Исти профил. Одма да се реагира! Да се избрише гласот и да заврши веќе гласањето. Гласајте за @CameliaMiller плиссс. Лани бев јас. Доволно е
Џабе Бубче,џабе. Јас те изоставив,Каме ја гласав,ама еве пак си на врвот. Те сака народ бе,ти нив со камења,тие тебе со ружи!
Ама стварно ми се спие. 2 саата имам спиено само. Каков фајронт ќе има годинава, волку возбуда за цела немало
Оди прави вртени гурабии, купи кисели води, здроби руска, тури некое кифле да се пече....таксај ги Агушеви, купи конфети...и шампањско едно, на попуст се во КАМ
Немa ли крaј oвa, ми се чини целa вечнoст се глaсa Бaрем дa мoжевме дa се oблoжувaме, некoј денaр ќaр дa бевме.
Две работи 1. Како ви текнуваат вакви работи, анкетата ќе биде затворена во 7.18? 2. Мене ми беше доволно, и го посветувам изборниов резултат на @theowndemon пошто има таа некоја тајна веза со бројките
Лест минит блек мандеј сејл! Неповторлива понуда само оваа предновогодишна понеделничка вечер! Со секој ваш глас за демонка добивате волшебен празничен пакет: меки топли кифлички, руска салата, греано вино и кутија чоколадна баклава Но, тоа не е се! Доколку донесете и другарка да гласа, во вашиот пакет добивате и гратис пилули за слабеење и ваучер за фитнес клуб по ваш избор, за веднаш по празниците! Нооо, тоа не е се! За гласачот што ќе донесе најмногу гласачи до полноќ денеска следува неверојатна награда! Прослава на новогодишната ноќ со луда забава и големо друштво и тоа без повик и посета од полицијата! Гласајте за демонка и дочекајте ја најлудата ноќ во годината, како никој што нема да може овој пат. Ве очекуваме ду јор меџик