Морам да се укрцам. Зашто е Мамли баниран?Чисто информативно, бидејќо бев уверена дека е тролче, безобразно тролче.
Победник на форумот не треба да биде некој што сака секаде да се истакне, да филозофира и глуми дека му тече вишок мозок, да глуми дека е нешто што не е. Самото име на сајтов покажува дека се треба да биде во духот на жената. Ова е женски форум со машки гости. Големината на жената е токму во храброста, борбеноста, искреноста, љубовта, нежноста, некршливоста, стабилноста, амбициозноста. На форумов има многу мајки, сите со свои подеми и падови, но не сите си ја отвориле душата и пресликале дел од себе на форумов. За тоа нема храброст секој. Затоа и гласовите годинава ги заслужуваат @galapce и @danichap . Третиот глас е за @Bubce38 која не ја пратам нон стоп, слабо бев активна на форумов годинава, но од тоа што го имам прочитано од нејзе, увидов толку искреност, нежност, тага до болка, насмевка и солзи во едно и со право ќе ја ставам во групата на идни мајки и тоа на близнаци, дупла среќа, затоа што ги чека долго време а на ангелчињата им требало време да се прегрупираат и наместат во ред за да и пристигнат кога најмалку ќе ги очекува. Ова за номинираните. А за оние кои не се најдоа на листата а имаат иста мечта како и бубче38 им посакувам плодна година и да се гледаме за година две со дечиња едно, близнаци, тројки итн. Вас идни мајки не ви треба ваква форумска листа, вие ќе победите во предизвиците и борбите кои ви ги носи животот и ќе триумфирате на врвот на вашите животни и желбени листи. И на сите Ви посакувам плодна и успешна година. Ете и мене на еден тест на фб ми се падна дека во новата година ме очекува женско, ајде пак го напраив ми се падна машко, после близнаци, па тука стопирав, изгледа само деца имаа, па страв ме фати тројка беше на ред
Јас за @galapce гласав Останатите од листата (од тие коишто ги среќавам низ темиве) ми се тука некаде по квалитет, па не можев да се решам за уште двајца. Штета што @Bender Rodriguez го нема на листата. Можеби периодов малку пишува, ама многу кажува А @galapce дури и да не победи (оти секако е можно во 5 до 12 да донесат гласачи од Пустец ) ќе биде морален победник.
Се угушив од плачење Знам дека ќе звучам и патетично ,и досадно , и дека некои ќе превртуваат очи . Ама многу ме трогна постот на @Abeja Годинава е сосем заслужено @galapce да биде победникот . И ќе биде Ама догодина ќе бидам јас победник. Не на форумот Туку како мајка . Како најмајка Само да сме живи и здрави Одам да се исплакам на раат
Доста плачење. Немав таква намера со постот, напротив, сакав да создадам позитивна атмосфера. Плачењето не ја олеснува само душата туку и го слабее телото, а тебе ти треба цврст дух и цврсто тело за тоа што највеќе го посакуваш. Затоа главата горе и чекори храбро. Релаксирај се, наместо солзи откачи музика, добро мезе, или искочете негде, може и дискотека издувај се наскокај се, после дома секс и така, неколку недели по ред испцуј се што не си до сега, испразни се до нула, за да почнеш одново.
@Bubce38 јавна покана од мене, да пиеме по едно кафе и да ги направиме изборите уште поинтересни. Не си свесна како гушкам, каква сила давам. Таа сила се знае од каде ја црпам и сакам и за тебе дел да има. И тоа уште вечерва . Ако сум мрсна во главата.
Ако не се сликате за во м.к исто како да не се десило . Нежни ќе бидеме со критиките, а за мрсната коса една круна на глава
Ејјјј ќе дојдев . Ама навистина нешто бабето не ми е добро , а маж е дежурен . Ако си утре таМ обавезно ќе дојдеме со него Плус не знам дали знаеш . Јас без него ретко мрдам сама некаде . Поготово па не во темно Се шалам малку . Од утре кажувај кога ти одговара . Идеме у Боко на по една
Само ако изберете за форумџика на годината жена што без мажот во темно не излегува и уште чорапи и гаќи после бањање му спрема. За стрелање ќе сте.
Не знам дали оти не сум трудна, па хормони ми се на место, или те фатила божиќна еуфорија, ама пак си вицкаста .
Јас стално сум само од вашето расположение зависи како ме сфаќате @Bubce38 И грб му трие и нозе му мие.