Честитки Галапче, ти посакувам уште поуспешна година на секое поле. Ако има некој што му е криво за тебе, нека си пукне од мака
@galapce мила моја... Ти беше една од трите што ги номинирав и гласав, со полна свест и наспана. Не од сожалување или идолизирање, туку затоа што така треба. За што да те сожалувам?! Па побогу, ти и твоето златно дете со совршени трепки ја грабнавте болеста за м*да и и' се насмеавте во фаца! Срам ми е од сама себе ако за некоја глупост се пожалам дека не можам или дека ми е тешко, се навраќам на твоите постови и собирам сила од нив. Не, не те сожалувам. Се полнам од твојата сила и се гордеам што имам чест да постојам барем виртуелно на некојси форум со ваква личност! Сум те зборувала на луѓе со паднат дух како пример, иако и име не ти знам. Не, ова не е сожалувачка победа. Ова е мало признание за една жена карпа, планина, море цел еден свет!!! Алек има невидена среќа кого го има за пример, и ти имаш невидена среќа од кого црпиш сила. Човечуљак од едно метро има сила колку што сите ние тука стари магариња немаме сите заедно! Не ти честитам победа н некој си избор за форумџика. Ти честитам победа нас слабоста, победа на силата! <3
@galapce ..напротив, мене ми останаа во меморија толку многу квалитетни и мудри постови од тебе.. Не си од вчера на форумов, верувам сите претходно те читале и знаат Можеби не забележуваш но последните постови во мајчински ти се баш храбри, енергични и силни.. Видов нова галапче во тебе Поинаква, променета, посилна и далеку помудра Заслужуваш, ти и он. Двајцата сте победници Дај боже да влезете со здравје и радост во новава од
Искрени честитки @galapce! Ако се сомневаш во заслуженоста на титулата, би рекла само прочитај ги овие прекрасни честитки и постови напишани за тебе и твојата личност и ќе видиш дека на Фемина не е дозволено победување ако некој не заслужува Уживај во убавините, Новата Година веќе е твоја и на твоето семејство
@galapce Честитки. @Bubce38 тебе ти честитам од се срце и ти посакувам годинава нешто вакво. @WildMk И тебе ти честитам прекрасна личност си и секогаш си ме насмеала со постовите,со еден збор оригинална.
@galapce Честито Гушки за најголемиот победник Александар Можеби ја заборавивме Mariangel и она и шефот беа исто така борци и победници оваа година. Посакувам догодина да нема болни деца , туку безгрижно да си растат.Посакувам и сите што се во темите за борба за принови да ни се преселат во мајчински Сите што водат некоја борба да ја победат #немиегајлеотитематанеежелботека
Ни јас не гласав од сожалување. Туку зошто иако не е свесна, Галаба е многу повеќе од само некој кој има проблеми. И покрај проблемите со кои ретко кој има можност да се соочува, не од годинава, од претходно, е паметна, ми се допаѓа како размислува, ми се допаѓа како се однесува. Што се однесува до воскреснати членови и фејк лобирања. Во наредниве два живота нема да ми бидете јасни. Пресериозно сфаќате форумски престиж, да сте најсакани, или најлајкувани или не знам, величани. На крајот, никој нема ништо да заработи овде, освен можеби пријател... ама тоа е. Пари за мислења не даваат. Зборам за оние кои се огорчени што не се доволно "популарни". 1. Не е битно да бидете. Ако ви е битно, ојте средете си го вистинскиот живот. Таму ви се проблемите. Не тука. 2. Можете да бидете свои и да не им се допаѓате на сите, ама бирајте зборови. Светот нема да го натерате да мисли како вас, ама со вреѓање сигурно нема ни да останете на форум. 3. Ако нечие мислење сметате дека е крајно погрешно... мислењето може не чини. Ама не значи дека личноста што го пишала не чини. Затоа, имајте акл, не сте деца, се' може да кажете без никого да навредите. Јас нит читам мамички, нит ме интересираат тие теми, конкретно Бубче па освен во 40ка нигде не ја читам на друго место. Не знам зошто имате потреба некому - во случајов неа, да и' правите глупости, ни еднаш немам приметено некому таа да сака да наштети или било како да навреди. Со ни една од тие што ги номинирав и гласав не се согласувам 100% со се' и секаде. Ама не бидете површни, луѓето не се само рандом мислење на форум. Галаба заслужи победа не само заради ситуацијата во која е, туку затоа што е човечиште огромно, ако не сте знаеле, ете сега знаете.
Традиционално мрчам за победникот, сега моментот ми го одземавте, без улога сум. Зa Гaлaбa не глaсaв декa е прекрaснa личнoст и зa пoстoвите oд пoрaнo Не е пoпрекрaснa oд мнoгу други, или мене дa речеме Акo делевме нaгрaди зa прекрaснoтии, неa немaше дa јa издвoјaм. Буцкaлo е, искрени дa бидеме Амa, кaкo мaјкa кoјa се рaзбoли oд мaкa еднaш кoгa мaлoтo имaше бoлест ни oддaлеку сериoзнa кaкo oнaa нa Алекс и кoгa 10тинa денa едвaј издржaв вo бoлницa и oслaбев и не се бaњaв и тaквимитирaбoти...зaмислувaм кoлку хрaбрoст и издржливoст требa дa гo минувaш тoa сo гoдини и вo пoлoшa ситуaцијa и дa oстaнеш нoрмaлен. Јa бирaм исклучивo зaрaди oвa, некoи кaрaктеристики некoгaш се пoбитни oд -финa, културнa, пoет, дoбaр речник, дoбaр другaр сo сите, уметник. Или -не е кoнфликтнa, ми oди пo г'з Пoздрaв.
Заслужено, честитки @galapce Со победа ја заврши годината, така да си продолжите и во наредната со малото Инаку, и мене сакаа да ме подмитат синоќа Имав лп со големо плисссс
@galapce честитки!!! Знам дека најголема награда е оздравувањето на синот.Ниедна награда,материјална ,не може да се мери со здравјето. Заслужено сосема...