Две ос три номинирани ми се на листата но каде ми е @Dust ? Зошто ја нема , личноста кога секогаш ми експресно одговара на секое прашање.
Од каде овој изблик на осудување, етикетирање и невиден реваншизам не ми е јасно. Акумулирано лично незадоволство од нешто? Вака кога ве читам, многу ми е појасна сликата зошто доста интелигентни и мудри стари членови од форумов, едноставно го напуштиле.
Ај да пишам некој збор два. Пред се добро утро додека пијам кафе да напишам некој ред мило ми е што две од номинираните се најдоа на листата.И јавно кажувам дека гласав за нив.Третата ја одбрав од пишувајќи и читајќи ја на друга тема кога се бодревме за да станеме Мами.Девојки со среќа нека ви.
Се шокирав и разочарав после оваа тема од некои членки што ги сакав. После пишуваните беспотребни срања не ве сакам веќе. Обични сте сега. Секојдневни, веќе видени, исти во толпата, незаприметливи. Пак плачете и карајте се.
Трите мои номинирани се на листата. Ама сигурно и моето мислење е не релевантно, зошто и мене ме има само во неколку теми И се извинувам што човечноста ми е пред сарказмот. Не ми се верува што се се изначитав во темава . Самиот факт дека членките имаат најмногу номинации и се нај гласани кажува дека сепак темите од кои потекнуваат се најчитани. Или и за тоа треба да се извиниме. Ако Ви пречат ако не да се избришат па да си живеете среќно и весело. Само мислам дека тогаш пак ќе најдете тема за хејтање. Девојки нека победи најдобрата
Пак забава праите а Пусто лицемерие. Да ме гласавте мене, сеа сите ќе беа среќни. Вие сакате ли војна сакате да си играте. Ако ви е Чус, ариведерчи, чао, сајонара, бацки
Како смета проценти ова будалово? Ако ги собериш, повеќе од 100% се. Може некој да ми го објасни, ко на дете од второ одделение?
Еј, вистина. Мислев мене не ме бива за математика ама добро е и форумов бил дрво. Кај приметив сега, нема да спиам мирно дур не дознаам зашо се процентите толку неточно претставени
Не навредувам Вајлдке, ама ај речи дека навистина не се претера бе? До кое ниво се спремни поединци да отидат за еден часовник/таблет? Ќе се натпреваруваме кој потешка битка извојувал во животот? Ќе се расправаме што е полошо: рак, последици поради трауматично детство, проблеми во домот, неможност за зачнување, неуспешни ИВФ ли? Мислам, дали сериозно темава во тоа треба да се претвори? Секоја жена што сака да стане мајка си знае колку солзи има исплакано поради тоа што не може никако да си ја оствари единствената најголема желба. И самата си знае колку ѝ е секој ден потежок. Не сум мајка, не знам дали ќе бидам, ама сочувствувам бидејќи сум имала примери во околината и ептен е грдо кога гледаш како тонат, а пред други луѓе глумат среќа само за да не се забележи. Секоја личност си знае како е да ги преживуваш сите караници, малтретирања, навреди од семејството/соучениците и слично. И сите овие се проблеми, нема поголем или помал проблем. Апсолутно не е потребна никаква споредба. Оти секого го погодуваат на најлош можен начин и нема да негираме дека не оставаат трага. За факинг Форумџика на годината коси испокубавте и исповреѓавте се' живо и диво. Кој подолу ќе го спушти другиот. Па после банови, пријавувања, модератори, администратори... Гледајте си работа, пишувајте си и читајте си што ви се чита. Ептен мизерно изгледа.
Во моја одбрана, мислам дека не извреѓав никој А и ќе помини... Ене кај е Нова година. Наредниот ден, се' ќе имаат заборавено. (вака кажано.. ко за болест да зборувам )
Знам. Не навредуваш, прилично стабилна форумџика си, секогаш дискусии на место дури и кога сама прифаќаш дека си била во заблуда за нешто. После ќе биде срц прц по темите. Ко и секоја година. Само смешно е. Наместо малку почит и мотивација за оние што поминуваат низ тежок период без разлика на возраст и „големината“ на проблемот (несфатливо ми е ова класифицирање), ќе се натпреваруваме кој поголема жртва на суровоста на животот е. Не *** секојдневието секогаш, на овој или оној начин, помалку или повеќе. Се извинувам на вулгарност.
Очигледно е дека секој си гласа за личност од својот клан. Нормално е ко се избира форумџика од едниот клан, да се осеќа дискримиирано другиот клан. Решение би било да се одберат 2 форумџики кои ја одбележале годината, па ќе се смират тие нервози. Јас како сеирџија што не припаѓа на ниту еден форумски клан само да ја прогласам форумџиката која ја одбележа 2019 според мене. Честитки @Bridget , остани таква како што си , верувај дека има членови што те приметиле во разни теми од форумот. Спојлер: Гласање Сеуште немам гласано, но глупо ми е од сожалување кон некоја форумџика оти немала деца па да гласам за неа или за било која друга од сожалување
Не знам како го извртивте муабетот дека се гласа од сожалување и по големина на битки, но нека ви биде. Барем на извртување навикнати сме тука. Стотина други се по тие теми, две се на листава. Не од сожалување, туку затоа што несебично се тука за сите. Затоа што придонесоа многу жени да си решат мали проблемчиња што се дел од сложувалката. Кој и да праша, тука се со информација и поддршка. Сфатете како сакате, ТИЕ за многу членки се најзначаен дел од форумот во моментот. Џабе објаснувам, знам. Сум се запрепастила сто пати од вакви извртувања на муабет порано, па пак успевате да ме изненадите.
Им притребало на луѓето вашето сожалување. Ќе ме натерате да пцујам. Демек вие у све подобри, тие кутрите. Жени глава горе! Мака да не моеш да си кажеш на форумов, од пред триста миљони години ќе ископаат мислење за да ти укажат дека нешто не е ок со тебе, дека те жалат, или дека се попаметни од тебе. Што сте станале лоши бре! Сочуство, а не сожалување. А не мерење. И тоа туѓи, а не свои. Бог да чува. Еве ние од сожалување ќе собереме пари и на сите што ви е криво ќе ви пратиме по една круничка форумџика на годината. Носете си ја, и носете се у... Кис4е
Како Амди Бајрам ма, 102%. Уствари ова оди преку 150% ама што има врска. Како да смета кутрото, кога еден има 3 гласа ( ) и избори траат 10 дена( ) ? Весела математика: ако се гласале по три гласа, досега отприлика гласале 300 членови. Спојлер: Бонус Таман и попис ќе се напраи со крајот на изборите Лична перцепција: Дали можеби форумов ќе беше подобро место, ако воопшто не постоеја избори
Не гледам проблем зошто Оли е на листата или некоја друга форумџика што не ја знам ,сите овие форумџики се на листата затоа што некој ги номинирал. Како што кажа членката погоре не е ова избор на форумџика со најтешка судбина , секои си има различни критериуми и секој си има право да гласа ,така да не гледам причина за некој да се буни.