Искрено и за мене @0ли после ова е победник у изборот. Си се вклучила, си пишувала сабајле по други теми и не паднала на ниво тука да пишува и да ви се објаснува, баш како што доликува на членка што би требало да е форумџика на годината. Може баш ова е причина зошто и е баш тука на листата, луѓето препознале нешто што ретко кој го поседува на форумов.
Јас не знам што ви е чудно за Оли толку. На Темата вештачко и подршка се имаат испишано 5000 и кусур страници. Таму се прошле членки и членки. Ако ја отворите ќе видите дека Оли ја има на секоја страна, со понудена помош, совет, споделено искуство и убав збор. Сосема доволно да се најде на листата. @0ли гали мешко и уживај во бременоста. И алал ти вера што коментариве Не допираат до тебе. Ќе пројде ова а јас верувам дека ти ќе си продолжиш со твојата 'мисија' таму Моите гласови одат кај @0ли @Lianna Anna @Dream-Girl ( детето кое сто пати сум кажала дека ми дава надеж оти ќе ја биде младинава)
Апсолутно има квалитетни членови у 40ка. Една од нив ми е и номинирана, тоа говори за фактот дека сум објективна. Можам да набројам уште членки од 40ка кои концизно го застапуваат својот став, дебатираат, придонесуваат кон дискусија и форумот општо, без разлика дали се на иста фрекфенција со мене или не. Конкретно за Бубче, ништо против немам, жената си е фина и се, ама дали ќе се согласиш дека баш титулата Форумџика на годината треба да стои до нејзиното име ? Немам видено да учествува во тема надвор од 40ка евентуално Фемина Инстаграм. Епа сори, ама по никој критериум таа личност не го обележала форумот за годинава што изминува. Али добро, пристрасни сте, што на крајот дава нефер резултат. Јас се дружам со неколку членки надвор од форумот, па мојот глас не отиде кај нив. Туку отиде кај членка од 40ка. Тоа говори се.
Сосема нормално е девојката да не се осврнува на темава, си има нешто најбитно и најважно на кое треба да мисли, а не да се стресира за некои си избори и рекла казала муабети од сосема небитни личности. Некои многу си ги преувеличувате избориве, ко кој знае што да се.
Не. Тоа што кај нас е социјалист, во реалност нема врска со социјализам. Тоа што е социјал-демократ, нема врска со социјал-демократија... итн, итн. Ако се водиш по нашиве, не можеш да се декларираш по ни една идеологија.. Викај ме Вајлд
Секоја година истото, некој ви е трн во око. И се дели списокот на тие кои заслужиле или не. А во принцип кој и да е на листата , значи со нешто има допрено кон поширокиот аудиториум.Имам и јас членки секоја година кои ми се непознати. Ама тоа дека не се среќаваме во исти теми, а не дека некој не се потрудил доволно. И годинава имам. Не ги читам редовно сите теми, а и тие кои ги читам, се селективно. Ете во ќошето влегувам за неколку членки. Другите имаат предолги постови, слики, и немам ни време да тумачам. Оти обично читам со едно око. Ако за вас само сарказмот низ постовите е критериум, тогаш гласајте по тие критериуми. Другите нека се изјаснат како тие мислат. Тука сум одамна, и форумот се менуваше многу низ годините. Имаше периоди кога беше ептен ,, мртов,,. Имаше периоди кога бил во полн сјај, имаше членки кои беа топ, ама заминаа. И се тоа е нормално. Последниве години е поделен, ама е далеку од лош. 40та која ви е упорно трн во око, го оживеа форумот, кога баш тонеше. Структурата на форумот се менуваше, па и целосната слика. И јас бев еднаш девојче кое хареше низ темите. Ама сега се укотвив таму каде што ми се интересите. За жал го немам повеќе времето кое го имав на располагање да се ,,докажувам,, на сите теми.
Листав во темите каде се бирало форумџика на годината и последен пат каде се избирало фер било во 2015 година. Веднаш во глава ми светна дека минатата 2018 вистинско освежување на форумот беше @WildMk Еве како било во 2016 А еве како во 2017 Не ми беше јасно по кој критериум се бираше форумџика за 2018 бидејќи тоа место и припадна само на @WildMk , значи таа година се покажа она во право светло ....а годинава послабо, затоа нема да ја гласам. Ја гледам листава и се мислам кои се овие членки и од кој форум се номинирани ? Ниту ги следам тие поделените теми за постари над 40 ++++, ниту младите од Форумското ќоше , а ни на крај памет тие од Труднички муабети До крајот треба да одлучам дали да гласам од сожалување
Чек да се произнесам сега на темава, не оти некој ме праша Прво, уште пред некоја година искоментирав дека ДА форумов не ми се допаѓа како слика на единствен женски форум. Ако некој прв пат денес го отвори, темите кои се најкоментирани, да, ждм се. Се фативте со Оли, а членката никому ништо не згрешила и не е ич крива што номинациите се без врска. Форумов е ОПШТ, не е родителство и деца, не е факултети.мк. Затоа е без врска да се номинира некој активен само во една категорија. А не затоа што таа членка не ја бива. На крајот, секој може да си номинира кој сака... сликата е крајна таа - не е баш сјајна Ама што е важно јас што мислам? Од моите номинации само да објаснам, да не биде - амаитисиконтрадикторна, Луничка ја номинирам и гласам и секоја година до крајот на мојот форумски стаж ќе ја номинирам, оти е ЕДИНСТВЕНА членка во која сум видела 100% искреност, незавивање на работите, и нелигавење “мила“. Ниедна друга, ни оние кои многу повеќе ги читам, лајкувам, се согласувам со нивни мислења, не мислам дека е толку вистинска и нефилтрирана колку неа Потоа, Алишан, можеби не знаете колку добар човек е и колку добар професионалец, ама форум е и не мора да знаете. Не ја номинирав/гласав поради тоа, туку поради тоа што гледам дека не е концентирана само на една единствена тема, туку на повеќе места се обидува да помогне, а и да напише мислење без некого да навреди. Вајлд е легенда, како сакате И не, не е само во секс Ама таму сте најзапрепастени изгледа Ја има и во анксиозност и депресија и во сите можни и неможни теми, е може во готвење ја нема - не знам, ама неготвачка е јбг Сексибејби ја номинирав и гласав оти ми има дадено совет, јавно до душа, ама таков совет што ме натера да размислувам повеќе, а не површни совети од типот “ќесилегнешнабрашнотодериштеедно“ Тоа ми е најпричина, а втора причина е што ме засмејува скроз КатеКане е вистински паметен член, со многу издржани мислења, убаво срочени и сакам да ја читам и мислам дека е најблиску до она што треба да биде форумџика на годината. И две членки кои мислам дека се на исто рамниште со Кате, а верувале или не мајки се, тоа се Иви1987 и Јуле. Ако тргнам со листа кој сѐ ми е забавен, треба да напишам уште бар 20 членки кои не, не се само од 40ка Не ми се допаѓа вајбот на форумот, ама тоа сум само јас. Не постои форумов за мене, ама барем учам што сакам, а што не сакам да бидам кога “ќе пораснам“
Какви непотребни нервози си стварате меѓусебно и себеси за глупости не е можно. Јас пошто тек тук кога имам време доаѓам, ќе се вклучам некаде, ќе читнам нешто, ќе напишам некој збор и би рекла најпријателски и најискрено дека вистинското лице на овој форум е оваа тема тука и сега. И форумџиката која треба да го носи епитетот форумџика на годината, треба да ги исполнува овие критериуми, па да речам дека заслужено победила: - најдолгата дебата и најфилозофските и најлегендарни никад не заборавени постови да и се три страни рандом чет муабети - ако е мајка, чинот на раѓање да го воздигнува до момент на серка, ако не е да плука да колне да врне по мајките - врвот на креативноста да и биде филтрирана слика од новогодишните нокти - кога нејзината слава ќе достигне ерупција и кога ќе нема веќе каде напред, да има најмалку 4 други профили од кои ќе се фали, ќе разговара и ќе се восхитува себеси - ако има некоја различна професија или различно гледиште, во секој пост па макар тоа било играчница, посебно да го посочува и најмалку 10000 пати да го повторува тоа на ден - да плаче и навредува кога некој по темите нема исто мислење како нејзиното - кога нема да успее да го наметне мислењето, да прави драми, да вади лични податоци, да копира преписки и оговарања, револтирано да извреѓа се живо и диво тука и револуционерно да го напушти форумот - по два дена да се врати на форум !
Оли добива повеќе гласови од членки кои се "попознати". Некој спомна дека била номинирана со врски. А овие гласови што ги добила и тие да не се со врски? На форумов има милион теми и никој не може да чита се. Баш е убаво во номинираните да има од секоја тема. Оли таму кај што е, сите ја знаат. И тие теми се многу важни за поддршка и за споделување знаење. Некои за тоа се уклучуваат секој ден на форум. Овде се зема во предвид мнозинството. И да е номинирана некоја која мислите дека не заслужува, нема да ја гласа мнозинството и нема да победи. Ако е номинирана и ја гласа, а вие сте против, најверојатно до вас е проблемот. Вака само изгледате ко мали деца што плачат за пакетче пред нова година.
Како ма не можеш, кликни на види резултати, се гледа и ако немаш гласано. Јас гласав за две. Доста се.
Мојот впечаток е дека баш отварањето на „+/- 40“, а после и МФК е тоа што го утепа форумов. Умрен форум, со огромен дел од членовите повлечени во „форум во форумот“ каде се осеќаат пријатно. Сакале се лутеле двете групи, ама (за мене) од тогаш почнаа и поделбите, и карањето, и навредите. И оваа тема е доказ за тоа. Почнаа препукувањата. Да му се одмили на човек форумов. И затоа членовите ќе си седат во своите кошиња Членката Оли не е крива што ја норминирале, секако е победник во нејзината борба. Честитки, Оли За мене лично Форумџика на годината треба да е членка што е активна во повеќето теми. Членка што цел форум ја чита, ја знае и ја сака. Можеби треба тимот на Фемина да си седне и да си направи листа на критериуми според кои еден член може да влезе во конкуренција, зошто со две озбилно масивни теми како 40 и ФМК, и еве, темите каде пишуваат мајките, истото ова може и наредната година го читаме. И ајмо-јово-наново истава дискусија, и кавгите. И со моменталната состојба на форумов, очекувам дека на сите идни избори ќе победи членка активна во „+/- 40“. Огромно лоби е (кажано во најпозитивна смисла), каде е активен многу голем дел од членството. И тие од ФМК, кога ќе „дипломираат“ од нивното катче (мала шала, ништо злонамерно) се префрлаат во 40ка. И сегашната постава, што ја мрчи 40ката, за некоја година ќе се префрли да пишува во истата, сега хејтана тема. Живи били, па видели Тоа што го кажав погоре „ читана, сакана членка што сите ја знаат“, се повеќе важи за 40ка и за младинското ќоше, не за форумот како целост. Другите теми си седат слабо активни, па и неактивни. Треба скроз нова тема да се отвори па да живне форумов. Па уште ако дојде до кавга, дури тогаш активност колку сакаш. Жално, ама тоа е моменталната состојба. И пред некој да ми одбруси „па биди ти активната, пишувај ти“ јас немам моја тема (а баш ќе беше убаво да се дозволеше предлогот за „30ка“ на @Ginger^, може и јас ќе се скрасев некаде) па пишувам секаде каде што има дискусија што е интересна и каде што имам нешто да кажам. Ама дечки, малку сме ние што талкаме низ форумов без наше катче И општо, многу малку сме ние што пишуваме на општите теми. Ама не е до членовите, до раководството е. А нормално дека членовите ќе пишуваат таму каде се осеќаат најубаво, меѓу „своите“. Се надевам дека ова што го напишав нема да се разбере како навреда, или повик на карање. Едноставно, тоа е моето видување на сегашната состојба на форумот. Ќе гласам за @Annath, инаку. И за @WildMk. Активни, паметни, модерни во сваќања членки кои имаат што да кажат и кои секогаш сакам да ги читам. Третиот глас ми е проблем (затоа и немам гласано сеуште), зошто не можам да се решам меѓу @KateKane, @theowndemon и @Lianna Anna. Девојки, закон сте, навистина. Фраерки над фраерките. И никако не можам да изберам една во однос на другите. Ми фали @Bridget на листата. Мислев дека ќе се најде меѓу номинираните. Толку од мене. Предолг пост за читање, знам Која и да победи, ќе биде заслужено, зошто мнозинството гласале за неа. Нема лутење тука. Со среќа девојки, на сите!
Јас гласав за @Annath ( ја номинирав, па драго ми е што е во листата ) и за младите, супер девојки @Dream-Girl и @theowndemon Инаку ја номинирав и @Bridget (слаба точка ми е, а некако и мислењата ни се горе - долу слични). Жал ми е што не е на листата. Со среќа
Точно Наусица се согласувам. После 40ката и ФМЌ форумот е поделен на два дела. Реално нема никаква причина за тоа. Ама секој се укотви на свое место каде му одговара и ... Форумот стана како две теми. Муабетот со оживувањето ми е дека откако е отворена 40ката се вратија многу стари членови кои еден период ги немаше. А и да не негираме дека читаноста е на многу повисоко ниво. Мислам и Анат е една од нив. Во таа смисла го кажав ова. Иако можеби пак се сконцентрирани на едно место, сепак ги има.