Јас друга кампања терав на работа, ама нече среча поштеног човека А и имам јас доста фурни леб за јадење за да бидам номинирана. Но сепак многу ми е мило што имаш такво мислење за мене
@prominent го доби мојот глас. Единствена на листата која се издвојуваше годинава со убави постови. Искрено очекував и @cresa-jagoda да се најде пошто имаше многу номинации
Номинирав три, гласав зa една. Членка која сметам дека е најзаслужна за победа. Која има силни аргументи и цврст став. Отворена тема за добротворни цели, дава најреални совети, коментира во најразлични и тренд теми во врска со моменталните случувањата кај нас. Не џаболебари/оговара и не си го раскажува постојано работниот ден во две теми. Користи јасни и разбирливи термини за секој, не глуми интелектуалец на годината. Сака да помага на секој и секогаш е најгласна за секоја неправда која се случува во нашава ни држава. За мене ова се карактеристики за вистинска форумџика на годината. Со среќа на сите номинираните!
ОК е водството засега, ако е тоа изборот на 40-ка за победничка, мене ми се допаѓа. Ќе гласам за таа членка, + двете од петте што ги спомнав во првиот пост.
Тапа листа, но нека ви е со среќа друштво. Да не ми се најдоа Ана и Димн на листата немаше воопшто да гласам. И не може а да не забележам, but who the fuck is 0ли anyway? Оли ништо лично, ама ти си како оние фантомски лепотици со црн шешир, очила и капут кои како spy операнди влегуваат преку врски кај тетка шалтеруша. Да не грешам, но ти не си квалитетен и достоен член за да се најдеш меѓу номинираните. За крај - Заслужија да се најдат на листата - @Rama @Gosh @Herrera @x.Daisy.x @Purplelilac @MarigoldA @zhap4e @Doozy и некои други, кои не дојдоа на ред за жал. Одлични, приземни, (често хумористични), но и конзистентни размислувања. Ама форумов очигледно не бара нешто такво, туку тралала лицемери со илјада и едно лице.
Со ризик да звучам ептен cheesy, искрено, најискрено не очекував да се најдам во топ 10 на форумот. Не ми е ни битно баш како ќе се одвива гласањето, се чувствувам како победник. Многу, многу ми е мило што моите мислења оставиле некаков белег на форумов изминатава година. Пред се' зашто читам дека сум ве исполнувала со позитивни вибрации и енергија Што е малку чудно зашто себе не се доживувам за таква личност Очигледно мојата перцепција за самата себе била малку искривена Како и да е... На листава има мои фаворити за кои секако, гласав. Има и некои што сметам дека заслужуваа да се таму. Ќе го оставам тоа во тајност. Само се надевам дека нема да има многу препукувања во темава. Малку веројатно, но можно. Иако, како што спомна @referentka, најверојатно кон крајот ќе биде пожестоко
Стварно, ќе може ли @0ли барем да шкртне некој ред да ни се претстави на нас... помалку запознаените (што младоста си ја остаивме низ повеќето категории на форумов), кои буквално првпат ѝ го прочитавме никот денес? Прием?
@0ли е океј членка, јас ја имам читано во темите за бременост. Веројатно не ги читате тие подфоруми затоа не ви е позната, претпоставувам дека е дел од листата зошто неодамна после долга борба за да остане бремена, успеа, па на многумина им оставила впечаток поради истото. Иако би сакала и јас да ја читам повеќе и низ други подфоруми и теми, а не само таму..
Не ја знам @Оли ( не можам ни да ја тагнам) , не ја знам @prominent ... Веројатно и двете се ок личности, секоја во својата сфера на интерес... Повеќето се ок, за локални избори. За на државно ниво, тешка работа. Што не значи дека нема да избереме мис
Ако се водиме според оваа логика, тогаш во иста мера заслужуваат да се најдат на листата членови кои добиле признание во кариерата. Членови кои после исцрпна борба преживеале некаков губиток, несреќа, подем или пак успех. Членови кои магистрирале/докторирале, или воопшто членови кои се борци со било какви егзистенцијални прашања. Ама факторот репродукција е најважен, we get it. Наравоучение - Останете бремени за да ве номинираат.
А каде е тоа правило дека во листата треба да се најдат членови што пишуваат насекаде? Тој може да е нечиј критериум, но не е сечиј. Мојот критериум е член кој несебично се дава тука и помага секому, без разлика дали е стар или нов член или дали веќе одговорила на исто прашање претходно. Затоа ја номинирав и гласав. Друг член не го исполнува тој мој критериум, и сега шо прајме шо листата не чини? Вештачко оплодување и сличните теми се значаен дел од форумов. Многу нови членови се привлечени токму од тие теми. Што да ви кажам, извинете што номинирав некој што не пишува во ќошето? И не знам што и' се обраќате директно со - не си квалитетен член? Ко сама да се ставила на листата. Во темите кај што читам, таа е хајлајтот. Таму кај што читате вие, други се хајлајт. Ако барате членови што пишувале насекаде а не сте ја забележале, значи не читате насекаде. Тоа можеби треба да е критериум за да може да номинирате. Дајте бе луѓе, претеравте. Кој кого сака номинира, кој за кого сака гласа.