Еве ме. На жалост најголемиот дел од годината го преспав, чат пат лепев сликички, поретко пишував и не следев најнај. Па може секаде не е се баш 100% како реалноста, само мој груб впечаток. Првен да кажам дека @duffi ми фали на листава. На знам тоа кој какво лоби имал, кој за кого гласал...ама фали. @NarCis@ Нарцисо и ти ја преспа годинава. Фалиш ама сама си крива, где си ти сето ова време. Сериозно сега. Мило ќе ми беше да ти го видев името. @Kaetana една од неколкуте кои неуморно советуваа низ повеќе теми од форумов. Ќе ми беше мило и твоето име да го видев. Тоа ми беа желбите. Листата е подолга, ама да не тупам. @Alishan30 првово место на листава те личи. Сериозно. Низ повеќе теми на форумов активна низ цела година. Секогаш одмерена, активна низ дискусии, кога и да ја тагнеле за прашање и совет одговарала на членките... @Annath е од старата гарда, една од оние 20-30 кои од старт шараат низ форумов и се дел од неговиот крвоток. Кога и да го видам нејзиното име тука, денес, пред 5 г и после 5, пак ќе биде заслужно. Е за третиот глас се уште не сум решила. @Bubce38 најактивна во две катчиња, каде едното несебично споделува искуства и совети, читам и надвор од него, во реалноста, им се нашла на многу жени. Другото бош муабети, не толку влијателно за ``титулава`` ама си го пијат виртуелното кафето секој ден, важно сис е дружат. Низ други теми многу не сум ја видела. @Dream girl ме асоцира годинава на нејзиниот прием на посакуваниот факултет. И беше најголема желба и стварно ми е мило што се исполни. Се надевам после некоја година, слично како првите две од листата, сеуште ќе биде тука и несебично ќе дели совети и искуства/знаења и ќе биде активна и низ другите теми. НА жалост кај младите воопшто не читав годинава. @KateKane сега видов дека не е катекате. Упорно пробувам да тагирам, не сака. Ќе пукнам од срамови, ама морам да кажам дека прв пат ја сретнувам. Ама не ми замерујте, и ЛејдиФеникс пред некоја година тука прв пат ја сретнав па после видов колку е прекрасна и колку вреди. Не за друго во проценката на @Doozy верувам. Ама до мене е. Не бев толку активна изминатава година а како што кажав и кај младите воопшто не читав(ова претпоставувам дека таму е активна). @Lianna Anna е мала загатка на мене, но на позитивен начин. Начинот на кој ги формулира тесктовите, да бидат општо допадливи, иако кажала уствари едно исто со другиот, она ќе наиде на одобрување дури од две спротивни страни, а овој другиот ќе прими сите удари. Ама талент е и тоа, дел вроден дел иде со годините и искуството. Интелигентна, одмерена, активна низ многу теми, издржани дискусии... @0ли (едвај те тагнав со нулава на почеток). И те како морален победник во едно катче од форумов. На жалост не сум ја видела низ остатокот од форумот. @prominent имам сретнато некои дискусии низ форумот кои ми оставиле позитивен впечаток. Како што и предходно кажав, претпоставувам најголема активност во едно катче кое јас не го следам па мојот впечаток не е комплетен. @theowndemon повторно ќе бидам пристрасна и со ограничени ресурси во однос на активноста бидејќи не сме се сретнувале по темите. ШТо не е и страшно...само мој впечаток и мое гледање, што е голема веројатноста да е дијаметрално спротивно со некој кој има сосема други интереси и секојдневие. @WildMk внесе еден бран на промени, море цело торнадо, во форумот. Мора да признаам дека си е достојна на своите гледиште и придонесува во развивање на дискусиите. ЈА има низ цел форум, активна е.. За сега толку. КАфе да пијам додека спие детево. Пак ќе се вратам
Не ме читај бе Лавстоунд. Не знам шо да ти речам друго, освен да не ме читаш штом не ти се свиѓа што пишувам. Да си го моделирам моето пишување спрема очекувањата на други, немам намера. Така што, можеш да си го примениш тоа што го пишав погоре и да не си се замараш понатака.
Добро, ама свесна си дека е апла приметно дека упатуваш порака, дури и оние кои не знаат што е работата, контаат и го осеќаат твојот вајб ? Очекував подобро од тебе, штета. да не спамаме,зз.
И јас мислам дека Лиана е најзрела за победа годинава, секако, ако не сме пристрасни. И фала богу ја има во сите теми без некој да и рече дека е сезнајка или ждм.. Уше за 2 да се одлучам м фали
Гласав за @Bubce38 , @Alishan30 и @WildMk .... Причини...Бубче и Алишан зашто се жени со големо и душа. Дивава,зашто ја има на секоја тема чинам,и зашто за жена има храброст Спојлер: * (да не речам муда) како за маж. Да можев ќе гласав за @Annath (пак) и за @Dream-Girl ... Ме фали @CameliaMiller на листава... Криво ми е што немам повеќе време за форумов,си дремам во 40-ка,другиве кандидатки буквално ми се непознати. А да прашам дали круните се наследуваат или секоја си има посебна,да и ја дува прашината одвреме навреме. Со среќа на сите,и нека биде спортски.
Барем еден машки член да имаше на листава( читај јас) да ја разбие монотонијата Али како и да е, две од трите ми се најдоа на листата Е сеа третиот глас се мислам на која да го дадам, ај ќе почекам до последно може пак ќе штимаат у задњи час па да учествувам и јас
Да не ми отвораше очите ќе бев во информативен молк. Не па некоја од другачкиве да ми каже Година помина од лани, еден памет за што попрво
^Темпирајте го крај на декември да му е терминот, за одма кога ќе се породите, тука да пишете за тоа. Проверено е веќе, 100% ќе победите.
Јас имав желба да гласам за @prominent, @WildMk, @theowndemon, @Lianna Anna. За жал годинава ќе морам да не гласам за Лиана водејќи се според тоа што не сум ја сретнувала толку често низ темите како порано. Ако не се лажам прочитав дека годинава се фокусирала повеќе на мајчинските теми, па затоа следната година кога ќе се дефокусира ќе ја гласам пак. Од останатите @Annath @Dream-Girl и @KateKane ми имаат оставено позитивен впечаток. Да беа поактивни надвор од катчињата дефинитивно ќе имав потешка одлука. Другите не ги знам.
Шо 4-ка? Нели гледаш дека мајќите не 'проаѓаат' баш? Анџ'к само три од номинираниве се мајќи. И една на пат Пробај да се подмладеш ти догодина
Од моите предложени ни една нема,криво ми е. @Annath Нормално дека од тука ми е фаворит,секогаш тука за мислење и совет. За останатите две ќе размислам,повеќето ми се непознати,по моја вина,се разбира.
Јас не планирав да номинирам бидејќи годинава не бев толку активен, ама се предомислив. Од трите членки што ги номинирав, само @theowndemon е на листата, @KateKane ми беше четврта опција и мило ми е што се најде на листава. Како и да е, два гласа одат за нив, третиот зависи ако две се со мала разлика при крајот, за таа што мислам дека повеќе заслужува да ја понесе титулата.