Во поЌе теми да те има мУр Знам дека се' е шала смеа, затоа вака си зборам со тебе. И тоа те прави посебна. Ме смееш до солзи. Ама сакам да те читам и во посериозни теми. Затоа што знам дека имаш што да кажеш на нив
Се сеќавате на таа сцената од Mean girls? Скроз иста ситуација имаме овде. Покрај тоа што целово ова ќе личи на чизи ромком гзолижачки тралалајки, морам да се приклучам. @Alishan30 Не се сеќавам дека сум те сретнала, ама доволно добар впечаток ми е фактот што го почна овој rush на комплименти. Баш неопходно враќање во колосек, особено на тема што треба да е за shits and giggles, а не за драми. Драмата е секогаш поинтересна, ама не вреди да си копаме очи за безвезе. Така што, kudos to you за отпочнување на ова. @Annath Ме асоцираш на професионалност и коректност. Воедно, не се сеќавам дека сум прочитала нешто од тебе со кое не се согласувам и ме радува што постојат луѓе како тебе. Имам впечаток дека размислуваш трезвено и рационално во секое време. Goals. @Bubce38 Те немам читано ни тебе освен во оваа тема и ланската. Впечатокот ми е дека си опуштена личност со која лесно се прави муабет. Си пишуваш лабави работи и развиваш пријателства, очигледно гоолем број пријателства. @Dream-Girl Една од првите членки што ги знам на форумов. Мислам дека бевме околу 11-12 тогаш. Морам да кажам дека има нешто емотивно во тоа да се сведочи развојот на една личност од дете, до амбициозна и посветена девојка. Иако не сме правеле муабет многу, чувствувам како да сме пораснале заедно на некој начин. @KateKane Тебе главно те паметам по првичните тривија постови во сдк, а и имам чувство дека ни се имаат сретнато патиштата и во другите теми. Пример си за тоа што треба една млада личност да биде според мене, слободоумна, досетлива, полна со енергија. Сакам многу повеќе од тебе да читам во иднина. @Lianna Anna Објективна личност што секогаш размислува ладно. Исто така ја паметам како единствената што ми ги чита тупењата во религија. Многу интелигентна и бистра, а верувам и прекрасна мајка, уживање за читање во секој поглед. @0ли Честитки за остварената желба, ти посакувам сè најдобро. Не знам што да кажам друго со оглед на тоа што те знам само од тоа што другите го пишале тука. @prominent Веќе не знам што да кажам а да не бидам досадна. Зрачиш, блескаш, движеча среќо. @theowndemon Исто и за тебе, веќе стопати сум те испофалила па се осеќам ко да се повторувам. Млада девојка што се разбира од сè што прави, excellence во секое поле на кое ќе се нафати, цртежите ко од друг универзум... итн. Не знам што да кажам стварно, мачките ти се преубави еве. @WildMk... Уникатна си. Толку chill и unbothered персона ретко се среќава жими сè. Како што луѓето често знаат за некои од младите да кажат дека им ја враќаат надежта, јас за тебе би рекла. Ми ја враќаш надежта во возрасните, особено откако ме разочарале одново и одново во реалноста. Среќна сум што постојат луѓе како тебе, освежувачки е меѓу мноштвото затворени умови со кои се среќаваме секојдневно. Ќерка ти е една многу, многу среќна девојка што има мајка како тебе. За мене ти си епитом на она што значи да си родител. Тоа е од мене. Promote what you love, don't bash what you hate, така? Ми се допаѓа ова.
Од сериозни теми би сакала да влезам прво во труднички муабети, а после и во мајчински! И толку Таму да успеам да се пикнам , друго не ми треба. А за смеењето Секогаш ќе бидам овде
Нема линк каков линк лин лин кака лин Локумче, јадење локум секоја вечер, од оној со орев и тоа. И мн шеќер во прав
Што почнавте со овие досадни хвалоспеви? Нејќеме "pink unicorn club" gathering, него some real shit. Long live the tradition of hating!
Единствено нешто полошо од непотребни драми се лажно позитивни патетики, кои, да не се лажеме, знаеме дека не може да се 100% точни. Ма да не знам ни зашто ваква тема е отворена за коментирање.
Ајде и јас да напишам нешто @Alishan30 ја забележав по тоа што им помагаше на феминките и го делеше своето знаење да помогне секому. Сум побарала помош од неа во лп и веднаш ми беше одговорено. Се позитивно и мило ми е што е дел од овие номинирани феминки затоа што го заслужува тоа. @Annath искрено не сум ја сретнала премногу па затоа сега и разгледав некои мислења од поодамна и ми се допаѓа што исто е посветена и е тука за да им помогне на сите. @Bubce38 Ја забележав оваа година но не знам од кога е на форумот бидејки и јас се вратив во игра годинаваТаа ми е весела насмеана позитивна. Зрачи со интересна енергија и заљубеностМногу нејзини постови ме насмеале бидејќи има многу добар хумор во неа Се нај... @Dream-Girl девојкава ми дава надеж дека сите можеме да успееме ако навистина го сакаме тоа.Зрачи со позитивност и секое мислење и е воздржано од навреди кон другите.Се гледа дека е педантна и добро организирана личност. Исто има среќа во љубовта и многу ми е мило за тоа затоа што тоа е еден од факторите кои ни прават да се наполниме со позитивност а посебно е супер кога личностите како неа знаат таа позитивност да ја вметнат и овде. @KateKane сум ја среќавала мислам дека најмногу во СДК ама не сум премноогу сигурна и не се сеќавам посебно на некои мислења.Но секако чим е овде дека тоа е заслужено и ќе се обидам повеќе да ја пратам. @0ли @Lianna Anna исто за жал ги немам читано премногу иако Оли мислам дека ја имам читано повторно како и другите членки како дава совети за да помогне.Се надевам на повеќе дружба со вас девојки. @prominent како што кажав и претходно мојот глас отиде за тебе.Девојка полна со позитивност. Значи полнаа...Ми доаѓа да те џврчнам и на сите негативни тука да им внесеш насмевка. Инспирација си ми за среќа. @theowndemon премногу креативна девојка. Да започнеме од неверојатното цртање од кое останувавпа да продолжиме со прекрасните рецепти кои ни ги приготвувашеИ исто сите мислења на место. @WildMk како и на другите така и на мене ми остави голем впечаток.Посебно затоа што си уникат од жена.Остани така
Сега за инает на сите шо гледаат негативно на позитивните постови, ние да им гледаме позитивно во нивните негативни, да видат малку како е