До некаде Нигредо е во право. Ама проблемот е што се фати за Оли која не се разликува воопшто од Вајлд и Бубче,и тие пишуваат само во одредени категории. Еве за мене критериум за форумџика е да биде со квалитетни постови во повеќе категории,од спорт,мода до политика,ама секој се води по сопствен критериум. Некој гласа за другар,некој за форумџика.
И начинот на изразување за мене исто така е битен. @LivingGlam @Lianna Anna @Nausicaa @Doozy се репер за изразување. Не напикано све живо и диво у една реченица туку да ти е мерак да ги читаш.
Вајлд не пишува во сите категории? Дефинитивно не си ја читала доволно. Те уверувам дека ако постои член кој секаде го има низ форумот, тоа е Вајлдка. За Бубче не знам, но уверена сум дека не пишувала само во 40 + или категорија бременост.
Шознам мене па @WildMk ми е многу сестрана. А отворам тема или има коментирано или ќе коментира тогаш. --- Знам дека пишав за кои ликови гласав ама осеќам дека треба да кажам и зошто. Од избирачката листа ги имам сретнато сите, сем една ( ) ама зошто не ни се споиле патишта не значи дека е неквалитетен член. И за сите имам просечно до високо мислење шо се веќе на листата. Не е ова некоја перфектна листа ама е доволно добра. Член кој го гласав, а не е сестран би била @prominent ама зошто ја гласав баш неа од цела ова листа е дека кога ја читам среќна сум бе. За мене член кој вреди би бил член кој толку лесно ќе успеј да ми дај некој спокој. И можда ја нема сегде и можда дел од вас не ја познаваат ама мене ми е еден од трите гласови. За @KateKane мислам дека нема потреба да расправам зошто. Побогу, кампањата му ја водам. Кејти ми е пример за сестран човек. Можеби не секогаш ја има, ама кога ја има знајш дека е нешто квалитетно. Некогаш и со доза на хумор. Ама, кога треба сериозно - сериозно е. И зато во мои очи, Кејти е победникот. Онака апсолутниот победник. И Кејти, ветувам ова е последна ознака од мене за денес, те отеков. И уште @Annath реков ја гласав. Се ко да памтам дека и друг пат ја имам гласано ама барем во честитките за најфорумџивки пробвам да не ја изоставам зошто ми зрачи за многу силна жена, образована, праведна и ја среќавам многу наоколу. Знам дека има победено, ама мислам дека и годинава заслужи да ја гласам баш неа, иако обично имам некој „принцип“ каде ако некој има победено не би го гласала за да има некој друг шанса. Ама Анат мислам дека е од оние ликови кои ете, без проблем би ги гласала пак зошто онака заслужува. Да можев да гласам барем за уште еден лик ќе гласав за @Lianna Anna или @WildMk првата зошто е издражана, секогаш знај реченици да вклопи на начин шо убо ќе го објасни нештото, па макар и да не се согласиш, целосно го разбираш нејзиното гледиште. Да ти е ќеф да читаш. Втората зошто ја има буквално сегде и ми се чини и пилињата знаат која е и то е многу добра и интересна одлика. Некоја следна прилика.
Пишувам ма јас и у темите за секс, кај јадењата пишам, во врските со оженет Има ме и на други места освен 40-ка и бременост. Е сега, обично пишувам на дијалект и стилот на изразување не ми е на завидно ниво, ама јбг. Толку ми е школото
Па сум ја читала ама немам таков впечаток. Освен теми на категорија секс и прославената нејзината лична отворен брак, нема оставено белег на други теми,ако не ги земеме в предвид почетокот кога пишуваше на сите теми. Што знам мене не ме импресионира изнесување приватност на форум. Исто ко Оли, има пишувано на тема вештачко и таа категорија,па затоа за неа се фативте,од причини што не ве интересира таа тематика. А всушност е исто. Бубче е другар на повеќе од пола форум и ја сакаат,затоа ја гласаат,А реално нема многу мислења во други категории. Да се навратам за кого гласав. Гласав @Alishan30 @Dream-Girl ,@theowndemon Алишан затоа што сакам да ја читам ја има во повеќе категории,исто и другите две членки,Дрим е многу воспитано,културно девојче,грам злоба нема во неа,а кај theowndemon ме импресионира креативноста,ценам креативен ум. @Lianna Anna и @KateKane ми се исто одлични но малку пократки постови да пишуваат би биле топ на форумов.
Валјд ако не пишува, не знам кој пишува. Еве стварно не знам. Е да, обично тотално различни ставови имате. И во мода не пишува, и што јадела за доручек не пишува (барем не во соодветните теми) На момент помислив дека сум за пензија, како се деси Кате да е машко, ја цело време ја мислам женско. Ама па ко МУ ја водиш кампањата. Слабо кампањата иначе, ни пенкалце, ни маица видов ПС. Дедо мраз постои, ама само за умните деца
Вајлд има напишано 11.000 мислења за година ипол. Не би рекла дека Не пишува А и бројот ба мислења не се некој репер за да се 'види' ставот на одреден член. Пр @mareane нема ни 500 мислења , а се има изјаснето на секоја можна тема. П.с Не сум другарка со пола форум. Најмногу со 5-6 да се познавам лично
Ние ваму долу не гледаме пол, една па исто ни е. Обично вака кога пишам релаксирано не пробвам да пратам некои особени правила па не си прва да се побуни за „му“. Ќе пробвам некогаш во иднина да го заменвам соодветно да не си давам за право да масирам цел форум со моето пишење. За денес само ја фалам, од утре ќе пуштам пенкалца, задутре маички, после то тетратчиња. Секој ден по нешто да не речат форсирам од ден 1.
Вајлд не е прославена само во тема отворен брак, туку и во теми кои се однесуваат на анксиозност, депресија, љубовни проблеми и совети, како и ќошиња каде дружи со младите и постарите. Неа ја знаеме по многу обележја, како друштвена и интригантна (за некој на позитивен, за друг на негативен начин). Тоа што оставила печат најмногу во катчето "секс" не значи дека единствено тоа и е поле на интерес. Бубче е народен човек, добра домакинка, претставник на својата генерација и не гледам ништо спорно да е номинирана и победи ако мнозината одбрале така. Бар не фура лажен позитивизам и нема "дупла персона" за разлика од многу форумски фантоми чиј ник е прв пат здогледан на листата.
Бројот на напишани мислења значи дека или имаш премногу време или си трол. И не значи ништо. Еве на пр.што те разликува тебе од Оли која ја распнаа овде? Ти можеш на листа,таа не. Зошто?!
Одор, ти треба одмор. Под итно! Да те земам со мене на Тенерифе? Ама умна да бидеш- побрзо мисли, поспоро пиши. Трактат за насловна на споменар- @WildMk, ела да видиш писанија за живот и дело. Нит гледам дали е некој мајка, нит дали е заљубена, нит дали е домаќинка. Ниту дали едначи по звучност кога пишува. Вистина нема правила за номинации, ама лично сакам да читам издржани постови од информирани, воспитани и љубезни луѓе. На било која тема- секаде се добредојдени. Се наоѓа и по некој таков пишувач на листата, ќе видиме како ќе поминат.