@Herrera, не сме се разбрале тогаш. Не го сваќам изборот така, дека бираме членка што е нај-за-греота Ниту се согласувам со таквата квалификација на предложените девојки. Тоа што дел од нив отворено зборат (ако зборат, не знам) за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во реалниот живот, срамота е тоа да се користи против нив. Па животот не е само виножита и срценца, и грдото и патењето е дел од него. И баш е за пофалба тоа што некој на форумов е реален и искрен.
Не чинат!? Сериозна си!? До кога ќе пикате зборови во уста!? Одор, доста плачеш. Срамота е на тие год да си толку зелена. Пробај да ме игнорираш. Доста ми е од детски глупости.
Така е, ама ете имаш доказ и многу коментари од изминатите години како се бирало. Штом реално коментираш, сигурно ме читаш меѓу редови што толку запнувам да избериме форумџика од жал кон нејзиниот тежок живот. Дали е тоа фер кон останатите што се номинирани ? Ко само таа форумџика да си има маки, другите испаѓа дека се небитни па затоа ајде од жал за таа особа ќе ја ставиме форумџика , барем да и се осветли животот на форумот. Сигурна сум дека сега ме разбираш што зборувам.
Нема Рефке изборен модел, и кажав и сама - не сум никој и ништо па мене да ми се удоволува. Тажна ми е сликата, а тоа смеам и можам да го кажам. Не се проблем членките ич, проблем е немањето на критериум што една членка ја прави најдобра во една година. Сите си тргаме од свое, ама тоа не чини Оти и некој кажа, мислам Косми, дека по приватна линија иде номинирање/гласање. Е тоа не чини. И да не се правиме дека не е така Во право сте најсаканите се тука, но квалитетот не се мери според квантитетот (број на гласови, број на мислења...). Не се криви ништо членките, форумов ни е лика и прилика на жената во оваа држава. Тоа не ми се допаѓа, и не гледам зошто да не го кажам.
Самото тоа што членки помислуваат и се согласуваат дека форумџика на деценијата и највпечатлива во позитивна смисла низ целото постоење на фемина () е некоја која мисли дека жени во години без деца се сатани и нема отстапено од тоа, кажува доволно. Навистина не знам генерално што веќе барам овде, срам ме фаќа понекогаш каде уште го губам времето.
Очигледно некои луѓе се соживеале со своето форумско алтер его и пресериозно го сфаќаат форумот и се што се случува тука. Опрајте се дури е време. Форумот може и да замре, може и скроз да престане да постои. Каде ли тогаш ќе си билдате его со лајкови за измислени авантури и успеси, за измислени животи?
@Herrera, лицемерна ќе бидам ако се правам наудрена. Минатата победничка, не ја гласав само поради тоа, општо ми е една од поомилените членки, и секако мојот глас ќе отидеше кај неа, но навистина сакав да победи. Ете, еден мал момент на светлина и надеж во многу тежок и страшен период. Ако другите членки се осеќаат како јас лани, кој ќе им го забрани тоа? Затоа, тимот е тој што треба да реагира, а не ние меѓу себе да се напаѓаме.
Таа што ќе победи нека го даде поклонот на некое дете од ранлива категорија што сака ама не може да си дозволи таблет или мобилен, или нека се процени цената и пари нека одат кај некое семејство што нема можност ручек да јаде нормален за празнициве а не таблет да си купи. Ако сакате јас ќе ви кажам еден куп такви. И да не се карате ете што треба да направи онаа што заслужува да биде форумџиката на годината па макар 3 мислења да има и сите кај неа на профил да ги пишала. Па така ќе ја видиме големината на човекот, зошто трагедии сите сме доживеале и сите сме или ќе станеме мајки и милфици, а за човек ретко е да се најде....
Па тогаш јас само неа би ја гласала дур постојам на форумов. Или сега онаа што би го направила истото, зошто џабе се трагедии и судбини ако не го направиле човек некого. Од сожалување не гласам.
Секоја година срам ме фаќа кога ја читам темава јер за еден таблет/телефон/часовник/парфем се има толку препукавања...
Види,тимот не е крив.. Тој отвара слободни номинации и избор,остава демократски да се изјасниме. Проблемот е во нас и нашите критериуми.
Може тимот да постави параметри по кои ќе се прави изборот... Ама па ќе се осетат и така еден куп 'ускратени'. Никако не чини. Нека помини побрзо, и ич да не се замараме.. Најубо