Со глава гарантирам дека темава е најчитана на форумот и од членовите и од гостите Зимајте пуканки тек допрва е забавата :Убила ме туѓа срамота; од некои коментари тука
@JuLleE ќе се наљутиш ли едно меме ако направам од твојава ситуација, смеа ме фати и ми дојде инспирација
Од тоа што прочитав, уште не ми се разјасни зошто да не си кажеме зошто сме/не сме гласале одредена членка. Скроз разбирам дека не треба директно да се навредуваат, ама причина од типот не е активна во доволно теми, не е доволно објективна, не употребува добар речник и слично, апсолутно не се навреди. И после пак, ама зошто да кажувате дека не заслужиле да победат?! Едноставно затоа што е натпревар во кој еден кој највеќе заслужил треба да победи. И вчера на темава се навредуваше членка само поради националноста, ама тука замижувате а за избор на форумџика сте први да кажувате дека навредување било образложението зошто некоја не е гласана. Па ако е така, барем ставете клуч на темава и нека си стои само анкетата. Нека се изгласа и чао.
Ј*бале ве и критериуми и све. Не ви е никој друг крив што само блуете отров и што се само се потсмевате некому и што се некој и нешто ви смета. И милион критериуми да стаат тоа пак нема да ги задоволи вашите пресвети истенчени кршивлакно “вкусови” кој, како, што, зошто заслужил или не да биде номиниран. И може некој озбилно ќе ве сфатеше да се искажевте само, ама пусто да се издрами на секоја можна страна, е без тоа не се може. Ј*бала ве и држава и град и континент, остајте народ да номинира и гласа како сака бар таму каде што апсолутно не е релевантно кој ќе победи, оти не избираме министер. Секоја споредба на овој избор со било кој друг е излишна. Ама не, драма! Драма евриуер. И да, секој има право да каже што мисли, ама некогаш, само некогаш, некаде, ако немате ништо добро да кажете, подобро е да премолчите. (или да не ја иступите тоа па тоа одново и одново) И не, тоа нема врска со патријархат,режим, диктатура туку со комон сенс. @0ли до тебе наклон. Ти си ја издвојува твојата битка и сигурна сум дека оваа не ти е ни на крај памет. Туку поради тоа што не одговори на ниедна плитка и мизерна провокација, си голем човек. Бар милион пати поголем од сите нас овде што пишавме заедно.
Да го ставам во темата Врска со оженет како надеж дека уште има поштени луѓе кои мислат на децата. Сеа срцето ме боли.
Оф, боже!!! Бетер од децана во градинка сте!!! Плачи си и понатаму во темава, ич не ме интересира зошто го правиш тоа. Јас плачковци не сакам и ги хејтам и реметам кога можам Коментарот околу мајчинство и животни достигнувања ќе го скокнам...
Што очекуваш од членка која ме нарече злобна зашо не сум и кажала што ми рекле за мојата натална карта. Не знам како не им е срам ама мило ми е што ете, се покажаа до кај им оди умот.
Леле браво ,затоа ти плачеше во темата за македонски јавни фаци кога пишаа дека не секој мора да го сака Тоше Проески. Ги хејтам и ги реметам бе.
Најде да зборува личноста која емотивно и пристрасно реагира во секоја можна ситуација каде е ,,атакирано" мајчинството како ранлива категорија. Преку вакви селекции единствено се ,,реметите" сами себе, a за тоа да не сте ниту свесни. Со самиот факт што Чобанова имала 55 мислења па била неверодостојна да добие внимание и подарок за разлика од дотичната личност чиј ник не е воопшто веќе важен за споменување а мајчинството го изедначила на сатанизам зборува многу за вас како претставници и за жал воџи на форумов. Од мене навистина толку, не се замарајте со цитати, ќе бидете во потполност игнорирани. Уствари можете да ми реплицирате за да соберете што е можно повеќе лајкови, пошто е тоа критериум за квалитет на форумот.
Еј значи секоја чест за тебе. Кога и да прочитам мислење од тебе цело време си на некои тешки дроги, накурчена ко светот да ти е крив што си станала на лева нога. Како бе сум го пропуштила делот каде @Nigredo Odor ти посочува дека си злобна. Исто и @WildMk ти има кажано дека си злобна Сигурна сум и дека @buba4e89 истото го мисли дека си злобна. Еве сама ќе се допишам на листата. За злобна не можам да тврдам, ама најнервозна форумџика за 2019 и те како си и никој не може да ти ја земе таа титула. Честитки Јас ко сум накурчена пцујам , ама не можам да те стигнам тебе. Ти си стигната на понапредно ниво на нервоза.
Јесте да. И уше неколку членки ми имаат речено дека сум злобна. Од тие само вајлд може да ме подзамисли, ова другово не трепнувам. Ај погоди зашо? Пример е темава. Тема од забавен карактер ја напраија човек да не сака да влезе у неа од нивните солзи и мрсули. Аа да. И врска немате шо е злоба. Чисто информативно ова.
Затоа што не е напорна, не пишува со шифри, мила ми е и знае несебично да сака. И изненадување сум си што секогаш го трефнувам фаворитот за мој избор.