ЗДРАВО НАРОДЕ ГЛАСАНО ЗА ДВЕ ШТО ГИ НОМИНИРАВ СЕ НАЈДОА НА ЛИСТАТА. @Bubce38 ,@galapce ,@WildMk Со среќа девојки.
Фала на сите за гласовите, ми значи навистина. Да ги пуштам змаевиве на терен, да контролираат ситуација и непријателите, а вие драги мои гласачи може да дојдете во штабот на греана ракика, сендвиЈчина со саламче, а за оние кои постат рипче фаќано утринава во водите на Вардар. Бујрум
И јас изненадена дека сум на списокот. Лани си кажав дека доста ми се изборни драми за цел живот, дека многу години по ред сум на листиве и треба да се отстапи место на останатите. Нејсе... Бубче. Најактивна е во 40ката, а јас најчесто ја читам во една од моите теми. Чат пат ја читнувам и низ останатите теми низ форумот. Искрена и отворена, некогаш помислувам дури и премногу. И јас посакувам исполнување на најголемата желба Камелија Интересна за читање, со изграден став кој со упорност и аргументи преку добри дебати знае да го образложи и одбрани. Внимава на речник, не сум ја прочитала да провоцира или навредува... Од мене Дани(јас ) Доста ми беше мене. Стварно нема потреба да ме гласате. Еве, за нареднава година нема ниту бебе ниту чувам позитивен тест за бременост во фиока па као божем леле леле видете, трудна сум(леле пак ли оваа, аман зедете кондоми, и едно превртуавње на очи, знам ) и во фото финиш да ве фаќам на емоции ово оно. Обврските ме спречуваат да учествувам во активни дискусии низ цел форум и ограниченото време го користам малку модерирање, малку кукање колку сум мачна, малку сликичиња лепење низ омилените теми...и то. Летнал денот. Галапче Да ја гласате. Сите сме јунаци на еден или друг начин, сите водиме овакви или онакви битки, сите имаме помали или поголеми тежини кои со себе ги носиме и демони во разни облици со кои мораме да се бориме. Но она се бореше, се избори, со најголемиот. Она ќе рече не требало, ово оно, не била активна....божем ние лек за сида или рак развивавме тука. Да не ја слушате Ловстонед ЈА немам гледано многу низ форумот, мислам дека ја имам приметено кога сум модерирала некои нејзини мислења, но секој на листава се нашол со причина. Луничка И Луничка да ја гласате Жал ми е што приватните и работните обврски ја спречуваат и оддалечуваат од форумов, но она е еден од ликовите кои имаат оставено свој печат и оставиле парче од себе, во вистинска смисла на зборот, на овој форум. Спешалка И она е долго на форумов и повеќе години по ред ја гледам на оваа листа. Со среќа. Даоундемон(леле, кириличнава верзија пишти) Слично како Ловестонед, ретко ја гледам низ форумот, претпоставувам возраста и различните интереси си го прават своето, но доброс е сеќќавам на твоите одлично декорирани оброци во ФИ па сигурна сум во она креативното уметничкото во тебе. Вајлд Кога ќе размислам она исполнува многу критериуми па не ме исненадува што е на листава. Ја имаше насекаде, дебатираше и се обидуваше да долови една поента до пошироката маса на читатели. Јованоти Уште еден член од младинското катче, што ми е мило и се надевам наскоро што повеќе ќе ја читам во темите каде јас сум најактивна.
Јас барам некој друг да ми води кампања, мене не ме бива. :') Како и да е, гласав и јас. Се подумав и гласав. @CameliaMiller @lovestoneddd @Someonespecial се ликови кои ги читам најактивно од сите поставени на листата, па сепак, мојот глас е кај нив. И ви благодарам на сите кои прво ме номинирале, ова е нешто кое најсериозно не го очекував, а член сум одамна. Второ, фала на сите кои ме гласавте до сега и ќе ме гласате од сега, знајте дека не кријам благодарност и дека ми иди убо. Не чини да се крие нешто убо. Трето, фала за сите кои не ме гласале ама помислиле дека сум добар избор. Четврто, фала на мајка ми и татко ми, шо ме напрајле ваква, likeable. Ова можда требаше да оди под еден.
И јас те сакам мор. Гласање или не, не е мерило за сакање. Синоќа ти го видов мислењето, ама немав време да пишам. Цела вечер го сонував пивото Имам две, по нарачка ми се донесени ама не сум ги дала уште. Ако побрзаш може твои да бидат Фала ти многу, т.е. фала ви на сите. Ептен ме разнежнивте вчера. Појма немав дека сум толку сакана
За @Bubce38 оти е како капетан.Има сила и желба сите да ги спаси па за неа ако има среќа арно,ако не,спремна е да гине Ретка личност со незавиен каратктер и чисто срце. @CameliaMiller оти е пример за млад прогресивен ум @WildMk оти е револуција.Ок,повеќе сексуална ама е човек со широк поглед и отворен ум
како што кажав на самиот старт на темава, мои фаворити дека се @galapce @WildMk и уште еден член, но на жалост него го нема, незнам зошто а треба да биде, мислам за @Yipman2 ..и ете така се одвива и се надевам дека така и ке биде Морам само да го искажам моето разочарување што дочекав ете по стари години и машко да ме сторат...е курац ќе ми никне курац .....си знае таа што мисли сосема погрешно
Ги номинирав @lunicka @LejlaD која нема доволно мислења, но според мене заслужува да биде на листава @duffi затоа што уживам додека ја читам Гласав: @Someonespecial @galapce @lunicka Јас само да се заблагодарам на сите кои ме номинирале, не лажам кога викам дека не очекував ни најмалку да се најдам на списоков и ви благодарам од срце. Само, не е лажна скромност, ќе ве замолам сите кои мислите да гласате за мене, тој глас на @lunicka да и' го дадете, бидејќи таа е мојот фаворит и искрено се надевам дека ќе победи
Ги номинирав Сесил, Вајлд и Луничка. Две се на списокот Гласав за Вајлд-затоа што нема тема каде ја нема на форумов, секогаш има мислења, факти, аргументи за се'. Баш е за титула Гласав за Луничка-зошто е борец, и покрај приватните удари во животот секогаш знае да напише работи кои се реални. Не подбуцнува, не се кара, не не замара со приватниот живот- а итекако има причини И Камелија- често ја читам и со сите нејзини мислења се согласувам.од помлада генерација е и има прекрасни размислувања кои се реални за животот
леле кој срам човече за неа, а толку се топореше и надеваше дека мене ќе ме снема од форумов..само да знаеш колку слатко се смеам
немам уште гласано ама и да гласам не кажувам за кој за номинации ми се пројаде бурек зашо сум кажала , а коа е гласањето зашо кажуете а а а ? за поени ??? хееее. или дека Реин ја номинирав па проблем е јбг, некои членки ете не ја гледаат како админ, туку каква што е . п.с. Вајлдке имаш мое поштовање ама из принципа не те гласам да си знаеш
Две од тие што ги номинирав се најдоа на листата. Гласав за: @Someonespecial @lovestoneddd и @theowndemon Сигурна сум дека и другите се квалитетни членки само што не ги среќавам во "моите теми". Да можев за сите ќе дадев по еден глас.