Треба да се срамиш. Сериозно. Треба да се срамиш и да се замислиш колку треба да ти чука у главата за да тврдиш работи кои си ги извадила вон контекст и што секој пат користиш прилика да изнесеш таков нон сенс. Зошто не ја објасниш цела јебена тема? Туку нафрлаш одломки со неуспешен обид да звучиш остроумно. Те молам... Рамисли колку си ти нездрава личност со фиксацијава и целиов овов лав-хејт однос. Одговорот ти е дома, не ти е кај мене. Добро? Мене најде муабетов? Не си вредна да ти се објаснам. А и бога ми и вие со лајков под постов нејзин... алал да ви е! Овој лик од погоре - не ме изненади со пишаново, а не ме ни допре, ама одредени од вас... уф и те како ме разочаравте и ќе ме разочаравте да беше некој друг во прашање, а изреагиравте исто. Преразочарана сум од зрелоста на поединки и сликава што ја продавате за себе. Зад се изнесено, зад плаштот на "здраворазумот" вири тук и таму многу повеќе од вие што мислите. Се растргнавте со поенти кои вп друг контекст би го рекле спротивното. Не се секирајте, ве сфатив токму како што се обидевте да прикриете дека не сте. Форумот се развива и е жива материја, не може да е цело време ист. Нови луѓе, нови дискусии, но старата фемина имаше душа, имаше мудри жени и имаше почит иако многу повеќе се правевме партали, но сепак си го наоѓавме начинот да се сакаме. Сега? Сега има особи со гугл транслејт мислења и такви кои ги мрзи да читаат за себе, па учат од овие со транслејтов, искомплексирани дечишта и нешто друго искомплексирано, ама да не одиме во длабокот. Бриџит фала ти, но сепак нема потреба од такво нешто, зошто многу сме што сме подолго на форумов, не сум само јас. И навистина никој никому ништо не должи, се било од забава, љубов и дружба. Ама фала ти, сериозно. Коментаров од тебе ми е како 10000 награди. Секогаш треба да видиш од кого доаѓа, а не од колкумина. Во случајов, сум пресреќна, подобро од еден (неколкумина) со интегритет кои ќе видат тоа што треба да видат кај некого и взаемно ќе го препознаеме тоа едни как други, колку и да има грубост, отколку од 1000 вејки на ветерот и да сум безвкусно тофу или секому допадлив просек. Еве, јас ќе го наградам форумов својски. Бидете така... искварени. Среќна ви нова, ви посакувам многу здрвје и шанси да станете луѓе. А да станете луѓе, има еден трнлив пат... се надевам по него ќе ја извадите оваа ваша огорченост и ќе научите да гледате со срцето. Не се каам ни за момент поминат тука, зошто ова е мојот времеплов, дневник, растење. Многу подадени раце, солзи, лутки, радост, БЕБИЊА ( да, бебиња, бездетните се сатани). 10години е тамам време за пресврт. Од завист уништивте цели теми, од завист извртевте цели слики за луѓе... но може да си наивен, но не и глуп.
Се извинувам на прашање,ништо лично кон членката Лилит која го кажала или мислела ова,но стварно ли има такви мислења на форумов?Цц јас како што не мислам да раѓам ќе да сум во групава сатани.Радикално гледиште,не ми се допаѓа.
Гледам видовита сиај кажи ми 6 утакмици гол гол прво полувреме,ќе ги делиме парите Со твоево гледање една ако фатам добро ќе биде
Има време до 28 Декември 2019 во 01:33 за да соберам до 69 гласа. Ако ги соберам одма да не му се згреши на некој да ми расипи бројката. Исто така специјален поздрав до @Kukla994 а, дали ти го очекуваше ова?
Еве ја ти ветувам дека ќе те гласам ко ќе се решам, само за стимул на 69ката ми се допаѓа ведриот дух
Секоја година истите трагикомедии Според моето неважно и скромно мислење, мислам дека овој избор секоја година е се полош и полош, постојано се вади валканиот веш што се криел цела година, ама и овие од врвот се виновни што дозволуваат да си ги копаме очите овде, а можат фино и лепо да постават критериуми и стандарди според кои ќе се бира форумџика на годината, ама не, поинтересно е да си брцаме во очи
@John Snow Иначе Ѓоле, искрено се изненадив шо не си на листава. Мислев дека меѓу првите ке си... ти нигде. Ај до година поактивни че сме и ке не има можи и двајцата
Трите кои ги номинирав, на листава се. Гласано. Не се некои на кои им ставав ,,ми се допаѓа" на објавите, само ги читав и формирав мислење. Штета што @Dust ја нема, мислам дека заслужи. Ај, ќе ги надраснете и вие овие докажувања и замарања за нешто неважно.