Честитки најмила @Bubce38 , победи мојата фаворитка, не знам за други теми, ама дефинитивно беше секогаш тука да помогнеш за совет и позитивна мисла таму каде што најмногу си потребна. 2020 е твоја година, во остварување на најголемата желба
Честитки @Bubce38 !2020 само убавини да ти донесе и исполнување на најголемата желба, се разбира! Спремај се, спремај говор и појави се. Честитки и на сите останати феминки на листата. Сите заслужено се појавија на неа. Секој со нешто придонесува Фемина да е убаво место за дружба. Ви посакувам на сите година полна со успеси, радости и среќа!
Годинава беа најмирни избори, немаше никакви драми, пресврти у последен час Досадно @Bubce38 Честито победа
@Bubce38 , честито победа Уште поубаво да ти почне 2020. Свечен дочек ќе ти приредиме во темата, ти само дојди
И официјално, @Bubce38 е Форумџика на 2019 година! Подарокот е: Смарт часовник Garmin Vivomove HR Sport: Ви благодариме на сите кои учествувавте во изборот!
Круна и часовник, а? Епа што да кажам освен едно благодарам на сите кои гласавте и кои не гласавте за мене. Искрено, знам дека можеби, т.е веројатно друг требаше да ја добие титулата форумџика на годината , но ова е само нели еден форум кој секој го сфаќа и го доживува на различен начин. И морам да кажам дека за победава најмногу имаат допринесено друшките од т. вештачко и подршка со кои чекориме или сме чекориле по трнливиот пат. На нив ќе им посакам полни раце годинава , истото ќе си го посакам и себе , а на сите вас ќе ви посакам прво здеавје, љубов и успех на сите полиња. И Не. Годинава Не победи приказна , поготово не тажна приказна. Не победи очајна жена со неисполнет живот, очајна 40 год домаќинка со основно образование. Не Победи среќна, заљубена и исполнета жена која живее живот баш каков за кој од секогаш сонувала. Тоа што си пишувам лефтерно и на дијалект и претежно во лабави и лефтерни теми , не пишувам колумни и есеи и не влагам во дискусии во темите кои се од есенцијално значење за општеството, тоа е само од причина што немам време, а ниту желба да оправам нешто кое не е во моја надлежност Моето учество на форумов и во иднина ќе продолжи да биде на истиот начин и во истите теми.Да поможам таму каде што можам, да упатам утешителен збор и да влеам некоја надеж, да се шалиме и смееме, да се дружиме. Бидете среќни и уживајте во животот. Каков- таков, еден е. Затоа мора да ни биде најубав. Друга прилика ќе немаме. Часовникот нема да го донирам. Не познавам семејство , т.е некој на кој часовников би 'решил' некоја болка, проблем .. Ќе направам друго хумано дело. Ваше е да ми верувате, мое е да си го одржам ветувањето. Среќни и бериќетни празници