Номинирав три мои фаворити кои сметам дека заслужуваат награда поради "персоналити" во пишувањето ,а не поради лични вонфорумски пријателства. Сите три пишуваат кратко,јасно,бритко и впечатливо. Долгометражен есеј не е мој критериум за добар форумџија. Фб или инста другачки и Фејк или вана би либерали за дробење празна слама,исто. И нормално тука нема да ги напишам,бидејќи пропозициите не велат тука на темава да се номинираат. Се надевам на победа на моите номинирани.
Прилично сум нова на форумов ама доста ве имам читано и само една членка ми е така најдиректна, искрена, без предрасуди која се издвојува со интересни и антибалкански менталитет мислења Тоа е @WildMk Со среќа!
Од темите за бременост,а сега веќе мајчинство,една од накул членките,со задоволство ја читам @FreeMind.
@TeddyGrey @JuLleE @duffi @WildMk @Someonespecial Неможам да се одлучам кои три да ги номинирам Сите ми се супер забавни, искрени, реални и мислам дека и во реалност се она што се на форумот. Специ и Јуци уште од времето ги обожавав, некако ги осеќам на иста бранова должина. Вајлд и лани ми беше во фаворитите и годинава исто. Сакам отворени луѓе и без предрасуди. Дафи и Теди ми топ мами и некако многу блиски ми се размислувањата со нив во врска со мајчинството. Упс и со @Sexybaby86. Да бидам уште поискрена најмногу ќе навивам за @TeddyGrey, мислам дека ова е нејзина година.
@Dream-Girl @Kukla994 @Bubce38 Не сум долго време член во форумот , но вие некако ми оставивте впечаток со вашите коментари ( и ако не ве знам ) ..
Една третина не ги знам кои се, на една третина им ги заборавив/мешам никовите а од последниве ќе треба да размислам. Да елиминирам кој не тупи и вергла едни исто до 100 и назад и вечито се закачува со едни исти и "дискутира"(караници и надмудрувања уствари ) за кои имам 0 желба да ги читам. Косми што пиша, од поодамна не ги читам тие километриските постови. Не за друго, ќе се прашаш што од каде е преведено или во од кој роман/филм е извадено. И тие што ќе го спасуваат светот и некоја категорија угнетени или се бират за нивните права почнав да ги прерипувам во моментот кога речникот им станува не поразличен од оние против кои говорат. И да. Алергична сум на за многу омилените мамички и деца/без деца дискусии, па и од таму скратив многу. Долга е листата, ама испаднав старо мрчало. Останаа една 2-3 раце луѓе, ама кои многу вредат и со задоволство ги барам низ форумот. Ќе си ги задржам.
Уште навиваш за Реал? Посебно драги ми се постарите ликови од форумот. Ме враќаат во едно убаво време овде на форумот. Пораснавме овде
И јас навивам за тебе. Годинава си победник. Беше ведра и покрај сите бури. @BoaVista згодна мамо пишувај почесто! Има куп жени на форумот кои и без номинации заслужуваат награда.
@KateKane @Purplelilac @Lianna Anna се мојот избор за годинава, со среќа девојки Тука некаде ми се и @prominent и @Dream-Girl гледано по лични успеси и позитивна енергија плус, ако се најдат на листата радо би ги гласала