Јас и @John Snow Џони гледаме веќе летови од Визаир. Во моментот кога ќе слета на сигурно тло се уклучуваме на Фемина и вистината ќе биде обелоденета.
вчера денес ај ако не да нагаѓаме кој си викал другачки од Пустец, кој има најголем скок ... може место победник титулата ќе ја добие тој шо погодил
Ало ставете ја сликата од пораката. Слободна држава, слободни избори. Како стигна Вајлд до прво место бре? @WildMk Колку сендвичи подели? За мене со стекче.
Wild била втора, а јас па првата мислев е втора милион гласови плус од вчера до денес. Хммммм? Туку шала настрана ако се дели мито по пораки, дај пишете ми и мене де. Да се омрсам и јас
@WildMk Oд тебе ли се oвие зулуми, ги имaш нaтеренo другaрите oд тие секс сaјтoвите нa кoи си дa се зaчленaт и дa глaсaaт зa тебе, нели?
Пораката гласеше нешто овака: "Хај, еве линк и ако можеш да гладаш за првата членка, за нашата Бубче." Не знам зошто членката што ја објави ја избриша. Јас не кажувам дека Бубче знаела за ова, можеби само другарка за другарка се бори.
Сите да ти се служеле со трикови, кецови во ракави, дупли профили само моиве од лгбт лобито поштењаци ке ми изиграваат. Читате ли, како знаете и умете утре во топ3 да ме турнете !!!11111
Не честитам оваа година на никој победа дур официјално не прогласат администратори победа. Бетер од ВМРО некој мести избори тука...сериозно за едно поклонче ли 250 профила праи некој и плус у пораки си барал гласови, за потрошеното време заслужува награда.
И јас, со дијаспорава моја, со празни раце ќе си останам. Леле, сега кога ќе почнат да ги пријавуваат лп. Кој си признае пола му се проштева
Што знам. Јас само ја ублажувам работата. Што некој има интерес освен ако не се блиски. Ма како и да е. Јас налетав на пораката па само ја пренесувам оти не требаше да се брише.
Срам да ви е! Во моиве милион години на форумов, прв пат гледам ваква дрскост.. ОК, технички втор пат, ама не беше исто.. Колку бре ниско може да се спуштите? Интересни сте..ај сега радувајте се )
Сегa ми е мaкa штo не ми текнa и мене пoрaки дa прaќaм -еве ти линк и немoј дa глaсaш зa Бубче и Специ
Забрането е објавување на лични пораки. Администраторите се известени, имаат увид во гласовите, па секако ќе се среди ситуацијата.
Лесно е да се најде кој ги измеша коцките . Јас си дадов податоци и е-маил . Нека се провери . Ниту профил сум правила ,ниту пораки сум праќала . А ако некој е направил 100 профили и од еден од нив пратил на некоја членка демек да гласа за мене и на тој начин да ме избламира епа свака час. Некој ( на кој растат гласовите како луди ) очигледно сака да ме избламира . Ви благодарам 47 нови профили се направени за 4 часа . Ама моите гласови не растеа по еден глас во минута
А да се укинеше сето ова со подароци, чуда? Сериозно трагикомично е да молиш за гласови, да правиш профили за да победиш. Впрочем, за каква победа збориме? Сите се активни, more or less, нормално во темите што им одговараат и кон кои можат да придонесат со некаква дискусија. Ова кулминација на животот е, што ли е? Секоја година е истото всушност. ,,Петко отвори втор профил, Рајне бараше од Смилјанка да гласа за неа". Не ќе умре некој подарок ако не се даде.
Oние штo пoрaки прaќaле дo кoјзнaе кoлку членoви кoи мoжеби пoимa немaaт кaкoв избoр е aмa ќе дaдaт глaс oнaкa oти некoј се пoмaчил пoрaкa дa им прaти?