Мене Star Wars ми излезе вчера, со самото тоа победив иди во последен филм што го гледавте цела спојлер фри рецензија напишав. А за лутење секако дека нема, сигурно нема цртки да пишувам кој како гласал и според тоа да одлучувам за понатаму. Мене ме чуди како ти не си меѓу номинираните најискрено и се надевам дека наредна година ќе котираш меѓу првите.
За 10 години од форумот нема ли да има Форумџика на деценијата? Време е @Lilit награда да добие пред да исчезне од форумот, пошто гледам намалува со темпо. @Femina ?
Не треба да се делиме на нација, вера, години, тука сме сите исто. Нема потреба од препирања и навреди. Секој кој се зачленил на форумов, се зачленил од некоја причина. Кој за совет, кој за друштво, некој за швалер/ка да си најде, хихи, не има секакви. Без разлика дали некој е активен во секоја тема, или пак само во една, битни треба да се мислењата, советите, подршката, инспирацијата која ја нудат... Читајќи ги коментариве, мислам дека треба да се воведат под итно критериуми за овој избор за да нема кавги и навреди.
@Nausicaa единствено тебе те номинирав, а не те ни има на листата. Би рекла дека треба да те стаат администратор. Време е за промени на форумов.. иначе, ќе тонеме во македонскиот менталитет и тука, и после ќе се чудиме зошто не мојме да дишиме од говна (пардон мај френч). Ама пак од друга страна... газдите ги интересира профит, не квалитет
@WildMk, големо благодарам до тебе, и до @Rama и (можеби ) @ivi1987 Како и до сите оние девојки (и еден момак кој веќе не ни пишува а многу фали) кои ме спомнаа меѓу форумџиките кои им оставиле впечаток оваа година. Чест ми е, навистина, и многу ми значи тоа што сум оставила убав впечаток врз членки кои и самата многу ги почитувам.
Те номинирав и многу ми е криво што не се најде на листава. Не си ни самата свесна колку многу придонесуваш за форумов, и колку луѓето можат и треба да учат од тебе Беше и остана прекрасна личност
Леле @ivi1987 бе, ме расплака Благодарам, од се срце, за преубавите зборови. Не можам да ти опишам колку ми значат и колку сум почестена
Јас уште не сум гласал. Не познавам никоја од овие горе напишаните во анкетата. Не знам што да правам.
Форумов е ваков каков што е заради сопствениците. Со години наназад поттикнуваат и поддржуваат тралалајки теми и мислења, оговарања, кавги итн... Таквите теми имаат најголем број прегледи, а нив тоа им е важно
Just for the record, драга @LiliBoz (член со кој се игнорираме ко демек), истата ти што наводно контраш со мене и скокаш во одбрана на сета профана гарда мајки, само да те потсетам дека беше истата која пред неколку месеци ми се жалеше како те нападнале истите овие мамички што на детето си му дала кроасан. Па, ги критикуваше како не чинеле. Каков апсурд се твоите бесцелни пишуванки низ темата е буквално срочено во една моја реченица. Имаш и куп други недоследности, кои овој пат ќе ги премолчам за доброто на темата и форумот. 0ли the holy mother of spirit, победата ќе ја должи благодарение на овогодинешната лоша реклама. Јер ако не победи 40-ка се знае победува мамичка, со своите ангели чувари и светИци, мада според критериумот на овој ,,страшно објективен" форум пожелно би било да си спој од двете, плус нарцисоидна улизувачка уф, добитно комбо. So, go girls!
Кога после толку страни со препукувања на некој ќе му текне ваква добра идеја! Браво Бриџит! И јас сметам дека по повод јубилејот треба да се додели ваква награда, а Лилитка е една од малкуте кои го заслужуваат тоа.
Луѓе, незнам стварно што ви е. На листата има членки од сите профили. И мајки и младина и трудни и девојки и докторки... Ако ја нема во вашата тема или ако не делите исто мислење не значи дека таа членка не е вредна да стои на листава !?! А и како не ви е срам да пишувате кој заслужил и кој не заслужил да биде на листа. Ако вашиот фаворит не се нашол овде не ви дава за право да плукате по членките кои се на листа. И да ви кажам право, тоа што се правите директни , као кажувате се во лице не е знак на ништо друго освен на акумулиран гнев. Многу некултурно , невоспитано и нечовечки. Без обзирно. Ќе дадам предлог да се отвори и најлоша форумџика на годината. Тогаш да се номинира и да се гласа
Всушност не е прашањето зошто нашиот фаворит не е на листата туку зашто ние не сме нашле на истата. Многу ниско еј, многу. Лутете се на другарките што не ве номинирале, а не низ 100 страни да провлекувате нечие име без причина.
Ова испадна да ти е страв да не те номинира некој, па да се најдеш на листа, зашто ќе им дозволиш на ,,дежурните,, пљукачи да те направат лом.