И јас така викав пред 10год. Продадов и тијара, и круна, се откажав од престолот, дадов и замок, и сѐ. (Смајли шо м'цка пача)
Тууу, како не отворив нова тема. Наслов? Чварки или принцези? Со гласање горе со сФе Ама па, ќе требаше вовед а немсм инспирација ни за едните ни за другите.
Нема тема а да не ставите јадење и да ме изнастрвите. Н Е М А. За чварки eating contest кога сакате, кај сакате
Пршки , чварки ,џимиринки небитно . Битно да се билдаат мислења на темава , да се клика нешто. Што би рекла @Cka Михајло треба некоја пара да направи , како инаку ќе купи подарок за победникот
EWWWWWWWW БЉАК .... пача , одвратно и гадно јадење , лигаво цело никакво... што е следно што ќе кажете дека сакате, подварок , некоја мутирана турлитава... на овие луѓе ни кафе да ми сварат не им верувам.... пача ,бљак. Чварки од друга страна пак.... ммммммммммм Спојлер: Галапица А осетив денеска додека се гушев во маглата, осетив мали вибрации во бубрегот , како повик на дивината нешто , а тешко е да се осети нешто на мртвава магла надвор Трендафилка и донесов титула easy..... Не мораш ни да побараш , сам ќе се турам, да ми пише во CV победи. ПОЧНУВАМЕ!! ЧЕКОР БРОЈ 1 Барај од гласачите и подржувачите , слики од гласањето дека гласале за тебе, знаеш сите сеа ќе кажат абеее ја гласав за тебе ... не иде тоа така.... подароци за тие што имаат докази, на лепи очи нема, избори се ова... ЧЕКОР БРОЈ 2 , ова сега морам бидејќи гледам натака тргнало , игнорирај ги членовите што промовираат пача. Наредните денови за понатака ќе дискутираме. Без разлика дали сакаш или не.
^^ Овој пат избра да си на вистинската страна .... На победничката Конечно и ти да победиш И да не и јадеш веќе душата на @joy1
Ако сте јаделе од Мек Доналдс, Бургер Кинг и сл., сте јаделе 1000 пати погадно од пача Шо му фали на подварок побогу? Инаку пази, може да не знаеш дека некој јаде пача и да ти стави влакно од ноџето на прасето и да пројадеш и ти Така сите почнале
ИНФО! ИНФО! ИНФО! ИНФО! ИНФО! ИНФО! Од вчера до денес изгласале плус 41 член со што излезеноста на гласање е зголемена од 0.21% на 0.24%. Излезеноста денес е многу пониска од просечната излезеност во првите 3 дена од гласањето, кога во просек гласале 80 членови дневно, додека денес имаше само половина од просекот. Ако некој има прашање околу изборите нека повели
Читам читам и се думам шо се чварки. Па се думам шо се пршки. А уствари вие да сте зборале за џимиринки.