Награда заслужуваат и @WildMk и @Bubce38. Сериозно треба да има награда и за второ и трето место. Нека го одврзе кесето Михајло.
Круната утринава пристигна во нашата вила во Ново село. Во име на Михајло, се извинуваме поради доцнењето. Галапче, официјално те прогласуваме за мис на форумот за 2018година. Е сега пошто Михајло нејќеше да даде пари за поголеми дијаманти, ако погледнеш одблиску, ама многу многу блиску, ќе видиш дека има твои иницијали на најголемиот(?) дијамант. А што се тиче желбата за Валијант, кога ќе раководиш со форумов сама ќе си доделиш ваучер Честитки уште еднаш.
Го чекаме Михајло да се пробуди веќе неколку дена. Сигурно уште не знае кој е победникот. Важно е да има кликови и .
Остајте го човекот раат да скија по Швицарска еее без осет па и вие Честитки галапче бацки за херојот
Какво незгодно, јас да бев ќе си напишев неколку работи што би сакала да ги добијам па нив нека им е незгодно ако не ми исполнат ниту една туку ми дадат нешто сосема трето. Напиши си, ич мува да не те лази.
Поздрав форумџии Како сте сега Гледам сте се збрале За наградата да не избега Опуштете се ве молам Недела е денес Утре Нова година Кој ќе остане трезен ? Наградата па наградата Ја спомнувате сите На Михајло му се качивте на глава Посакува да фати сиктер Се трудам еве вака Песничка да напишам една Со цел да ви олеснам И душа да не ве стега @galapce не кажа ништо Ме замисли мене Али сигурна е она Дека наградата ја има до себе Карактеристично е тоа што ако наградата ја снема Голема е веројатноста Дека Дедо Мраз да ја земал. Среќни пранизници. RUN!
И конечно официјално можеме да потврдиме дека @galapce е Форумџика на 2018 година! Ѝ честитаме со верба дека во новата година ќе продолжи да нè радува со позитивни вести за малиот херој Алекс и да допира до нас со инспиративни текстови. Подарокот е смартфон Honor 8X: Ви благодариме на сите кои учествувавте во која било етапа од изборот. Среќни празници! P.S. Како што веројатно и забележавте, гласањето не се одвиваше глатко. Еден член на форумот, кој сега е баниран, се обиде да го манипулира изборот преку лажни новосоздадени профили, распределувајќи невалидни гласови меѓу сите номинирани. Сепак, и по отстранувањето на ваквите гласови, galapce останува на врвот на листата. Обидите за манипулација од ваков тип се апсолутно непожелни.
@Bridget давај говорот. Благодарам Фемина. Со мене бевте и помогнавте за да можам да барам и донор за моето Галапче. Никот малку и не ми прилега на карактерот, но и акаунтот всушност е направен за мојот ангел. Тогаш ја лежев цела бременост во болница, без фб без инстаграм, ја читав како гост само Фемина . Преплашена и несигурна во нашето здравство, се изрегистрирав и нападнав по темите со моите прашања . Сирота @bittersweet она си знае колку само и досагав. Тука беа и девојките од тогашна 40 ка. Е после се породив па паралелно одеа и 40 ката на Луничка и мајчинските теми. Од се срце благодарност и до сите членови. И за гласовите но пред се во подршката за се во изминативе ококу четири години. Фемина слободно можам да кажам е енциклопедија. Понекогаш кога човек се заборава, знае да одземе и повеќе од времето од што треба Давајте круните ајде. Јас сум таа лево.. Да даа, двете круни ми требаат. Јас овде не пибедив сама. Се она што излегува позитивно од мене е само и токму поради него. Една година, две пибеди за него. Доволни се, оваа догодина ќе ја предадеме, а дгугата да му остане еден век. Се најдобро на сите и убави празници.
Ааа конечнооо го одврзаа ќесетоо Честитки уште еднаш Галапче за убаво да си ја користите наградата Ејјј кој е членот шо праел така некoј да каже?? Трудница не смее да седи во неизвестност
и јас сум живо заинтересирана кој е толку безобразен за такви прљави игри на форум да прави..и мислам дека е редно да се обелодени.
Честитки @galapce уште еднаш Само ако не дадеш да ја тУрам круната еднШка Да ми се јавиш од новото И да почастеш нешто . Знаеш ти каде
Заслужено. Презаслужено @galapce . Она мајка, лавица, кралица те опишува во вистинска смисла на зборот. Со својата борба остави длабок печат на само на животот ма најблиските туку и на нашите. Виртуелно, со пишниот збор, преку овој форум. Бевме сведоци на онаа мајчина љубов, упорност и истрајност која поместува планини. На една вистинска борба која наликуваше на Давид и Голијат. На една победа. И не, не мислам на оваа, туку на онаа вистинската, важната. Онаа награда е едно признание од сите нас, едно признавање за сето она што поминавте оваа година, еден виртуелен аплауз . Алекче е јунак и тоа го има од својата мајка. Му го посакувам сето здравје на овој свет а тебе мајче мир и спокојство. Да сте среќни и да се чувате и радувате еден со друг цел живот Да сте ми живи и здрави и двајцата.