Со ова морам да се согласам. Самите не се ставиле на листата, некој ги номинирал и ги гласа. Затоа можеби и треба да се воздржиме од толку остри анализи, тоа што се на листата не значи дека е дозволено се и сешто да се коментира за нив. А и зошто да не си го задржиме позитивниот дух, сепак е ова избор од забавен карактер.
Мех, камо среќа да умеев да бидам зла. Бар една година од овие десет ќе бев номинирана за потенцијален победник.
Нема универзален критериум за бирање победник. Но, не е јасно како некој кој не е ниту виден ниту чуен надвор од мистичната под категорија - бременост доспеал на листа за гласање. Кој воопшто ја номинирал? Мајките? Луѓе овде родители изгубија, докторираа, станаа експерти во областа на својата професија, извојуваа битки со ракот, ама сето тоа е "мех" во споредба со the new mommy. Забавен карактер? Ептен е забавно. Недостасува уште елка да накитиме и ги повикаме мамичките околу да ни остават подароци, симболично во духот на празниците. А за крај Оли да не поздрави со видео обраќање од далечната Малта со трогателен говор за тоа како се извинува бидејки не сакала да се најде на листава.
Очигледно ја номинирале, ете објасни и Ливинг погоре. Мислам, нема поента да се мрчи зашто некој го има на листата само зашто не сме го читале. Некој го читал кај што пишувал и решил така да го даде својот глас. И сега зошто таа членка да чита за себе дека била неквалитетна? Која е поентата? Некој стои позади тој ник и сигурно не му е убаво да чита такви зборови, со ништо заслужени. Затоа, пак ќе кажам, некогаш треба и некое мислење за себе да си задржиме.
Извини Реин што мислев дека имаме право да дадеме мислење дали според нас одреден член е достоен за номинација. Изгледа форумската демократија функционира само написмено, во пракса не баш. Ако мене Оли не ми се допаѓа, имам право да искритикувам и дадам образложение зошто мислам така. Никаде не ја навредив, единствено дадов реална и критичка мисла зошто сметам дека не треба да биде дел од листата.
Извини ама, можеш да пишеш дека не ја знаеш и не си ја читала, па не ти е јасно како се нашла на листата. Ама неквалитетен и недостоен член? Малку претерано и сосема непотребно. Зашто не си ја ни читала, па не ни можеш да кажеш каков член е. Ако пишува само на одредено место каде што и е интересот не значи дека е таква.
Сите изгубиле близок, докторирале, родиле, се запишале на факс, пребродиле тешка болест.. но не секој зборува на форумов за тоа. И баш според мое мислење тоа не е критериум за форумџика на годината која секојдневно не масирала и силувала со такви мислења. Форумот е од забавен карактер и релано не секој сака да ви ги читаа жалопојките.
Во што се состои квалитетот на нејзините мислиња? Во победата над патријархатот и остварувањето во улогата на мајка? Објективно други попаметни мислења никаде нема од неа.
Oh, boy. Ќе застанам тука, да не ја правиме каша-попара темава, ќе ве потсетам за последен пат дека членките не се ставени на тапет, па да се служите со секакви зборови, туку се на листа на форумџики кои другите членки ги номинирале и гласале.
Девојките таму се советуваат, споделуваат искуства, разменуваат информации....и те како е битна тема и битни разговори. За некој најбитно и најважно во цело катче штом си е номинирана. Не мора на сите да им е, но била на доволен број за да се најде таму. Не може сите другачки да ни се или сите со кои сме на иста бранова должина.
А јас повторно ќе ти кажам дека не ја навредив. Демократски и човечки е да се каже ако некој не ти се допаѓа без употреба на пцовки или "strong" language. Зошто внимавај, едно е да се каже номинирав зошто мене лично ми се допаѓа, а сосем друго е да се тврди дека имала квалитетни мислења. Не се лути, но и сама можеш да го увидиш тоа низ опцијата ,,пребарувај". Терајте, како и да е. Да не бидам злочката што прави беспотребен хаос. Забавувајте се.
Не знам еве, ако низ минатите години сум труела во изборите зошто некој не треба да биде на листа, шејм он ми. Ама мислам дека не сум го правела тоа. Жими се', не знаев дека треба да прашам некого кого да номинирам и да гласам. Не знаев дека после треба да си го оправдувам изборот пред стручна комисија.