ПОСЛЕДНИ ИНФОРМАЦИИ ПРЕД ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИКОТ! (се надевам ќе бидат важечки) Moменталната бодовна состојба е оваа До сега имаат изгласно вкупно 517 членови што е 0.46% од вкупниот број членови. Според излезноста по години: 2014 гласале 393 членови 2015 гласале 220 членови 2016 гласале 437 членови 2017 гласале 425 членови оваа година е рекордна во изминативе пет години Споредено со вчерашната состојба имаме промена на местата меѓу второ и трето пласираниот кандидат, додека прво пласираниот си останува на врвот. Топ3 во моментов се 1. galapce 2. WildMK 3. Bubce38 Меѓу прво и второ пласираниот кандидат имаме 35 гласа разлика, односно 21 глас разлика меѓу второ и трето пласираниот. Со среќа на сите кандидати до крајот на изборите. Имате уште неколку часа борба за тронот. Следното обраќање ќе биде од повисоките редови. Од мене толку од официјалните обраќања до вас. Ви благодарам на вниманието и ви посакувам среќни празници.
Абе јас уште кога се видов на листата за гласање ме изеде змијата. Ама ај . Нека биде забавно па на крај краева.
Се гледа дека си икономисткиња. Подредено по години, списоци, а, у, нема лабаво. Уште еден графикон фали, кривата да видиме како се движела низ годините. Лајк, ако сакате да лобираме за Сесил да добие бар едно новогодишно пакетче за вложениот труд. Или две Фемина тефтерчиња. Не си го давај занаетот фор фри.
@galapce можеш да си легнеш и да си дочекаш сабајлето со титула форумџика на годината. И тоа по можност ќе бидеш прва со 300 гласови победа. Неочекувано и преубаво. Спојлер: Тајна Отровна
не ми задавај сеа дополнителна работа дан си ја најдам статистиката па да напишам и стандардната девијација колку е
На 6 години деца да им дадете ваква игра на која треба да одберат некого верувајте подобро ќе „изиграат“. Не ми е смешно ,некако жално ми е ...
Од над 100 000 членови да очекуваш сите примерни да се и ниту еден луд да не се најде кој ќе си истера свое по секоја цена, малку нереално е Наредната година ќе си почнам со време, 20 профили јануари, 20 февруари...да не е сумљиво и да нема кавги на крај.
Јас за @Yipman2 ќе лобирам, за неисцрпната инспирација и хуморот околу изборите, па и она на 8 март секоја година И оти секогаш си е на вистинска страна, а сеа конечно му се исполни кампањата
Јас за некој месец 6 години ќе славам на форумов а ниту еднаш не сум гласала. Епа, ајде ко за прв пат да си го искористам моето гласачко право. @galapce @CameliaMiller @danichap Со оглед на тоа што сум повеќе неактивен него активен член и тоа дека ретко читам а уште поретко и пишувам гласав за три лика коишто сум ги читала и ми оставиле убав впечаток. галапче- покрај тоа што е жена борец, е и до срж реална камелиа- интересна за читање, баш ради фактот што имаме многу слични размислувања, добра-да не речам наивно добра, секогаш достапна за совет, објаснување дани- реална, голем хуманист Епа дечки со среќа.
Јас @Yipman2 уште сега ќе го заследам за на 8 март да ми прати порака. Пошто сега ми е заклучено сандачето и не може да ми пише, а знам дека сака Чекам порака со цвеќе за 3 месеци. JollyGirl те заследи!