гласаме во првите а? Другиве небитни-ќе изедначувале гласови ко и увек на крајот
Мислам ако се согласиш и ти да си идеш од форумот ако победи @Yipman2 одма ќе му го зголемиш бројот на гласови за 300%. Жртвувај се за твојот фаворит. И ние го сакаме @Yipman2. Тебе, од друга страна...
Ова е една од малкуте ствари за кои се слагам со тебе @Bender Rodriguez освежува и зближува Btw кој ме номинираше роденденски и планира денес, имам таман мито за нудење
Кога веќе си на муабетот, ако ти се согласиш да си одиш од форумов па било кој и да победи, има да летаат оргазми насекаде. Тебе не ти сметаат ни бабарада, но корто, ни петко, ни станко. Ти си имаш проблем у главата жено. Не може тебе секој да ти смета а само ти да си у реду, проблемот е у тебе и убаво ќе биде да се оддалечиш од фемина форумот некое време рачунато у години, за да бидеш на некоја терапија и да се рехабилитираш. Можеби кога ќе се вратиш ќе бидеш без таа злоба и негативност во тебе, ама само можеби. Ја уништуваш магијата на декември со твоето просеравање па и на ваква тема, кога нема воопшто потреба од твоите отровни постови.
Срцепарајуче Зошто кој и да победи да си идам? До сега секогаш победување вредни членови. Не знам по која логика пред некоја година за тебе сум гласала само. Арен човек беше
Јас знаев дека си дволична и лицемерна и дека се контраш со пола ако не и две третини форум. Ај тоа да го разберам на теми на кои не се согласуваш со некој ама на ваква тема, која нема врска со никаква дискусија и конкретно прашање, да се инатиш и да фрлаш отрови по секого, да навредуваш и да сееш омраза, како да немаш попаметна работа, е тоа не го разбирам кај тебе. Претходниот пост не го напишав со намера да те расплачам (тебе може да те расплаче само ако некој не ти го прифати сарказмот и остане ненавреден и по твоите милионити обиди). Никогаш не сум се палела на гласови и номинации, оваа година ниту сум била активна за да очекувам било што. Не ми беше тоа муабетот, некако заобиколи околу тоа што сакав да ти го укажам. Можеби и јас искористив иронија кога пишував за номинациите, но не се впуштив да навредувам и да коментирам кој треба да си оди, кој да остане. Ако не се согласуваш со мене цитирај ме, побиј ме со факти, ако не се согласувам со тебе, истото ќе го направам. Се додека не почнеш со вакви ниски, малограѓански навреди. Свесно ја поминуваш границата, криејќи се дека си интересна со тоа и мислиш дека ја наведуваш публиката да ти се придружи во хејтањето на поединци. Жалосно и мизерно е тоа.
Ај бе па сфативме дека втор дом некому е форумов. Ја би гласала за тие со ме мразат и оговараат, чисто малку љубов да пуштам. Ама пак има вредни членови за кои треба да се даде глас, ама полесно е да се ископаат очи Затоа кој ќе ми купи пакетче за тој ќе гласам. Али женски стварно си имате недостаток од интима некогаш...
@Abeja проблем у главата и дека ми треба рехабилитација не се навреди? Те навредив некаде јас тебе? Ниту те имам било кога спомнато ниту навредено. И на чет кога доаѓаше секогаш сме биле во супер односи. Нормално дека нема да се расправам. Ти пристапи со навреди, јас само ќе бидам поголем човек и ќе преќутам. Приказната за одење ако победи некој не ја ни почнав јас, така да И се е во духот на забавата, се шалиме, се смееме... Навистина ми е жал што смислата за хумор сте ја заборавиле во 2017. Се надевам ќе ве дочека во 2019.