По мои критериуми Лиана, Вајлд и Кејт се материјал за форумџика на годината од листата( без љутиш другите). За Вајлд не гласав од причина шо секаде ја има, уште од фрижидер дома не ми искача
Е сеа не е толку активна ко минатата година, да не претеруваме. Си признавам дека минатата година ја нејќев заради што мнооооогу ја имаше, ама годинава е таман.
Алелуја А зошто не се направи гласање без да се отвара тема за коментирање, не беше доволно во форумџика што ја одбележа годината ? Знам дека по други теми ќе се бамбори за истото, ама кога ќе се распореди по повеќе теми може нема толку да боде очи.
@Alishan30 одлична идеја. Ете зашто те има на листата. Патем, прва си на списокот и морам да кажам дека е супер што секогаш си достапна за совет и спремна да помогнеш на сите. Исто и @Annath, секогаш со добар совет и издржани мислења. Одамна ја читам, сме биле и колешки и мислењето ми било секогаш исто за неа. @Bubce38 не сум ја читала многу, ама ми стои на фина личност и исто така спремна на помош, дури и надвор од форумот. @Dream-Girl ми е една многу паметна девојка што знае што сака и прави се за да си ги исполни соништата. Само напред. @KateKane не ја знам, не сум ја сретнала до сега. Се шалам. Се согласувам речиси секогаш со нејзините мислења и ми е многу интересна за читање. @Lianna Anna секогаш ја читам и се согласувам со мислењата, исто една од моите фаворитки за годинава, а и една од тие што го доби мојот глас. @0ли не сум ја сретнала и јас, тоа беше доволно глас да и дадам, значи не правела неволји по форумот. Прочепкав по мислењата и ми стои на многу фина личност. @prominent како и кај повеќето и кај мене влева позитивност кога ја читам, да си бидеш секогаш позитивна и заљубена. Со @theowndemon си се среќаваме кај сериите, само позитивно мислење имам за неа. И за крај, @WildMk со нешто се сложувам, со нешто не, но сепак е занимлива за читање, ќе се согласиме скоро сите. Со среќа на сите.
Како да гласам пак, одново трет глас да дадам ? Гласав за две членки, сеа се одлучив за уште една, ама не ми дава опција за гласање?
За жал нема таква опција ,мораш се одеднаш Штом веќе си гласал еднаш без разлика дали си искористила еден или два гласа не можеш повторно да гласаш.
Луѓе, уште 9 гласа. Ве молам немој поќе до последниот ден, ветувам говор ќе држам ако додржам со 69 гласа до крај. Ве молам. Најголем его трип кој го имате видено ќе е, само зошто ќе имам „валкана“ бројка. Инаку ми се допаѓа идејата на @Alishan30 нешто како темата за најфорумџики да си кажиме убави зборови. И ете ти зошто си тука, башка ми ја подобри салатата со туна од вчера, денес појадував од неа. Е сега од тука ќе ги мешам малку, да не сте со ред туку тие од долу да им стигни еднаш известување да не ве отекваме и првите пет со известувања и другите да видат дека убај работи се зборат. Во поќе наврати реков дека @Lianna Anna е жената во која сакам да пораснам. И никогаш нема овај збор да си го погазам. Смирена, сталожена, ставови секогаш на место, изнесува мислења толку смирено, милно. Дури и да не се согласуваш со неа - ќе го сфатиш нејзиното мислење во целост. @0ли не ја познавам, ни еднаш не памтам да ја имам сретнато. Ама ќе речам дека има слатка профилна слика, симплистичка со бебенце. @prominent зрачи од позитивна енергија. Ја гласав пошто и кога некогаш ми се руши цел свет ќе ја прочитам и онака ми текнува дека има добро негде далеку во светот. @WildMk сестрана, на страна на правдата, мајка, жена, борец. Некогаш се восхитувам на некои работи кои ги прајш. Разговор велиш е најдобар за се, секогаш се согласувам со човек кој го вели тоа. @theowndemon најсовршена, секогаш убај мислења. Тешко на тој кој ќе проба да ги разбери, секогаш препорачувам да ги скокате ако се долги. Има сериозен проблем со пишување долги мислења. Без мајтап. Малку пребрзо му ... ова ѝ ... е пуштен мозоков и не стига да формира солидна реченица на време. После то @Annath зошто и ја гласав веќе кажав доста убај работи за неа, секогаш сталожена, добра, пример жена. Секогаш спремна да помогни. @Bubce38 најпријатна за зборување. Као, полека полека можи со секој да се здружи. Шо сериозен муабет, шо мајтап муабет - небитно. Социјална личност, доста добра карактеристика е тоа. @Dream-Girl ни покажува како е да си живејш сонот, преубаво. Позитивна енергија, се гледа дека е среќна и успева то да го пренеси на сите. Високо амбициозна, то е незаменлива карактеристика. Напред Слидерин! Јас те сортирав во Хогвортс куќа, ти сега како сакаш. @KateKane не ѝ бркав кампања неколку дена зошто мимс праеше а мимс е нова култура, нов вид на хумор и мислам дека тоа е најголема кампања. Ама да си поминам од редот, денес делам стилца и тетратче СО ТОЧКИ во име на кампањата на Кејти. Ако немате пишено во тетратка со точки, ситурно сте свесни до сега дека губите. А, штом ги добиете вашите тетратчиња со точки, ќе знајте дека вашиот глас треба да го дајте за Кејти! Треба да се повторвам зошто за мене Кејти е апсолутен победник?
Колешке убава идеја само чекај да заспие мали или на рати може а Алишан. Зашто е сама по себе сончева. Потсеќа на природа Анатх. Да ја нема ќе треба да ја измислиме. Дефинитивно секогаш тука спремна да помогне. Бубе. шо да кажам не знам. Нема утка со неа. Пријател за цел живот. Иако мрчи коа не сакам да делам мажи у темана на крај ќе и го остаам ќе земам друг само зашо маш се наоѓа а другарка ко неа тешко. Дримка е потенцијален битен човек на планетава. Ненаметлива, издржлива и реално единствен млад лик кој заслужува внимание овде на форумов. Катекане.. На почеток ја пратев. Сеа не откако почна да се двои и она. Ама нели рековме само убави раб да збориме па само ќе речам ок е. Лиана да имаше титула нај член на место ќе гласав само за тебе. Не си пристрасна, не следиш кланови, не ги делиш луѓето на кој со кој се дружи. Тоа доволно кажува. И некој поназад спомна уште на почеток, дека гласала за тебе ради совети за мајчинство. Тебе треба да те ценат за многу повеќе, не само за мајчинство. Зашто СИ мн повеќе. Оли за жал не те знам. Но самиот факт дека не реагираш на детските мрсули у темава доволно кажува за тебе. Жена бремена со хормони до плафон издржа тралалајки да ја зборат без врска. Тоа е за браво. Проминент чат пат ќе ја сретнам ама не знам мн за неа.. Демонка. Средена исхрана, сака да истражува непознати знаења и студии. А да. И 69 гласа сака Вајлд иако е страшно контрадикторна, имам почит спрема неа. И у око да и брцнеш пак на крај ќе е ок со тебе. Нема да кова заговори и да вика пола форум на кафе за да те оговара и да смислува драми и монолози. За сите мислам кажав
Супер идеја колешке @Alishan30 Да си кажам и јас за сите по нешто дур сум на пауза од учење. @Alishan30 - ретко зачуван бисер во денешницата. Толку си добра, приземна, едноставно кога ќе пораснам сакам да сум и човек и доктор како тебе. За разлика од сите "уфурани" што ги запознав последно време на институтиве и факсот, па со фалење дека биле доктори и се као над сите, ти докажуваш дека пред да имаш некоја "титула", треба да си човек пред се останато. Затоа и многу те почитувам и си ми посебна. Плус свака част како не си се мрднала на факсов со сите ликови наоколу, ете и кога ќе пораснам и дипломирам сакам да останам нормална како тебе плус. @Annath истото ко за @Alishan30 го мислам. Кажи ми кај работиш, да те земам за матичен заболекар. Ми се допаѓа што си искусна во работата и секогаш тука си за совети во твојата област. Нашиот дежурен заболекар на фемина. @Bubce38 фина, секогаш е тука за да ти помогне, прав другар, заљубена и одлично готви . Ако правиш риба викни ме, јас би ја јадела. П.С шо доктор е маж ти шо од глава на риба се плаши, цц. @KateKane lepotitsa Ми се свиѓа никот пред се, не знам дали стварно така се викаш ама позитивна карактеристика шо имаме исто име. Се шалам, интересни мислења имаш, секогаш те читам до крај, убави ставови, супер си у пакет. @Lianna Anna порано повеќе те читав, сега поретко те среќавам на исти теми со мене ама според се прочитано си кул мајка и интересен човек. @0ли трпелива, борбена и добродушна. Плус после ова у темава си ми уште подрага. @prominent вредна, позитивна, организирана, работлива, чувствителна, заљубена. Сите мои омилени карактеристики кај човек се собрани во неа. @theowndemon креативна, буквално се ти е толку средено и убаво направено, ти се восхитувам на уредноста, вредна, одлично готви, секое отварање у ФИ лиги ми правиш со јадењето. @WildMk ми се свиѓа шо си борбена, отворена и искрено кажуваш се.
Каков пост Боже Ми се акна егото во таванот, од шо ми порасна наеднаш Ми значи од тебе... баш оти знам дека не се согласуваме за се' Thanks Леле и ова Готово. Свршив шес пати. Насмеана сум од уво, до уво. Не го шишам поќе изборов. Скроз сум си задоволна
А оти па еднаш да не биде една по другa година да победи истата членка? Дај да бидеме малку оригинални а не како сите форуми. Еве оваа година нека биде истата како лани на пример.
@Alishan30 највеќе сум ја читала во темата за Здравствени прашање, каде детално и безрезервно им помага на девојките кои си имаат мака. Вистина, најпрвиот впечаток од неа ми беше малку поразличен од тој што го имам сега (Алишан, ако ја паметиш дискусијата во СДК ) ама затоа сега ја сметам за многу љубезна и културна членка со стабилни ставови. Дефинитивно би сакала да ја читам повеќе @Annath, топ си! Не само што имаш добри мислења, одличен начин на изразување, туку никогаш, ама баш никогаш не сум прочитала од тебе провокаторско или грубо мислење. @Bubce38, каде и да сум те прочитала си ми оставила впечаток на многу ведра и позитивна личност, која сака да се пошегува и која (имам впечаток) не го сваќа форумов пресериозно. Исто би сакала да те читам повеќе. @Dream-Girl, иднината на форумот Да не те знам колку си млада, ќе мислев дека си многу повозрасна според знаењето и солидноста на ставовите. Многу си супер! @KateKane, паметна, забавна, искулирана, сака научна фанстастика. Мој човек @Lianna Anna, објективна, интелегентна, супер мама. Членка што знае толку добро да се изрази што по неколку пати и ги пречитувам постовите. @0ли, победник во животната битка. Не треба да те знам за од срце да се радувам за твојата среќа. @prominent, најзаљубената, најпозитивната членка од сите. Секогаш кога ќе те прочитам во СДК си ми како мало зракче светлина. Ти посакувам никогаш да не престане овој среќен период од твојот живот. @theowndemon, сестрана си- и креативна, и забавна, и многу паметна. И сакаш да помогнеш, и сакаш да насмееш, а богами, и добра серија да препорачаш @WildMk, нескротена искреност низ темите. Да не се појавеше ти лани, форумов ќе беше не само досаден, туку и сиромашен за многу одлични мислења.
@Alishan30 Ракче Бев сигурна за кого ќе ги дадам моите 2 гласа, а за третиот се двоумев меѓу тебе и @Annath и двете докторки кои несебично помагате на форумов со вашите совети. Се одлучив за тебе @Alishan30 бидејќи имаме и комуницирано и во ЛП и имам стекнато премногу добар впечаток за тебе, абе не е можно да немам добро мислење за тебе и твоите ставови, размислувања штом си ракче Слабост сте ми вие ракчињата Остани таква добра и позитивна каква што си и биди успешна докторка, со @Annath му требате уште долго на форумов и не за џабе и двете се наоѓате во ТОП 10 Форумџики @Bubce38 Имам впечаток дека имаш добра душа и секогаш си тука за комуникација и помош, за било кој. Верувам дека ќе бидеш одлична мајка исто како што си прекрасна сопруга, среќен е маж ти со тебе @Dream-Girl Зарем се потребни зборови за тебе девојче? Прекрасна во секоја смисла!! Девојче со високи морални норми, одлично воспитана млада личност, ми се допаѓа тоа што живееш живот без пороци. Среќна сум што успеа да почнеш да си го остваруваш својот животен сон, со тоа што успеа да се запишеш каде што имаше преголема желба. Само учи, верувам дека еден ден ќе бидеш горда на себе си и нема да жалиш за сите маки и непроспиени ноќи. Верувам во тебе дека ќе бидеш одлична докторка исто како @Alishan30 и @Annath Среќен е дечко ти што успеал да најде девојка како тебе, ретки се таквите како тебе, нека те чува и сака, ти тоа го заслужуваш @KateKane Ми се допаѓаат твоите мислења, продолжи да ни пишуваш @Lianna Anna Тебе те имам најмногу читано во Политика, ми имаш оставено добар впечаток и ми се допаѓаат твоите мислења, бидејќи си објективна и за двете страни, добро ги избираш и пакуваш зборовите, без да навредиш некого. Секогаш си смирена и одмерена, не сум видела да се скараш со некого на форумов. Продолжи така @0ли За тебе дознав во темава, но алал да ти е како остана смирена и воздржана после сите испишани коментари во темава. Со тоа добив одличен впечаток за тебе, остани си таква, ретки се таквите ко тебе. Јас сум добра и смирена, ама си признавам дека немаше да можам да останам воздржана како тебе, да не кажам ни збор. Во одредени моменти знаат да ми се спојат жичките и да си кажам што мислам, без разлика дали тоа на некого ќе му се допадне или не. Сите членови треба да учиме од тебе како да издржиме да не потпаѓаме под ничии провокации, без разлика дали тука на форумов или во реалниот живот. @prominent Се нај. нај за тебе девојче Секогаш си ми омилена за читање, полна си со живот, полна со љубов и позитивна енергија, зрачиш, невозможно е човек да нема добро мислење за тебе. Мислам дека прочитав дека си шкорпија, значи исто како мене Е кај се најдовме шкорпии, а интроверти Среќна сум што комуницирам во ЛП со личност како тебе Никогаш не ги чувај емоциите во себе, преточувај ги секогаш во зборови, обожавам да ги читам твоите мислења полни со чувства и позитива @theowndemon Најкреативна форумџика, се ти е така прекрасно средено, јас немам толку живци и време Една од омилените за читање си ми од ФМЌ @WildMk За некои работи не се согласувам со тебе, ама ми се допаѓа тоа што си храбра и се бориш против неправдите и против насилствата врз жените.
Дојде ред и на мене to give my two cents...генерално, убав е гестот на раководството на форумот да се награди најактивната форумџика, ама почнувам да мислам дека само сакаат читаност и повеќе кликови со тоа што дозволуваат препукувања, и повеќе поради тоа изборов стана традиција. На крај се' се заборава, ама горчината од расправиите и лошите зборови останува. Си признавам, не сакав да бидам на листава. Фала ви на сите што сте ме номинирале и гласале за мене, мене вашите лајкови на моите постови ми се доволни. Повеќе од тоа не ми треба. Ги номинирав @KateKane, @TeddyGrey, @Nausicaa. Криво ми е што не можев повеќе, има доста членки кои би сакала да ги видам тука. Гласав за Кејт, Лиана, Вајлд. Не само оти се сложувам со нивните мислења, туку и поради тоа што сакам да ги читам, квалитетни мислења со добри аргументи. @Alishan30 успешно еволуираше од млада девојка во зрела жена, секогаш спремна да помогне, а ја знам од старата гарда на форумов. @Bubce38 има ретка ѕвезда. Искрена, ненаметлива, интересна за читање. Знае да разубави ден и да те насмее кога не ти е дојдено до тоа. @Dream-Girl девојка што ми дава надеж за младите (и други ве има тука), оти има цврсто изградени ставови за некој тукушто излезен од водите на пубертетот. Па јас не бев таква на нејзина возраст. Не бев толку зрела. @KateKane ретки, но квалитетни мислења, со издржани аргументи, секогаш погодува право во целта. @Lianna Anna жена што сакам да ја читам, како претходната членка, само повозрасна. @0ли не сум ја читала, признавам, слабо ги читам темите за бременост и борба за забременување. Ама верувам дека вреди штом е на листава. @prominent навистина најзаљубена, и најдобра во ширење позитивна енергија на форумов. Некогаш сакам пак да сум толку млада и да се заљубувам одново. @theowndemon паметно девојче, секогаш има што да каже, поткрепено со факти. @WildMk одличен пример за широки познавања од многу области, секогаш спремна за дискусија. Почитувам членови што не отстапуваат од ставовите и не се откажуваат од дискусијата. Доста беше, се уморив. И доста со препукување. Празници се ближат!
@Alishan30, и јас ќе се приклучам кон пофалбите за идејава, доста беа препукувања во темава и ми се допаѓа тоа што конечно ги издвојуваме позитивните особини. А нив ги има кај сите членки. Прашањето е на што ќе се фокусира човек. Она што најмногу го ценам кај тебе е подготвеноста да дадеш несебичен, издржан и објективен совет. @Annath, не можам а да не ти изразам благодарност, многу пати си ми помагала во врска со прашања од здравствен аспект. Се сеќавам дека ти ми даваше одлични совети кога првпат во животот (се надевам и последен) се соочував со најужасната болка-забоболката Но гледам дека постојано си тука со брзи, издржани и објективни одговори и совети, оставаш впечаток на одговорна, исклучително интелигентна и објективна личност. Еден од моите гласови отиде кај тебе @Bubce38, ми оставаш впечаток на исклучително позитивна, дружељубива, секогаш излегуваш пресрет За готвењето спомнаа погоре веќе Продолжи така, обожавам да те читам! @Dream-Girl, кога те читам како да се пронаоѓам себе во многу од особините. Заљубена, одговорна, умна, целосно посветена на она што го учиш, а воедно го правиш тоа со толкава љубов, да му е мерак на човек да те чита. Организирана, педантна (тоа го гледам од сликите од бирото и книгите), полна со позитивна енергија и љубов кон животот Среќна сум што полека но сигурно си ги остваруваш соништата! @KateKane, како личност што многу цени добра смисла за хумор, морам да го истакнам тоа кај тебе како нешто многу позитивно и впечатливо. Што е животот без добра смисла за хумор Освен тоа, оддаваш впечаток на исклучително интелигентна, се согласувам со многу твои ставови, одлично се изразуваш и сакам да те читам! @Lianna Anna, твојата смиреност и одличниот стил на изразување кај мене предизвикуваат само восхит. Не си избувлива, туку секој став го изразуваш на аргументиран начин, секогаш издржано, секогаш софистицирано. Не престанувај да пишуваш, скоро секој твој пост е уживање за мене @0ли, и јас едвај те тагнав, но важно успеав. Морам да признаам дека пред да се отвори темава немав читано многу постови од тебе, но сега ме заинтересира и ти симнувам капа за смиреноста и тоа што одбиваш да одговараш на провокации. Тоа е особина што многу ја ценам кај луѓето. Треба да си голем човек за тоа. Освен тоа си и многу борбена, истрајна. @theowndemon, исклучително креативна, со одлична смисла за хумор, талентирана (на пример, за фотографија) и сестрана млада девојка. И со тебе си наоѓам заеднички особини, една од кои е и интровертноста, но и способноста за аналитичко размислување. Одлично го изразуваш секој став, се гледа дека си и вредна и одлично организирана. Ти ги обожавам секогаш деталните постови, кои иако знаат да бидат долги, ги читам со леснотија и уживање @WildMk, имаш одличен стил на изразување, многу си ми интересна за читање и не прескокнувам ниеден твој пост. Искреноста е твојата најзабележителна карактеристика, за која е потребна и голема храбост понекогаш. Но баш затоа и ти се восхитувам
Може Галабо, ама нека ни пише нешто измеѓу членката Чек сега вака, колешке @Alishan30 ви благодариме за идејата 1. Алишан... веќе се произнесов, сега да си докажам: е многу ја сакам. И знаете зашто ја сакам? Оти човечиште е. Со Алишан редовно за се' се согласувам. Во една тема, моето мислење индиректно ја погодило, ете. Да е било кој, ќе јаде трици наоколу, ама пошто е Алишан, ми пиша, и уште повеќе ја сакам. И многу други нешта, баш од приватен, пријателски аспект. Не ги исполнува сите критериуми за форумџика на годината, ама за човек? Другар? Пиши засекогаш победила. Алишанке, ти си светлина во морето полно лицемерие. Никогаш не се мењај. 2. @Annath единствена причина што не ја номинирав/гласав, е затоа што веќе победи. Ама кога ќе размислам, и Галаба е права Анат е дел од душата на овој форум, дел од она што Фемина ја прави битна и забавна. Анат е паметна, сестрана, амбициозна, забавна... таа и @danichap ми се се' што сакам да бидам кога ќе пораснам. Ова не го кажувам прв пат, лижам газој долго време Исто единствена причина што не ја номинирав/гласав е што веќе победи. @Bubce38 е човек што или го сакаш, или си викаш оваа нешто маФта. Не мафта, таква си е. Едноставна, муабетџика, другарка. Малце повеќе кажува за себе, па често е на "тапет" оти како иначе смее да пројде неказнето што е нормален човек? Не ја гласав оти сакам да ја читам на повеќе места. Имаш Бубо прилика да се поправиш ама пошто ќе победиш, немој да се правиш важна сега @Dream-Girl е младо, амбициозно и паметно девојче. И убава е многу. Камо сите доктори да се посветени колку ти. Надеж си, да знаеш. Омладина на место @KateKane нема мислење кое сум го прочитала, а не сум се согласила. Не знам дали и колку е помлада од мене, ама навистина начитано, паметно девојче или девојка. Од списоков нај ми е за титулата годинава @Lianna Anna поретко ја среќавам него порано, ама и понатаму мислам дека е ѕверка. Паметна жена, кул мама. Сите мислења убаво срочени, незавиени, кажани со смисла. @0ли само неколку мислења и' знам. И иако е сигурно многу повеќе од приказна и борба за дете, ете, неа таму најмногу ја има. Кај што сум ја прочитала, секогаш била добра, пресретлива, позитивна и оптимистична. Таа си е победник за себе и за нејзиното ќоше од форумов секако, а догодина ја чекаме да прошара @prominent исто многу слабо сум ја читала, но од тоа што сум запамтила, младо, позитивно девојче. @theowndemon колегиница, мачкарица, ѕверкица Може да напише пост 2км долг, јас ќе го прочитам @WildMk универзал, и млада, и "стара", ама со неа можеш до 101 мубет да правиш, да дебатираш и нема да се налути. Сегде ја има, помалку него порано, ама пак е ѕвер Неа и Демонка посебно ги сакам оти се битолчанки немам ништо битолско, ама најбољи дијалект имате, многу сакам и да ве слушам и да ве читам Honorable mention за: @Bozica1980 @ivi1987 @lunicka @Mishela @Nausicaa @Rebecca_R (алтер его мое ) @malerozna @Cosmi @LiliBoz @NarCis@ @DAngel @lovestoneddd @Lilit @Bridget ... и некој сигурно заборавив, нема на долго да ве пишувам, да не им крадеме спотлајт на номинираните
@Alishan30 и јас мислев после гласање да напишам нешто за сите од нас номинираните, намерно за да не помисли некој дека сакам гласови да купам или дека се лигавам. Тоа што мислев тогаш ќе го пишам сега. За тебе и @Annath ве имав ставено и во форумџики кои ја обележаа 2019. За мене сте олицетворение на Хипократовата заклетва, особено на овој дел За мене човек кој помага на други е голем човек, а вие две несебично сте смириле многу испаничени членови. @Bubce38 јас и ти сме дијаметрала голема од Португалија до Јапонија. Ништо заедничко немаме, меѓутоа откако почна гласањево сфаќам дека си сосема океј личност. Титулава годинава нека ти служи за стимул да ни се приклучиш и во други дебати. Не гриземе само лаеме Честитки пред време од мене, се надевам дека супер ќе ти се најде поклончето. @Dream-Girl ние си се знаеме од ФМЌ Да си останеш и понатаму борбена и да гризеш за секоја шанса што ти ја фрла животот. Те очекува голем пат, знам дека за некоја година ќе ги замениш докторкине од горе. Секое добро за понатаму име @Lianna Anna сто пати ја спомнав досадна сум. Жено, кога ќе пораснам сакам да сум ти. Не знам дали си свесна колкав импакт имаш на форумов, фангрлам кога ќе те видам дека си пишала. Мој апсолутен победник годинава, веќе не се повторувам ај промис. @0ли тебе прв пат те видов тука, меѓутоа се надевам дека 77 гласа те убедија дека луѓето те сакаат и сакаат да те читаат. Слободно приклучи ни се и во други дебати, емпатичен човек кој споделил од својата мака и помогнал верувам дека има и друго што да каже. Многу сакам емпатија, има уште многу други теми каде е потребна. Се надевам дека во 2020 ќе ја поклониш и на други места. @prominent заљубен човек е убав човек. Срце си, се надевам либе знае колку среќа има. Лела те нарече ball of sunshine мислам, поубав епитет од тоа нема. @theowndemon е за тебе сум малку субјективна си признавам. Уникат девојче, колку си само своја, колку љубов имаш за животни, за цртање, плус меменца човек, како да не те сака некој? @WildMk све ти имам кажано тебе, ама ќе се повторам, те обожавам жено. Искрено прво малку бев скептична за тебе пошто си целосно различна, некад со тоа инаетот знаеше да ме изнервираш, ама после видов дека си она кое денес малку души се а тоа е искрена. Продолжи и ти вака, инспирација за млади луѓе си. Сакам уште еден пост да напишам во кој ќе дадам малку конструктивен критицизам за целава ситуација. Сега за сега е доволно, тука ќе прекинам.
@Alishan30 - фина, воздржана и сталожена личност, во хумана професија на која се гледа дека си посветена од срце, пост кој ми останал во глава од тебе е со слика со детенце пациент еднаш во фото натпревар @Annath - те читам уште од почеток кога сум зачленета и не сум го променила позитивното мислење за тебе. Професионално истото важи како за Алишан, на располагање си секогаш за помош. Низ годиниве секогаш те имало и во дискусии со квалитетни мислења на место. @Bubce38 - искрено освен Оли ни тебе не те следам многу (тебе па лани малтене воопшто не те знаев кога те имаше првпат на листата). Немаш мој тип смисла за хумор, ниту интереси, веројатно поради генерациски јаз, ама изгледаш како океј личност со добра душа. Не сум видела лични навреди од тебе, па ни некој лош став или омраза. @Dream-Girl - посебна симпатија кон најмладите на листава имам и ќе имам секогаш. Мило и културно девојче кое порасна на форумов, од примерен ученик во солиден студент и иден одличен доктор, не се сомневам. Фина, заљубена, интелигентна и секогаш со одмерени, уредни мислења. @KateKane - мојот личен апсолутен победник, сосема спротивно на резултатот. Сестрана и хиперинтелигентна девојка со огромни знаења во повеќе сфери, длабоки пасии за кои ќе те заинтересира (науката и филмовите), емотивен рационалист и бескомпромисен борец за правда. Принципиелен либерал и идеалист што го погодува секоја неправда во државава, посебно кога се работи за насилство или вознемирување на жените и секогаш крева глас, па дури и активно има покренато да се помогне за конкретен случај. Тип на помош, емотивност и емпатија кој очигледно се потценува, а треба да е дигнат на пиедесталот на еден женски форум, како што и воопшто квалитетот на нејзините мислења е нешто кое треба да се фаворизира и кон кое треба да се стреми форумов. @Lianna Anna - неприкосновен фаворит меѓу повозрасните членки во разум, интелигенција, објективност. Најдобар пример за тоа како треба и може да размислува една современа жена и откако ќе се оствари како мајка, во најобични нормални македонски услови. Твоите деца се среќни што имаат таква мајка како тебе, и не се сомневам дека ќе бидат и кога ќе растат низ секој период во животот @0ли - како што реков, честитки за добиената животна битка, па да те читаме за добри работи и низ поопштиве теми во иднина @prominent - поим за љубов, позитивна енергија која ја шири низ многу теми, мотивација. Твојата љубовна приказна секогаш ќе ми остане омилена на форумов. Цел живот да сте така среќни @theowndemon - една од најкреативните членки, љубител на животни со срцки миленичиња, девојка со супер смисла за хумор и супер ставови со кои секогаш се согласувам. @WildMk - исто мајка што ми е ептен при срце како Лиана, само поимпулсивна и понекогаш малку тврдоглава, посебно за отворениот брак за што единствено не се согласувам со неа Неформално едуцирана и начитана жена со интерес и познавања за многу теми, а и голем човек.
Овде сум @CameliaMiller Може вака?? Све исто што напишала @Someonespecial би го кажала и јас. Освен нели она за мене. И КатеКане не ја доживувам така, само од причина што не сум ја читала воопшто. За сите други членки 100% се слагам со Спешал. Повеќе од свесна сум дека Не сум достојна за титулата форумџика на годината ( колку тешко звучи терминов) ама еве , очигледно емпатијата на членките кои го одат мојот пат е голема , па затоа и ме гласаат. Јас не се ни чувствувам како форумџика. Друга 'мисија' си имам јас на форумов Нека продолжи позитивнава енергија