Ова е убавината на гласањето, мирно, мирно и на крај збрки. Инаку не е интересно. Ех наивна јас, баш додека читав до некаде коментариве, си викам, Е зошто да е крипи одеднаш да се смени бројот на гласовите, членовите си чекале последен ден за да изненадат, ееее арно амаааа, како читам понатака, има што да видам. Ако навистина некој правел профили за да гласа (што е стварно глупо, затоа што убаво, јасно, читко пишува - не се важат гласовите од новите профили) тогаш, ми се чини, тоа го правеле само за да и го земат местото на @Bubce38 Жено, на некој тука си му идол. Победа јасна и заслужена, честитки за @galapce (иако уште не е официјално де)
^^ Ќути ма и ти . Каков идол,какви бакрачи , какво место да ми земат Се опседнала некоја си ај да не речам што , па пола година го ремети форумов Таман си е исходот од гласањето
Заврши гласањето? Гледам интересно било синоќа @galapce честитки. Сосема заслужено, оти годинава беше твоја.. иако тешка, мачна, неизвесна, иако ве чека борба и понатака, сепак ти си заслужено на врвот. Ти посакувам да излезете победници (иако веќе и победивте) од борбата што ја водите со Алек и продолжи да бидеш силна и истрајна како досега! За сите останати, честитки и за сите вас, сите до една. Без вас форумов немаше да биде она што е, ми се допадна тоа што прилично се раздвижи изминатава година, продолжете така и понатаму. Продолжете да пишувате квалитетни постови и да разгорувате квалитетни дискусии. Ви посакувам уште поисполнета година на приватен и професионален план, да ви се исполни она што ви лежи на срце!
Не знам јас ништо, си играв со поклонот што му го купив на дечко ми за Божиќ Спојлер: Не е ништо безобразно, мајка ми На @galapce да и честитам победа. Заслужена! Би сакала да видам некои официјални информации за кој имал најмногу неважечки гласови. Се сеќавате пред некоја година кога ја тргнаа сноуквин од тронот? Мене ми е мило што галапче победи, ќе ми беше мило и бубче да победеше... Вајлд, хм... Не знам со кој памет толку гласови, ама вие си знаете... Ваљда интересна ви беше. Сите сакаат драми, хм?
@galapce честитки Најголема гушка од цела Фемина до најголемиот борец и најхрабрата мајка Најмногууу здравје ви посакувам, со здравје сè друго ќе се постигне во животот
Не фала, ќе прескокнам Или ја не сфатив шо се деси, или вие уживавте да се ситите во обидот да се наруши нечија чест @Bubce38 @galapce од срце честитки, еве ова нека го означи почетокот на убавите работи што допрва ви следуваат со Алекче
@galapce Честиткии Вчера видов имаше пишано дека си се чувствувала глупо што си била номинирана и луѓето гласале од сожалување и не знам што. Еве лично јас ќе ти кажам зошто гласав за тебе. 1. Секогаш ме поддржуваш и си ја моја страна кога учествувам во судир со спротиставени мислења. 2. Имаме скоро 98% исти размислувања за исти работи, па нормално ќе сакам да те читам или да гласам за тебе. 3. Откако гласам на форумот не си била номинирана, па затоа сега со мерак си гласав за тебе. Ете мила си ми. 4. Знаеме дека имаш приватни проблеми ама сепак не потклекна и не замина од форумов, туку напротив, тука се олеснуваш кога ти е тешко, се смееш за убави вести, се караш ако не се сложуваш, не ти е проблем отворени да кажеш како се чувствуваш. И така продолжи. 5. Не е работата да имаш милион мислења, да воскреснуваш теми заборавени од Бога, туку кога ќе пишеш нешто да знаеш дека си пишала. 6. Да даваа куќа или стан ај да речеш дека од сожалување те гласале, ама за еден таблет немај такви мислења. 7. Во никој случај јас лично не те сожалувам туку ти се восхитувам како форумски лик. Други се за сожалување, а ти НЕ! Ајде со здравје да си се служиш со наградата, не се замарај со глупости, имај убав ден и среќни празници на тебе и дечкото со најубави трепки и очиња