Од моите 3 што си ги номинирам секоја година само една беше активна цела година, и сега ми е тешко да се одлучам за нови две
Како ми минуваат годините се нешто има по прв пат што правам,така и годинава прв пат номинирав,да се смешам во народот де,трите ми се азган жени што би се рекло.
Моите најфаворити ве гласав па продолжете така и понатаму ,@Someonespecial мила ти најмногу ,a @Ketchup најпозитивен машки лик од форумов,@Dream-Girl најдобрата и најубава модераторка
Јас не номинирам оти не знам за кого да се одлучам. Читајќи ве вака, можеби две би номинирала, ама секако се веќе споменати за номинација, па ќе го чекам гласањето и само ќе гласам. Со среќа на сите.
Јас сум со години на форумов, ама за прв пат учествувам во фазава на номинирање(мислам ). Не ми беше тежок изборот, со оглед на тоа што најчесто фмќ го читам, па одбрав три девојки од таму, иако сите ми се мили. Cheers to the upcoming drama
Втор пат мислам дека номинирам. Многу ми е мило дека за тие што ги номинирав минатата година се' уште го имам истото позитивно мислење како и тогаш За годинава си номинирав три девојчици од ФМЌ, затоа што таа е единствената тема на форумов во која нема препукувања и осудување. Има се согласувам и не се согласувам кое се искажува преку лајк или краток коментар. И што е најбитно има емпатија и разбирање Инаку сакав да номинирам и личност која имаше помалку од 500 мислења, ама не можев заради правилото кое според мене нема никаква смисла. Мислам дека не е реален факторот тоа колку мислења имаш за квалитетот на одреден член/ка. Реално може и некој пред еден месец зачленет секој ден да постира во темине за секс или религија и да направи 500 мислења. Ама како и да е. Номинации не кажувам, ама се надевам дека ќе има барем некоја од девојчициве на гласачка листа
Мислам дека знам за која членка збориш, за тиквана Катерина и јас сакав да ја номинирам ама штедела на постовите и нема номинација за неа. Штом доста од вас ги кажаа своите номинации, еве да ги споделам и јас @DAngel @Someonespecial @Purplelilac * Глумите изненадени*