Така ли? Бендер е со кафињата нели? Го читав на почетокот кога се зачленив. И мн ме бендисуваше тој лик
Контрадикторна си. Зошто Оли била номинирана? Пишувала во една категорија, била неквалитетна, бла, бла, бла... А во истиов пост ја спомнуваш Херера која исто така пишува воглавно во една категорија? Логикава ти е Тоа што еднава ја знаеш, а другава не, не значи дека истата е поквалитетна од другата... Мене и Херера и Оли ми се квалитетни членки секоја на свој начин и уживам да ги читам. Прошетај малку низ Вештачко, читни мислења од Оли па ќе видиш зошто ја номинирале и каков член е. И не, не е само обична мајка, не верувам дека некој ја номинирал оти останала бремена, туку заради поддршката и советите кои безрезервно ги дава изминативе години, борејќи се со сите останати во таа категорија за да стане "обична" мајка
Зошто секоја год мора некоја да плаче не ми е јасно.. На листа е зашто е изгласана од членки. Диал вит ит.
Реков дека нема да пишувам на тема 0ли, но овој пат ќе направам исклучок. Кога некој ме влече за јазик и упорно прозива за нешто што со сигурност знам дека е точно, ќе дадам одговор преку споредба. Со таа цел решив да одвојам уште малку време и поставам две фотографии, од кои јасно се гледа дека не само што нема контрадикција во мојот пост, туку и дека дотичната 0ли нема ниту десет мислења надвор од категорија бременост, за разлика од Херера која коментира во различни категории/теми, и бонус - е забавна и квалитетна со свои хумористични досетки. Како резултат на тоа првава повеќето ја знаат, а вторава сите кои не ја читаат категорија бременост се буквално вакви: Патријархату, вечен да си. Само мајки родилки кои eдвај се избориле за потомство треба да воздигнуваме со восхит, а останатите животни борци за леб - мотика. Спојлер Спојлер
Jas javno si kazuvam oti glasav za wild.mk zenata komentira na mnogu temi I mi se dopagaat nejzinite postovi
Треба да одам да проверам во темине за диети, рецепти и музика дали и таму патријархатот е тема на муабет.
За Валјд гласав од проста причина што другиве не ги знаам, можеби KateKane, но Wild ми е најинтересна.
Баш ме интересира дали и кога гласате за пратеничка листа ги знаете сите членови од неа и така детално ги анализирате како што овде го правите тоа??? Од моите номинирани само @Alishan30 ја има, другите 2 гласа ги дадов за @Dream-Girl и @Bubce38 . @Annath исто ми е фејв ама само затоа што веќе има победено не ја гласав.
@0ли мила веројатно не ти е пријатно да ги читаш босиве муабети за работа за која верувам ти е скроз небитна и не е по твоја желба да се најдеш во топ десет на фемина форум. Претпоставувам хормоните ти лудуваат и сите овие зборови ти се зачин врз состојбата во која си. Верувај дека има доволно луѓе кои го ценат она што ти го правиш на овој форум, многу повеќе од фациве ху де фак ис оли. Впрочем затоа и си ти на оваа листа, а не они. Само продолжи да го правиш тоа што го правиш затоа и служат форумите. Другите два гласа идат кај Бубче и Лиана.
Бубче, Алишан и Вајлд. И Бубче уште сега се гледа колку многу е напред во гласвои. Гоу Верооо. Иако сите три кокони не ме пишаа у форумџика која е ваква, таква, онаква... пишете ме сеа у лута.
Знаеш дека и треба да бидеш лута. Годинава скроз те заборавив Барем во најмодерните да те ставев требаше. Ај ќе се шлепам со тоа што онаму на два пати кажав оти си дефинитивно најубавата жена од форумов А и лани те имав номинирано , иако не те 'познавав' #неотисегасезнаеме# Ама другачки, нели
Уште на почеток станало жешкоо. Па до 28 ми шо ќе правете . Арно кажа жабата @zhap4e, форумот некогаш и сега, не е ист. Затоа и ваква е листата. И мене може не ми е по ќееф, пукнав за @Bridget да ја има . И сеа ќе чекам @Bubce38 да ми прате слатко од смокви и ајвер за да ја гласам. Бубо и един килограм ориз ако имаш од вреќата
Нема веќе ништо!! Ни гласови сакам ни ајвари давам. Те ви лоЈзе те ви гроЈзе. Шо мер ќе се нервирам јас , на патО сум најдена. Ајт Ојси кај Бриџитка
Јас не би се задлабочувала толку во правец на муабети за патријархат, ама да, и според мене не може да не е во најмала рака чудно на ваква листа да се најде некој што голем број активни членови не го ни знаат. Ништо против жената, тотално амбивалентна сум кон неа оти ко што реков воопшто не ја познавам, секое добро би ѝ посакала за остварената желба за дете како и на секој друг, но како што вчера ѝ кажаа на друга членка - тоа за некои од нас не е критериум за на избориве. И секој има право тоа искрено да го искоментира. Инаку, ако збориме за посебна категорија морален победник годинава според лични борби и покажана инспиративна сила, не ми текнува на некој повпечатлив што повеќе заслужува признание од @Д.Чобанова. Освен тоа што ни е единствена членка од друга држава со толку чиста љубов кон нашата култура, што е генерално премила личност и сѐ тоа... девојките од ФМЌ ќе знаат за што зборувам и што преживеа. Останав без зборови кога ти ја видов сликата, па сега ќе ти посакам само здравје и среќа во новата година, да останеш така силна личност и понатаму