Со што се расправате на празници, алал да ви е Убаво вака што докажавте кој се замара најмногу за форумов Јас бев на 5-6 место уште од почеток, и сега на крај сум на 5то. Во скриншотовите на Сесил се гледа дека има по стотина нови гласови на ден кај сите номинирани, и Femina пишала дека банираниот (кој и да е) распределил гласови на сите, ама вие се знае кај кого сте приметиле само Не дека воопшто ме тангираат клевети и обиди за хумор на моја сметка од вас, ама нема да дозволам да се шират глупости. Ниту имам информација кој е баниран за профилите, ниту имам намерно влијание врз некој да ми дава фејк гласови конкретно мене, ниту да лобира за мене. Среќни празници и вам.
Од тоа не ја бива државата, нека му ја мисли некој друг, зошто јас, покриен газ никој не го плука итаканатаму. Кога гледаш дека одговорните не се способни да си ја вршат работата непристрасно и транспарентно треба како поединец да реагираш
Не се лути одма ма, наше е да нагаѓаме се додека надлежните не излезат со комплетен извештај, па они фрлија водичка и не оставија подзинати. А што, демек тебе не те заинтригира ситуацијава!?
Мора некој да глуми искулиран, нељубопитен, над ситуацијава, али скришно демне и рачуна да туѓата љубопитност заврши работа за неа и конечно дознае она што сите ги интересира
Да бе да ќе горам јас. Јок. Доста горев. Знам кој е и што е, сама сконтав, ама да пишам јавно, не би. Зошто? Оти сите знаат а се прават на Тошо. Знаеш и ти ама сакаш и ти сеир да фаќаш.
Е добро де, почитуваме пресумпција на невиност,ама како ќе дојдеме до вистината ако не околишеме. Во секоја лага има пола вистина. А се гледа и ти колку не се замараш со форумов, успеа нетагната да одговориш, дека ич не не читаш у темава. Се спомна Читко, ти беше на листата, си го имате на ти го дај ми го и си почнавме со трачеви, се додека не се докаже спротивното. Среќни празници и тебе срцка не се стресирај одма.
Форумскиот народ заслужува да ја дознае вистината, да имавте малце морал во вас ќе кажевте све, плус што ви можат, ќе ви дадат банче од 1 ден?, пфффф..... НИКОЈ НИШТО НЕ ТИ МОЖЕЕЕ ...... (стави име на членот што ќе обелодени доказите)
Има и други што знаат. Не изјави само Јулето дека знае.. Може и друг да каже... Во моментов на ниво на Асанж или Сноуден е тој што ќе биде 'свиркачот' Мораме прво да најдеме земја која ќе го прими, заштити и нема да го екстрахира на форумов, оти ќе го заколат некои
Ма и за сеир е, да не глумиме сеа Еве кажете ми мене по лп па јас ќе пренесам јавно, ако на вас ви е срам.