@Bubce38 Дaј јaс и ти дa се скaрaме, дa свртиме внимaние нa другa темa oти oвде ствaрнo веќе се претерувa. А штoм јaс велaм -се претерувa (пoзнaтa нели декa сaкaм дрaми) знaчи декa -штo е мнoгу, мнoгу е. И велиш, дo кaј си сo пaкетиве?
Кои драми, и тоа скоро секоја година едно те исто. Само полани ако добро се сеќавам, кога Анат беше изберена, беше некако понормално гласањево. Во мојата форумска кариера тука мислам. Не е битно кој номинирав, ниту кој гласав, си го остварив правато важно. И сега само посматрам и чекам краен резултат. 0ли како член ја нема секаде, ама кога ја има, секогаш е на ниво. Јас не читам вештачко, ниту пак подфорумот за семејство, па сепак сум ја сретнала и знам. Ништо нема да ми смени да победи, сепак сметам дека не е доволно активна секаде за да ја добие титулата. Но со ништо не заслужи вакви коментари. @Bubce38 од друга страна, која е во водство инаку и поради тоа ќе земам право да ја коментирам, според мене е уште подалеку од титулата. Не само што ја нема секаде, туку и во темите каде што пишува обично се лабави муабети. Немам видено квалитетно мислење, барем во мои очи. Тоа колку излегува во пресрет на некои членки, и помага и надвор од форумот, не ме интересира. Јер тука не избираме карактер и човечност, туку феминка која ја одбележала годината. А тоа не е таа, да не се лажеме. Бубче ништо лично. И да, иако критериумите на сите се различни, ајде да се држиме во нив, а? Оти вака изгледа како да немаме никакви критериуми, а и култура исто.
Мене денес ми стигна пакетот со теглите слатко. Не за џабе ја гласав. Изгледа и се потрошија пакетите праќајќи на 150 членки, па денес тивка е.
Од ак'л ме извади! Викам што е сега работава , пак ли ќе ме нервира Бриџит-чево Пакетите? Спремни се ! Е сега моШ немам квалитетни мислења на форумов, ама во пакетите квалитетот е на завидно ниво. Ќе видиш, ќе се увериш
Повеќе информации во иМбокс. На диета сум плус, ќе ти пратам некоја и од моиве ако сакаш, многу да не ми дојдат.
Лоу блоу. И тоа не моШ, а со сигурност. Али во ред, нели мнозинство сепак... Едит: И ова дополнително укажува на она што мислев, кажав зошто те коментирам, нели си со највеќе гласови па сите очи се вперени во тебе, и тоа бара некаков начин на однесување само по себе исто. Овој однос не е соодветен. Само кажувам, уште еднаш. Ништо лично исто.
Еве Михајло имал одговорено на вакво прашање пред некоја година, па да ви го цитирам за да ви се разјасни на сите
Зaбoрaви дијaлект, не си веќе oбичнa рaјa, плус нa тренинг кaј Крaлицaтa oд Инглaнд. Дa се нaучиш се' пo ред, кaкo се oди испрaвенo, чaј прaвилнo кaкo се пие, "мoш" дa си гo зaбoрaвиш. @Bubce38
За прв пат морам да се согласам со @Bridget дека е навистина премногу. Ќе ве бришам понатаму, ќе се навратам и ќе избришам се што е претерано бидејќи едноставно веќе нема смисла.
Незнам како ќе бидам сватена (веројатно лошо) од некои членки и членови, но сепак ќе напишам што ми се врти моментално во глава. Некои од коментарите забегаа од контрола скроз. Иако не пишував досега и не планирам да пишувам повеќе овде, ниту пак да победувам, сакав да ви најдам една мала занимација, да ги оттргнеме неубавите коментари, барем за момент ако може, а да не личе на улижнување, ако може. Сигурно не сте лоши толку како што се претставувате овде и од 40ка и од ФМЌ и од неопределените во ни едно катче, и имате барем трошка осет. Па решив да ве замолам да напишете по една позитивна реченица за секоја членка од номинираните, нагласувам ПОЗИТИВНА, без навреди и без да ме распнете за ова. Очигледно полесно е да се навреди, и секогаш тоа боди во очи, кога читаме и тука и од страна, но доколку одвоите малку време и напишете по една позитивна реченица, ок е. Можеби тешко ви изгледа, но дајте да заокружиме неколку убави страни за читање. Кој нема позитивни реченици, немора воопшто да пише и нека го прескокне ова. Малку нека проработи мозокот и за убави пишани зборови. Ок е, и да не познавате некои од номинираните, но штом имате слободно време да пишувате, не би требало да ви е тешко на лупата да побарате мислења на членките и да се запознаете. Јас некои баш на овој начин ги разлистав. Спојлер: Јас прва @Alishan30 ќе се скокнам намерно @Annath убави совети, одлични познавања од општиот живот и од медицината, секогаш спремна за совет и помош @Bubce38 одлична домаќинка, советува за испитувања, терапии, приказни за својот живот, за својата љубов, несебична и искрена @Dream-Girl достигнувањата на факултет, секојдневието кое го опишува, прекрасни постови во своето катче, прекрасната нејзина коса @KateKane борбена за правда, секогаш, млада, заљубена, филмоман и секогаш спремна за совети за љубов @Lianna Anna мајка, која мајчинството моментално и е преокупација, најмногу активна во мајчинските муабети, кај вакцините, кај советите каде е обесправена жената, во нејзина одбрана @0ли конечно ја тагнав, безрезервна помош, прва за одговор кога треба, водела битка и е победник во својата битка, за восхит колку е приземјена при лоши коментари, мајчинството е нејзина идна животна преокупација @prominent млада девојка, во ФМЌ најмногу активна, убави постови, заљубена, поборник за човекови права @theowndemon креативна, млада, сестрана личност со огромен талент, приземјена и знае што сака од животот @WildMk поборник за правда, за дискриминација, за еднаквост. Искрена и без влакна на јазикот, има доста слободно време, па другар е и кога не ти е дојдено за другарство и муабет. Се гледа дека имам слободно време, моментално. Па имав време да ве исчитам и прогуглам, па да се потрудам да го склопам овој долг пост. п.с. не го правам ова за гласови, кажав и погоре, звучи како клише, но не сакам да победам. Сакајќи да прочитаме сите убави постови, барем малку, или барем еднаш да личе еден избор на нешто.
Колку вреќи шеќер е тоа Бубче? И планирај ме и мене за слатко,немој после си ме заборавила... Не пишувам веќе,синоќа од умор плеснав пост во погрешна тема,а имам да кажам многу... Ама ај...
Многу рано се почнало со петочната журка. Ај малце да прекинам и да кажам дека одлучив втора членка кај која ќе оди мојот глас ќе биде Вајлд. Иако со неа можам ептен да се согласувам или ептен да не се согласувам, и иако понекогаш ми иде на живци со упорноста во докажување, сепак најчесто она што е пишано од неа е издржано мислење (без разлика дали јас се согласувам со истото или не). Исто така ми се допаѓа што си признава искрено дека ѝ е битно да победи заради его буст ор ватевр, ама на крај сепак е човек бидејќи решила да го донира тоа што ќе ѝ биде подарено. И затоа што не прави муабети кои ме заспиваат или кои би требало да бидат смешни за широка публика, а се скроз досадни. И поздрав од Михајло и Фемина со песнава.
Пффф, Меган можела да не ја шиша Бетка, за Буба уд Гевгелија ли е проГлем оти викала моШ на ФеминИ. Плус, дедово на Бети не е арен, ништо од бизМисот, нема да може да и се посветЕ.
Првиот мој глас оди кај Лиана, Џони. Да можев и сите три ќе одеа кај неа, затоа што апсолутно највеќе заслужува победа според мене, ама бидејќи може само еден секако дека ќе ја гласам.