Ќе земам, ќе си ги испринтам сите описи што сте ги пишале за мене... Ќе си ги урамам, и ќе си ги закачам на ѕидот. Ако е фејк (како што некои тврдат), нека е фејк... Мене ми убо на душичката Ве сакам сите - 'Miss World' mode on
Пак ли пропуштив нешто ? Чудни ликови на едно место ......во текот на годината се сожалуваат , на избори очи си вадат , после избори пак се сожалуваат @KateKane , убаво имаш прикажано сликовито, тој што те критикувал вошки нека фати @referentka , следна година ќе те манијачам се до номинации , ме изненади со изборот твој, значи сепак вистина била поговорката попаметниот попушта Ништо, морам да одам на работа , во понеделник ќе дојдам да изнервирам уште некој пред нова година Ќе му пренесам и на маШ ми да гласа. Вие продолжете да си вадете очи штом не знаете да се дружете.
Ја лани те гласав, баш го раздрма форумот. Годинава се скроти и ти. Од секс на манџи премина, ама шо има везе, да се дружиме и сакаме. Најбитно. Шала на страна, поштувам што секогаш знаеш како да дебатираш, да се подзамислиш, да прифатиш друго мислење, критика и сл. Некогаш ти се чудам од каде енергија и трпението да го оправаш светот. Ајде вади принтерот.
Да не смкна некое килЦе Оживуваш мртвило, вајлдке Чизи или не, за чоек шо си кажува дел од демоните, да бидам во фазон "не сте осетиле - не знаете", секоја чест. Така да ме напаѓаат, јас не би издржала и би се распаднала. Анкс пуштена на најјако. Секоја чест краЉице
Никој не си вади очи за таблет или престиж. Не е дива арена каде кокошки се тепаат баш за таблетот. Еве и ти си претерала во описите како што некои тука претераа сакајќи да објаснат свое видување на форумот, што тој значи за секоја од нив, како ја замислуваат "идеалната" форумџика а како не. Тоа што сме на различна возраст, темперамент, начин на изразување, интереси, од овој или од оној табор, доведува до тоа да проструи и негативност, негодување, револт. Очекувано, работа на модераторот е да препознае кога е претерано, толку. Можеше да бидеш и ти поголема личност и да не ја опишеш темава така како што ја опиша, ринг за таблет, ама се навлече на атмосферата?
Јас нема да откријам за која форумџика гласав. Дел од членките на листава не треба да бидат во неа,ама нема да кажам кои.Не ми се влегува во оф топици. Само дојдов да ги пофалам @Annath затоа што дава добри совети од областа на стоматологијата,@Lianna Anna затоа што иако е мајка има огромно разбирање и почит кон нас немајките и @theowndemon затоа што е добра другарка која секогаш знае да те насмее и да ти се најде со добар совет. Поради ова што го набројав и поради тоа што ги има во повеќе теми,за секоја од нив сметам дека заслужува да биде форумџика на годината 2019.
Ја мислам нема на @theowndemon да и' се исполни желбата за 69 гласови. Ќе надмине, да се кладиме ако сакате.
Види ја коби. Ако надминам ќе треба поразителен говор да држам, вервај го сакате овој говор за 69 шо го спремам.
Штом добиеш 69 гласови, одма одржи го говорот, не чекај. За 7 дена да останеш на иста бројка не ми се верува, ама ајде да не кршам филм. Едит: Заборавив да го цитирам мислењето над мене.
Ама колку луѓе поминаја 69, не ми е филм то. Сакам да задржам јас. Мојата бројка нека го спој форумот и уште еден глас и не ме гласајте ахахха
Батали 69,глеј 96, поарна е -нит те закача некој нит бара нешто од тебе. Важно газ*т топол ќе ти е. Гласајте луѓе за неа, до 96 да дојде