Мене ми е срам да се поjавам на темава. Се бориме сите во животот да. Но тоа не треба да ме направи член на годината на еден форум. А и ме нема низ дискусии, а дека црпев сила и совети и од овде, црпев. Говор немам ни за почеток а камоли за крај . Ми се исуши устата, ке се вратам. Се чувствувам како да фемина по втор пат се групира да бара донор за мојот Ангел.
^ Реков ќе вика не треба. Да не ја слушате. @galapce те чекаме на трпезата. Со даска и сите салтанати
@galapce @lunicka @danichap Мојот избор... Мајки,кралици,жени борци,за мене посебни Знам дека ова е само форум,но вие сте за мене многу повеќе од обични членови. Секоја на различен начин допрела до мене,секоја ја читам во еден здив и со нетрпение го чекам секој нареден пост. Од вас има што да се научи.
Каките да не се заборават. Битен момент од дискусиите После мајка и кралица не читав веќе. Готово. Таа сум, тие сме @Someonespecial се изнасмеав пд сликата.
Тие што ги номинирав и гласав се сите мајки освен Спешлка, ама од сите работи најмалку во очи ми паднало нивното зборење за деца, не читам во мајчински и врска немам што таму пишуваат. Номинирав и гласав според други, немајчински критериуми
Гласав и јас како што е ред .. @Bubce38 супер е на секое поле во еден здив ја читам од неа може човек многу да научи... @lunicka ми е жена на место за која верувам дека некогаш ќе дојдат подобри времиња и нема толку да се мачи @galapce жена,мајка,борец која докажа дека кога станува збор за најмилото е спремна и невозможното да го направи возможно. Нека победи најдобрата Искрено тука во списокот ми фали уште @JuLleE заради нејзината борбеност која ја има...
Не биди толку скромна, ја заслужуваш победата и тоа како Не гласав за тебе, кога е во прашање изборов и посочување најквалитетни форумџики, слаба сум на мојата генерација и на оние што се истакнуваат со либерални ставови (и у доста догледни години мислам ќе бидам ), но не значи дека сум те заборавила. Од почеток те памтам како членка секогаш прво фина и коректна спрема мене, а и општо прекрасна личност. Со цврсти гледишта за кои најчесто се согласувам, општа мудрост од искуство која знаеш да ја изразиш со зборови, на здрав начин прифатлив без разлика на возраст и мислења. Борбата која ја извојувавте со малечкото и нè израдувавте сите, е само круна на твојата личност и храброст која ја покажуваш тука, и е и тоа како big deal
@DAngel ме има рчнато мене, ама не и возвратив мислам. Уште немам гласано. Мојот глас ќе го чувам до самиот крај за да ги поматам сметките!
Ахаааа, не вади се сега, запамтив дека не ме гладаше. Камо да сум толку силна како шти викате. Да прочитам сега кој уште не ме гласел. Кампања дали има... Колку табори има.. Или ке одиме мирно како лани.
Тие што ги номинирав, ги нема. Штета. Ќе гласам во последен миг ако треба некому за еден глас да биде еднакво, чисто да зачинам малку. И така..
Значи почнавме со факање врски. Добро. Јас победив... Брижит е за мене. Изненадена. Изненадена дека Џои ја нема, дека ја нема Џолка исто. Секој пост и вреди. Буквално секој. Јуле исто дека ја нема сум изненадена. Лицемеријата ги нема, со тоа сум најпозитивно изненадена. Така да продолжи. Од пусто шубе, уште за време на номинации кога си прочитав име, сакав да пишам не сакам да сум на листата ама па ме фати срам.. Си викам ај не се бламирај секако нема да бидеш. Од шубе дека нашата битка уствари уште не е готова. Сега нема бегање. Нема битки што се готови. Стравот ќе е тука цел живот. Ама ќе се бориме. Ќе го оженам син на мајка и тек тогаш ќе земам пензија. До тогаш? Падни, стани, падни поседи, стани потрчај, пак седни и се така во борба за што поубави моменти заедно.