И сестра Магс кога ме гласаше ме изгласа прва и бев на 100%. Сега се тешам дека никој после мене нема да е на 100% барем ама не е исто чувството дека преминав преку 69. 69 замина шо замина. Ама ако друг заглавите на 69 шо не е јас подраматично ќе си заминам од форум и тоа цели два дена! Спојлер: Доказ #1 на Магда Еве ти ја одбранив "честа". @MagsDestiny
Аиииии значи не сум единствена што ме прогонува овој број Јас ептен сум малерозна, често си го гледам бројов ама мора дали на фб лајкови 69 ќе видам или било што надвор, дури и на тротоар го сретнав напишан а сега ме натера нешто и на фемина да се вклучам и да ја отворам темава за да го видам бројот на работа ми завршува со последниот бр 69 (секад кога ќе ме повикаат за нешто морам да си го кажам бројот бруки )и на шкафот ми го пишале со маркер за поубаво да го видам поголем е од мене бројот Исто така онлине нарачката за козметика со бр 69 на крајот завршуваше врввв А и батеријата ми е страв да погледнам на тел колку ми е , сиг е 69% стандарт А да, и јас те гласав ради бројов морав
Меѓу тие две што засега се во водство би ја гласала Вајлд пошто другата женска кај и да сум ја сретнала биле само чет муабети, не негирам дека е добра другарка и забавна и интересна и спремна да помогне, ама сестра да ми е и бубрег да ми има дадено нема да ја гласам поради тоа пошто за форум чет муабети не се квалитет.
Бубче сум ја читала чат пат, запознаена сум со нејзината приказна и она со кое се бори во приватен живот. Храбра, истрајна жена со исто таков животен сопатник покрај себе со кој имаат љубов за пример. И затоа што сето тоа е голема работа, доста членки на форумов се трогнати од тоа и ја гласаат неа. Немате појма вие што е темата +/- 40. Лани победи Галапче, исто заради храброста и борбеноста во приватен живот. Добро, можеби се покажале и како другарки и помогнале на многумина тука со совети и се' но сакам да кажам дека мислам оти на гласањево за форумџика на годината на повеќето не им е репер тоа да биде онаа што е најактивна во темите, туку некоја што ќе се претстави тука како борец и победник во животот, надвор од форумов. Барем тоа така се покажало последниве години. И немам ништо против тоа, чисто забелешка си кажувам. Која и да победи, заслужено е.
Не запазив точно да не те излажам но само паметам дека над 70 гласови имаше. 70 и нешто а сега моментално 77 гласа имаш. Слободно сега до 96 терај!!! па и 169 се до 196 Среќно! А што се однесува тука до муабетите за тоа "која и зошто била во водство да победи" за мене сосем небитно, која и да победи нека и е со среќа. Бидејќи последнава година мн слабо бев активна тука за да приметам која била најјактивна низ форумот. Ради тоа ниедна неможам ни да издвојам како најдобра или спротивно. Која и да победи мило ќе ми е