Гарант имам гласови од пустец, нема официјални резултати. Друштво, благодарам од се срце . Подолг говор кога ќе има официјслни резултати, за да не се обрукам... И плус психички да се соземам Брижит помагај за говорот, оти најфобро и најискрено ме опиша од сите. Другите ми прогледаа низ прсти Се.
Имајте уште малце трпение, 98% од гласовите се пребројани, уште тие 2% е малце тешко да се избројат aли ќе биде и тоа у скоро време
Не номинирав никој но гласав за галапче и бубче. Во новата година ви посакувам да ви се исполнат најголемите желби! Честитки за победата галапче!
Пред се', честитки на сите кои се најдовте на листава. Навистина и десет во најтесен круг се малку. Иако е ова виртуелен, форумски свет, сепак е значаен дел од нашиот реален живот и секој еден член на некој начин дал допринос тука и оставил дел од себе. @galapce дефинитивно овојпат ТИ си форумџика која ја одбележа 2018 година, а и титулата е нели за тоа, а не за бројот на постови и збирот на лајкови. Често, најкратките два збора кажуваат повеќе и од рафт книги. ЧЕСТИТКИ
Не номинорав никого но гласав за @Someonespecial @Yowannty и @theowndemon . Честитки за 5то, 6то и 7мо место
Драги форумџики, Само што добив писмо од форумската Прва дама, во кое што ми е дадено полномоштво да го прогласам победникот. Спојлер: Првата дама го испраќа писмото @galapce Ти честитаме на победата. Добитник си на пентахаус во Пехчево и имаш дозвола да управуваш со форумов наместо Михајло во периодот од 01.01.2019 до 01.02.2019 година. Тој не е во можност лично да ти го врачи клучот од пентахаусот ама се радува како мало дете за твојата победа. Спојлер: Реакцијата на Михајло кога виде кој победи @WildMk Втора, втора ама и ти доби награда! Михајло под влијание на Реин, која што редовно те чита, реши и тебе да ти додели подарок. Имаш ваучер од 5000 денари во „Валијант“, кој што важи 1 месец, заклучно со 30 јануари 2019 година. Чекаме слики! Ви благодариме на сите за учеството, ви благодариме за одржување ред за време на изборите. До наредната година.
Уште не прогласиле а, сигурно сакале некој штосен подарок да дадат, ама на пола пат виделе дека е срање и сега 5 за 12 трчаат да земат некој добар подарок. Можеби мислеле да подарат некој џемпер или чорапи и да пишува фемина на нив или нешто такво...Ќе мораше Галапче да пишува , леле колку е убав и штосен, па и таман ми е лелее, фала вииии... Какви бе џемпери , давај тоа лаптопот или таблетот што и да е... Не го давај на Галапче, дај го на некои поквалитетни членови, како на пример Мамли.