А бе, скоро на сите номинирани бројот на гласови ни рипаше сомнително многу. После првите 2-3 дена, гласањево стана хаос... Јас приметив за моите гласови пред некој ден, затоа и си кажав одма и се оградив (дури крипи ми беше, сигурна сум дека никој од активните мои поблиски членови не би правеле такви глупости), оти знам со какви сè „пријателчиња“ си имам работа тука и што едвај чекаат. Некој/и си сфатил/е ептен сериозно, или се заиграл/е, не знам што да кажам... Како што за себе гарантирам, така ни за другите девет кандидатки не верувам дека од никоја лично би произлегла ваква незрелост. Мирен си беше изборот досега, воздржете се од обвинувања и кавги, не е интересно навистина Надежно овојпат ќе среди администрација да биде цела листа реална, иако и со ваква ситуација победата си е кај таа што заслужува и е препознатлива за цел форум без разлика на теми и возраст.
Како сега Прес Конференција да одржам? А таман сакав да ги прогласам изборите за најмирни, најфер и најдемократски до сега? И прикладна хаљина имав спремно за последниот прес, и соодветен говор спремено ...
Е*ате малерот. Секогаш, СЕКОГАШ кога нешто сочно се дешава, ја го пропуштам. Мме да не може човек пуканки да касне на раат. Пс. Гласајте за мене
Па не кажаја ништо друго освен то дека некоја пишувала пораки и лобирала да се гласа за една од кандидатите. Шо друго?
Само на ова тема се прави "мутава". Уште малку и да и поверуваме. Лебот е голема жртва, нема квота, брашно немам.
И предминатиот пат таму беше ептен густо. Овде не сум во тек што се случува, да легнам деца па ќе ве читам.
Видиш, ваков избор, каде не ми следува никаква моќ врз форумов, ич е ми прај разлика дали ќе победам или не. Ако имам ингернеции да поставувам правила, тогаш... се поинаку ќе беше
Какво брашно, ако има некој нека ми даде, 100 дупли профили ќе си направам. Бриџо жртва ми отиде лебот, јаглен црн, брашно немам за нов, квота нема,250 ден ми е кг упм, гласам за 1 кг брашно. Ајде понуди ве молам.
Ц ц ц, па и не е толку интересно на темава за леб од 250 ден да изгориш, љубопитен г'з, да не испуштиш нешто. Топол додека е се јади и изгорен, оди јади, ако има нешто интерсено ќе ти пишам по лп, јас ќе дежурам сега.