Цаката е што жениве што божем се со најпотресни приказни, и двете победија во своите борби годинава Нема зошто да ги "жалиме"... за пофалба се
А можело и вака ?Убаво,смирено ,позитивно. Браво за идеата @Alishan30 . И да почнам со тебе.Вистински пример како лекар треба да се однесува.Хумана,грижлива секогаш спремна за помош и одговор.Првата порака која ја добив по невремето летово на Халкидики беше од неа.Никогаш не заборавам. @Annath најсестрана личност од област на медицина.Не само од нејзината струка туку толку познавања од општата медицина има што треба уште една диплома да си има.Секогаш спремна за одговор,помош... @Bubce38 жена која многу поминала во животов и на која сега тој и враќа со голема љубов од сопругот а набрзо и најголемата желба ќе и се оствари.Знам и мора ,нареднава е нејзина година.А за нејзината спремност секому да помогне немам збор.Би сакала да ми беше поблиску да си бидеме другарки... @Dream-Girl единствената од листава која ја номинирав.И мислам дека најмногу заслужува оваа година да победи.Поради младоста и зрелоста истовремено,поради упорноста,брилијантниот ум,желбата секогаш да одговори ,помогне.Не познавам олку млада личност со вакви позитивни особини.Се одвојува од сите на нејзина возраст и мислам дека ќе се одвојува и во нејзината професија а мене ќе ми биде чест што сум имала виртуелна пријателка која ќе биде голем човек,сигурна сум во тоа. @KateKane иако многу не сум ја читала сепак од тоа што сум приметила млада амбициозна и сестрана девојка @Lianna Anna исто сестрана возрасна жена,мајка,со секогаш издржани мислења. @0ли и сите жени во темите за подршка и вештачко им симнувам капа за упорноста,силата и љубовта кон суштественото во животот.Многу ги читам тие теми,ги познавам многу од тие борци,често плачам на неуспесите ама и најмногу се радувам на секои две цртки.Заслужува да е на листава па и да победи. @prominent најголем впечаток ми оставила со својата огромна и чиста љубов.Надеж ми е дека сеуште постои вистинска љубов. @theowndemon слаба сум на битолски чупиња.Секогаш опуштена ведра,знае со сите и секаде да се постави.... @WildMk ја сакам поради немање влакна на јазик и имање храброст да си каже се што мисли .Повеќето имаме многу слични ставови,искуства и мисли со неа но не сме храбри да си ги признаеме.Едноставно ја обожавам. Олкав пост не сум пишала во моето долгогодишно постоење на фемина.
Просто Не можам да си поверувам дека еден од гласовите не ми го даваш на мене. Не можам и не можам да го сварам тој момент! Се мислам да му кажам на мојО да ургира преку мт , ама ај, ќе почекам тебе да ти 'текне'
Колку е убаво чувството после неколку страници испишани со неубави работи и расправии да прочиташ нешто позитивно и убаво. Конечно изборот наликува на избор. Иако не сум ги сретнала сите доволно број пати, ќе ви се придружам и ќе се потрудам да напишам барем една убава и позитивна реченица за секоја од номинираните. @Alishan30 - првично ќе кажам дека има одличен никнејм и ја има една од најубавите особини, човечноста, што ја прави уште посимпатична од тоа што е. Одличен член, сталожена, фина и издржана во ставови. Секогаш спремна да помогне. Едниот глас е за тебе, you go girl . @Annath - уште еден добар член кој редовно го читам, особено низ темите во кои советува за здравјето на луѓето. Сакам да учам од неа и @Alishan30 . @Bubce38 - иако не сум ја читала многу, знам дека е заљубена млада жена и одлична домаќинка. Штипјанка, многу го сакам вашиот дијалект . @Dream-Girl - зрело младо девојче со веќе изградени ставови, цврсто и сигурно ја следи својата цел. Прекрасно воспитана и културна. Знам дека ќе биде одличен доктор . @KateKane - паметна, остроумна девојка, а воедно и многу духовита. Често пати кога ја читам знам слатко да се изнасмеам на глас. @Lianna Anna - една од девојките што сакав да ги гласам. Се двоумев помеѓу неа и @Annath , па за да не згрешам, одбрав да не го дадам третиот глас. Ти си уште една исклучително квалитетна личност, со извонреден начин на изразување, мислењата ти секогаш убаво скоцкани, од мерак да читаш. Се што е кажано е однапред размислено и убаво склопено. @Оли - не ја знам девојката, но од мене има поклон до земја што не се осврна на ниту една провокација, на ниту една прозивка. Секоја чест. @prominent - ако имаш лош ден, тука е @prominent со нејзиниот пост кој вришти од позитивност да ти го разубави денот. Секогаш позитивна, вредна и заљубена млада девојка . @theowndemon - пред да почнам да пишувам со чупево мислев дека е малку чудна . Е сега тоа малку чудна, премина во една многу забавна и интелигентна млада дама, која и покрај тоа што пишува на дијалект и некогаш ми е многу тешко да ја прочитам, уживам да читам за нејзиното секојдневие, а воедно и нејзините издржани ставови. Сестрана и квалитетна форумџика. Гласав за неа, you go girl . @WildMk - иако со многу работи не се согласуваме, кај неа ми се допаѓа тоа што од ништо умее да развие дискусија. Борбена и интелигентна. И знам дека е добар човек .
@theowndemon се приклучив кон 69 ката Се шалам. Те читам и мислам дека заслужуваш да си И дел од листата и според мене да си победник.Го освежуваш форумот, активна си и ми се допаѓа што си имаш изграден став. @KateKane еден глас отиде за тебе. @prominent понекогаш мислам дека си писател, публицист.Толку одбрани зборови, толку знаеш чувства да изразиш,дури осеќам дека можам некои работи да ги учам од тебе. Ми фалеше еден глас, би го дала на Вајлд, без разлика дали се сложувам или не со нејзини животни и секојдневни ставови.Она нејзиното " не мо'м поевеќе" секогаш ме весели.Таа е човек од секојдневието, а ретко имаме такви другарчини кои се соголуваат и отворено зборат за табу теми. Резиме: кој и да победи-заслужил. Ова е збир од наши предлози.
Jaс ја поштувам Бриџа, love-hate емоции имам кога читам нејзин пост. The deeper the hate, the deeper the love
Сите ја чекаме Ама сабота е денес. А нели Она заглавува во петоци навечер Не е расонета уште. @Bridget ајде ма, до кај си со говорот?
Честитки на сите кои се најдоа на листата, заслужено. Според мене годинава ја одбележа @Bubce38. Другите гласови заслужено итидоа кај @WildMk@ и Alishan30. Ми фалеа бар уште три, но како што реков, самото тоа што сте топ 10 феминки е успех, а @Bubce38 е победник без оглед на крајниот исход.
Што да напишам, сте ја упропастиле темава Говорот за крај, мада годинава ќе препуштам на другите, гледам има напредна младина
Ајде и јас да напишам тоа што мислев, па дефинитивно да се одјавам од темава. Со тоа што нели било што да се пише овде се дочекува на нож. Ова е мое прво и последно учество во вакви избори, следна година не би сакала да се најдам повторно во ваква ситуација. Ако мое потенцијално освојување на некоја награда значи олку омраза да искочи од сите тогаш подобро да не учествувам во истото. Феминист се декларирам и едноставно не можам да поддржам платформа во која она за кое се борам - жена да се руга максимално. Се трудам да внесам колку толку позитива во темава, мемиња правев, шали, ама не бива едноставно. Интересна сум се правела, океј. Што правите луѓе, сериозно, што правите? Ваков ли пример сакате да оставиме, како кокошки во арена кои играат некоја македонска верзија на 'Hunger Games'? Сите си имаме членови кои си ги сакаме и ни се мили, исто имаме и членови кои не ги сакаме толку, има некои ете сме се скарале, едноставно луѓе сме и така функционира моторот наречен живот. Ниту пак јас сум совршена и сум уникорн со шеќерна волна полн, баш напротив и јас некогаш знам да ја претерам. Можеме да бидеме нешто многу поголемо - најголем македонски форум сме, со име Ф.Е.М.И.Н.А. Може многу битки да издејствуваат жени на куп - само погледнете ги протестите низ историјата - The Burning Bra, The Equal Rights протести каде историја испишале баш токму тие - жени. Што правиме ние тука? Си ги глодаме коските која треба таблет да освои или која треба "престиж" да добие за најфорумџика. Ништо не ми значи тоа - пак ќе се повторам, повеќе ми значеше и се радував кога видов членови кои ги обожавам дека имаат позитивно мислење за мене, со тоа автоматски победив. Колку сака cheesy нека звучам. Зборовите од @Someonespecial ми прават уште најпозитивно ехо во глава, мислам дека најдобро ме имаш разбрано што сакам да постигнам во животот. Фала ти Спец, да знаеш дека овие зборови ме мотивираат и понатаму да продолжам. @Bridget многу убаво пиша за мене - дека имам уште да се докажувам. Дефинитивно ќе продолжам да го правам тоа, да убивам мизогинија, да поддржам удрена жена, да хејтам манијачишта и да помогнам ако ме прашаат за совет. Нормално дека ќе грешам по пат, немојте да мислите дека за некои од форумов не сум изела лајна - ехе, многу пати. Ама пак ќе повторам I'm human и правам грешки. Поздрав друштво и се читаме. На Бубче и ја честитав победата, апосолутно пружам рака и спортски честитам поздрав со широка насмевка на лице затоа што не се спуштив во ниски игри против тебе. Не си ми фаворит за победа, тоа јасно го кажав, ама доблесно ќе ти честитам. Јас продолжувам и понатаму, ама не во ваква тема дефинитивно. И јавен повик до @Femina и @RainBow да размислат каква платформа сакаат да бидеме. Дали кога ќе се спомне фемина форум да се рече да - има жени кои секогаш во се можат да ти се најдат или фемина - место кај што очите си ги вадат за таблет и престиж. Поздрав и секое добро.
Еве зошто ти симнувам капа и ти се восхитувам. И еве зошто за мене си победник и форумџика на годината