Може да си честитаме? @Bubce38 се среќа нека ти е победата. Заслужено. Искрено, поради темава почнав да те забележувам повеќе. Со новата победа ти посакувам и нови, поголеми успеси за годината која иде. И не се разочарувај. Се ќе си дојде на место. Уште еднаш, честитки!
*во живо од ФИК * Изборот официјално е затворен. Имавме мирни, фер и демократски избори. Честитки фемина! Гласовите се пребројани и време е да се прогласи победникот. Честитки @Bubce38, ти не само што си форумџика на годината, туку и си една најпрекрасна личност. Изборот годинава е одличен. @galapce и @Bubce38 да пристапат на подиумот за да се предаде круната. @Bubce38 да го каже говорот прво. Исто така, да искористам прилика да се заблагодарам на сите 115што сте ми дале глас и што според вас сум била форумџика на годината. Изненадена бев и што се најдов на листава, а сега сум уште поизненадена. Не знаев дека толку многу ме читаат, може треба да припазам шо пишувам. П.С пратете ми адреса у ЛП, да ви стигне поклонот пошо ме гласавте, само услов е скриншот дека сте ме гласале вистина. Пшт, да не слушнат другиве. Ајде, сега со време да се ангажираме низ темите, веднаш ќе дојдат новите избори, да се почне со кампањата и ветувањата, да се собираат гласови. *пресот заврши *
Епа @Bubce38 среќна победа, ми се најде и во "нај" форумџивките и иако не ми беше изборот мој сметам дека е заслужено и ми е многу мило! Сега очекувам(е) говор! Ова нека ти е потсетник да идиш уште повеќе и уште повеќе патиштата тука да ни се преплетуваат. И ќе глумам дека е ова како паѓање паричка во мазник и ќе речам да ти донеси ова среќа, пари, љубов, и успех на секое поле кое ти е важно. Некој ќе речи "аа форум е" дур и тие седат на форум. Поентата ми е, да, сите имаме живот надвор од тука, ама да се допадниш на толкава маса на луѓе (220) е успех и не дозволувај никој да те убеди поинаку. Ајде со среќа нека е и за многу години
Честитки и @theowndemon Ете една утешителна награда Една слика 101 член. Нек ти е со сречом. Како што си креативна ќе си ја направиш белата кола цела со цртежи со мандела и ќе си ја возиш низ Битоља со мерак. Внатре ќе ечи BVB
Честитки до @Bubce38 за освоеното прво место. Да не заборавиме дека има и второ и трето место кое заслужено им припаѓа на @WildMk и @Annath, честитки и до вас како и до сите фемки на листата.
Честитки @Bubce38, годинава беше твоја, нека наредната ти биде уште поубава! Честитки и до сите други кои се најдоа на листава, продолжете понатаму да го разубавувате форумов!
Честитки @Bubce38. Ти најпаметно и на најмирен начин си поткупи гласови со теглите . Бев убедена дека @Lianna Anna ќе е победник.
Сите на листава, секоја на свој начин заслужила да биде на листата, што не значи дека оние кои не се горе набројани не се заслужни. Честито победа, и честито на сите останати, секој глас за Вас значи дека Вашиот пост се цени и почитува. ..и...Среќна.Нова Година на сите
Честитки @Bubce38 Нека ова биде предзнак, за прекрасна 2020 година, и исполнување на сите твои желби, желбички и желбишта
Толку беше? Честитки на @Bubce38 за победата и на сите останати кои се најдоа на листава. Она што го правите, го правите многу добро, затоа вашите никови се тука. Ајде сега отварајте шампањ.
Cestitki @Bubce38 i da te citame uste dolgo. I za site drugi clenovi koi go razubavuvaat forumov sekojdnevno, im posakuvam Srekicka goolema
Честитки @Bubce38 заслужена победа, ти посакувам 2020 да ти биде незаборавна, да ти се исполни твојата најголема желба и да дојдеш на муабет во темата каде што посакуваш да бидеш во 2020.
Прво, честитки до @Bubce38 Победата тука нека биде само почеток на безброј успеси во 2020! И јас морам да признаам дека поради темава почнав да те читам почесто. Заслужена победа и најискрено ти честитам. Честитки и до @WildMk и до @Annath, исто ви посакувам 2020 да биде ваша година И јас ќе се согласам дека сите што се најдовме на листата сме на некој начин, победници. Иако се работи само за тема на форум, не е мала работа да знае човек дека го читаат луѓето, дека мислењата предизвикале позитивна реакција кај толку членки/членови. Јас бев изненадена кога се најдов на листата, најискрено и многу пријатно изненадена. Ни во најлудите соништа не помислував Се дистанцирав од расправиите во темава, сметам дека немаше никаква потреба за тоа. Ви благодарам на сите што гласавте за мене Ми значи ова. Ми значи и самото тоа што знам дека ме читате и што успевам да ви влевам барем малку љубов и позитива во секој ден И така, среќна и успешна нека ни е 2010 на сите, иако е малку рано да почнеме уште отсега со честитки за мало частење не е рано никогаш Наздравје!
Честитки @Bubce38. Во најскоро време да кажеш дека ти е исполнета најголемата желба, од срце ти посакувам. Јас наредната ќе победам.