Тука те чекав, искрено да си признаеш. Го прочитав тоа што го барав од тебе. Фала на искреноста @CameliaMiller позитивно изненадува со нејзиниот став. Слободно нека си продолжи изборот за форумџика на одредена тема , оти дефинитино нема да биде на цел форум штом не е приметена во другите теми.
Не сум ја читала @0ли . Изгледа за малку сме се разминале во трудничките. Небитно. Гласам за неа. Иако сум сигурна дека ниту и е битно тоа, ниту сака да е на листава! Муабетиве ви се
Абе не мора да значи. Искрено, би ми било драго да победам. Его буст е.. иако не е поради кузнај какво достигнување. А наградата, уште лани реков, дека ако јас сум победник, ќе ја донирам некому.
Можеби за тебе животно достигнување се мајчинството и патријархатот. За мене тоа се тривијални резултати и достигнувања во денешното еволутивно општество. Секоја ви чест на намерата целиот овој линч да го претставите и сведете како мој обид за доспевање во листата на номинации. Цареви сте за спинување. Но, мора да ве разочарам, и кажам дека не само што ми е небитно што не сум на листа, туку и жалам за досегашното време поминато на овој форум воопшто. Жал ми е што на повеќето од вас помогнав и учинив добро, а не заслуживте. Во право е @Someonespecial, штом изедначен е сатанизмот со немајчинство и вие тоа го подржувате, кажува се. Е да, веќе сум милфица но не и мајка. Не се теши дека си нешто многу повозрасна и интелигентна, бидејки генерациски не сме толку далечни.
Ама знаеш дека таа филозофија во нашето општество не поминува. На глава да се наместиш, пак ќе им бидат битни: Македонци, Христијани, Бели, Со семејство и дечиња. Се' останато е маргинализирано.
Е, мене па она ако ме гласате и победам ќе ја донирам наградата ми се толку клише... Ко манекенка шо посакува мир у свет. Наградата си е твоја, сакаш користи ја, сакаш донирај ја. Никој не те присилува ни за едно, ни за друго. Убав гест е да донираш ама мене повеќе ми изгледа ко патетики за некој да гласа некој. Поубаво е да донираш нешто и само ти да си го знаеш тоа, освен ако некој не чека признание за истото. @Bubce38 да се јави у темата и да пише дека ќе ја донира наградата пошо ќе го изгуби водството ако не пише. Молим лепо. Сеедно, у глобала превише плачки за еден обичен избор. Непотребно според мене.
Ама не може да постави,како ке постави? Ке победи онаа која има 1000 поста годинава во 10 категории. Не ,ми нема смисла. Но има смисла,да тргнеме од себе. Јас со хххх си се имаме на фб,пп ,или пиеме кафе еднаш неделно и ако таа нема еден пост саглам напишано, јас ке ја номинирам. Колку сака нека ми е пп другарка,тоа не е во ред.
@Cosmi, не Слободни номинации се супер за форум каде нема две огромни катчиња, па сите се среќаваат по општите теми и повеќето, ако не и сите, се знаат ( виртуелно, не приватно ) Сега веќе многу е сменета динамиката на форумот. Очигледно треба да се дефинираат други критериуми за изборот. До 28 е гласањето, а веќе е опасна тензијата на темава. И пак кавги, нетрпеливост и суптилни и не-толку суптилни навреди. Наместо ова да е интересно и забавно место за предновогодишна дружба, темава осеќам кај и да е, ќе оди под клуч. И, да проблемот е во нас, затоа и ни треба „насока“ од страна
Во главата си ми? Имам маани, ама да ми додаваш фиктивни, кои излегуваат од твојот начин на размислување, не ми прај ич ќеф. Не умирам за победа, не се секирај. Дебатираме е*ате, форум е. Ко модератор, треба да знајш шо значи терминот: Форум.
Немаше такви говори пред победа, да не измислуваме сега Откако победи Дани кажа дека ќе го донира таблетот мислам.
Само ти дебатирај, ваму гласови ти собираат, фрчат слатка и компоти по карго. Место да се устбилиш , да завземеш крајно позитивен стаФ кон сите, да собереш поени ти се контраш тука
Што ќе донирам ?! Жив зијан сум од овАј избор. Унапред дадов јас скоро па и се што имав. Пет таблети Не ме оправат да се "повратам". И кажав Нејќум таблети/ телефони. Една пегличка со пареа за мене, доволно е
Зошто си модератор? Сериозно. Уствари како. Колку се разликуваш од другите модератори. Со сарказам само подгреваш кавги. Кој што сака ќе пише. Ако не ти се допаѓа, не го гласај. Твое е само да бришеш навреди кога ќе ги сретнеш, не да ги подгреваш.