Јас избрав членки од темата Интроверти, и една админка. Не би ги издала никовите. Затоа за кој треба да гласаме треба да е член/членка која има и позитивни и негативни гледишта но во истите се има истакнато.
@Alishan30 @duffi @LiliBoz @NarCis@ исто ми остави многу голем впечаток годинава и многу ми е криво што ја снема.
Зошто да не гласаат тие со помалку 500? Па најпристрасно гласаат токму тие што се со години тука,( на ФБ,инста)па мора за другачки да се гласа. За форумџика би требало да победи личност која е сестрана,не ограничена само на една единствена тема на форумот,пр. 40 или фмќ ,мајчински или Фемина рецепти. Има членки од кои немам прочитано мислење на ниедна тема,став,било што.,.ама си се номинираат поради приватни дружби.
А мислења од типот што јадев за доручек се бројат. И, како е тоа релевантно за квалитетна дебата на форум?
Затоа пишав, треба да се бира член што шара насекаде, што шкртка во повеќе теми, па некаде тој "добар член" сигурно би се сретнал
А ако пишуваш у повеќе теми испаѓа сезнајка си мене бар така ми рекоа, јер имам мислење свое за нешто (чоече се крсти со две раце)
Се бројат, проверено. Мислам, и онака целава оваа дебата е без поента. Ко што видовме погоре, победничката обично имала заслужена победа низ годините на фемина. А номинации ко номинации, и МК секоја година номинира филм за оскар, па еве уште не го добила.
Номинирав две членки, во порака нормално. Нема да кажам кои се. Со едната никогаш немам комуницирано, но нејзините мислења се толку реални и ме импресионира, ја има во разни теми. Другата членка исто така е активна, имаме си пишувано некогаш кога ми требало помош и секогаш ме смирувала и ми давала убав совет. Има една членка со која се дружам повеќе, но не ја номинирав бидејќи е активна само во една категорија и пишува мислења во неколку теми.
Сите имаме различни критериуми. Арен си е изборот, слободен. Јас на пример победив со врски. Па ми беше срам цела година да пишам нешто.
Не си единствена, практика стана после победа да исчезнуваат, дали си ја имаат мувата на капата и од срам ко што велиш...не знам Еве ви идеја како да се откачите од мене
Ама има и неколку најупорни победнички што уште весламе, да не се вреѓаме сега. Додека не дадат пензиичка, не си одиме ветераните. @zhap4e така ли беше планот?
Ако се сеќавам добро и тебе малку те снема после изборот, после кога ти помина срамот пак се врати Може грешка сум, може на друга мислам. Или Лејди Феникс беше, стално ве мешам, поточно мешав.