Искрено, за мене нема форумџика за оваа година... Али и тоа е нормално, сите се знаеме кои сме, што сме, дијагнозите си ги иаме поставено, и тоа е. Што не значи дека нема да гласам ако едни од моите омилени се на листата.
Пред да ја објават анкетата, да си кажам дека ги номинирав @KateKane, @Nausicaa и @ivi1987 Три членки со сосема различни позадини и животи, но со издржани ставови (со кои најчесто се согласувам) на важни теми. Знам дека сите имаме различни критериуми, и „важните теми“ се субјективна работа, но не можам да номинирам некоја која коментира на 2-3 чет теми, колку и да ми е мила и фина. На пример, има многу такви членки од ФМЌ, срцки ми се, им ги лајкам сите постови, но најчесто си го прераскажуваат денот и кажуваат колку се заљубени. За мене, тоа не е материјал за форумџика на годината. Форумџиката на годината треба да биде популарна членка, која ја знаат сите, која коментира на актуелни теми, отвора нови теми, коментира повеќе од две реченици, не се плаши да влезе во дискусија. Не мора да ви биде другарка, со две од номинираниве немам никаков контакт, а третата ќе ја номинирав и да не ја познавав. Уствари сите проблеми почнаа со отворањето на 40ката и ФМЌ, кога сите си се додадоа и форумов стана уште една социјална мрежа, но да не навлегувам во тоа овде. Со среќа на сите!
Ми го направи денот со ова што го прочитав. Посебно зошто доаѓа од човек што сакам да го читам, и затоа што сум со уште две девојки на кои им симнувам капа
Оваа 2019 година е МОЈА и сакам ЈАС да победам,затоа што по КРВАВИ 5 години ВИСЕЊЕ пред ординации,СОЛЗИ излеани низ Вардар наполнети,непреспиено ноќи,мака во недоглед и конечно,ама КОНЕЧНО и официјално дојде крај на моите солзи(фала ти БОЖЕ ДО НЕБО И НАЗАД)се оставрив како МАЈКА еј мили мои МАЈКААА(мислам ќе летнам од столов),само БОГ знае колку се НАМАЧИВ и затоа ЗАСЛУЖУВАМ да ПОБЕДАМ во 2019-ТА година,зошто ја ОБОЖАВАМ.За вас останатите има време.party:
Нека ти е живо и здраво али тоа не е услов за да бидеш форумџика на годината, без навреда.. Али еве може за мајка на годината да те прогласиме ако сакаш
Акo се чувствувaш кaкo пoбедник, тoгaш пoбедник си. Јaс секoјa гoдинa пoбедувaм, тoa штo не ми дaвaaт крунa oфицијaлнo нaјмaл прoблем е. Тaкa дa, честитки и зa тебе и зa мене