Јас вака да си прашам, кај ви се виде @DAngel волку лоша и дрска и не знам што? Јас изгледа пропуштам нешто ама волку негативни работи читам за нејзе, а јас пак баш имам убаво мислење за нејзе и сакам да ја читам. Да ме просвлети некој шо е работава со Ангел.
Недостаток на смисла за хумор. Фала на убавите зборови Не се вртиме во исти теми, ама супер си, борец, силна жена. Пратам јас се колку можам и многу ми значи кога слушнам убаво мислење од некој со кого не сум била во комуникација
И јас се чудам. Не знам навистина што толку им смета девојчево. Ниту навредува, ниту колне, ниту се спушта на ниво на оние кои ја навредуваат. Очигледно, вистината боли.
Се што има на форумот, какви наверди, и слично, и баш овде за Ангел читам како најлоша да е. Ете јас не приметив, а читам и други теми. Не само за Ангел, има и други членови кои се многу ок, ама не им се допадливи на сите па ги плукаат. Јас повеќе ги сакам искрените и оние кои не глумат.