Ќе ти го скршам филмот, ама, ни еден закон не постои ако претходно немало зошто да се смисли Така и правилото околу "староста" на профилите, како и дека може да се номинира некој со минимум 500 мислења, очигледно во теми во кои се бројат мислења. Дали може да се спречи ова во иднина - не знам.
Па нека забранат креирање профили во декември, одкајзнам. Заради ковид мерки, гужва е на форумов. Многу работи треба и може да се напраат, прво и основно, политика на користење со консент, ама ти кралице, само круна имаш, уредувачка моќ и програмерски способности, не знам баш.
Нешто друго да не сакаше да цитираш? Леле, леле, Камелијо, денес таксистот ми рече госпоѓице. . Абе ме подмладивте овде, живот ми продуживте. Извини, забораив, Принцезо Пошто госпоѓица си, така?
Да и не планирам во скоро време да не бидам. А и да станам госпоѓа, принцеза ќе си останам. Ако може Чарлс на 72 принц да биде, можам и јас принцеза на 30+
Значи каква спанка сум, алал да ми е. Се испуштив. И иако Јуле си ја гласав и искрено ми е криво што се' беше само муабет, ве номинирав Јуле, Алиша0000 и тебе Каме. Кога излезе гласањето не знаев дека можам повеќе членови да гласам, па си ја изгласав само Јуле . Секако да знаев ти и Билјарката ќе ми бевте избор плус. @CameliaMiller заслужено драга моја. После се' што мина годинава ова е една ситница и тоа ти се радувам многу! Твојата среќа е и наша среќа! Остани пред се' здрава , жива и весела, остани кул и насмеана,здрава, жива и весела! Ти си толку оригинална, никогаш да не се менуваш! Многу, многу те сакам и гушкам! Ти заземаш спешл место у моето срце
Ја те гласав Уште на почеток. Честитки @CameliaMiller . Искрено не знам ни што е поклонот, ама со здравје да се користи.
Пеес пати сум пишала " здрава жива весела" и ниеден модератор не ме искоригира, кафе па тек да ми даете ич не ви текна. Се' е од умор и се простува.
И официјално, честитки @CameliaMiller! Сосема заслужено. Со говорот ме остави без зборови, со здравје да си го користиш кафематот, и @theowndemon со здравје да си ја носиш алката! Немојте само да киднете од форумов, pretty please! За новите профили, не ме изненадува, тоа правило да не се сметаат важи од сам почеток на избориве, ако не сум грешка, и секогаш се пресметувале гласовите, ама немало толку масовно зачленување само поради гласање. @Bubce38 ич да не се секираш, 2021 ќе биде далеку подобра. Не ти зависи од никого и ништо тоа, најмалку од еден ваков избор. Јуле, спремај се за догодина. Не оставај на случајности
Кој побогу правел профил за мене и тоа 50? Поласкана сум Ај уште еднаш честито до победничката и јас сакам кафе од кафематот
Честито Каме Со здравје да си ги служиш наградите, ќе се скапеш правејќи кафе на апаратот бидејќи е врв, според мене. Среќни празници на сите.
Абе, да не мислите дека форумот од тотално алтруистички побуди го прави изборот? Целта е да се размрда членството, да се поттикнат и други да се зачленат, да се придвижат работите. Која корист за нив ако затворат креирање на нови профили во декември? Точно дека куп од профилите што гласале ќе станат неактивни, ама има и од оние што се зачлениле за да гласаат без да знаат дека гласот нема да им се брои (или без да им биде гајле) @Bubce38 ич шубе да не си правиш. И сама знаеш дека "си позната" и надвор од форумот затоа што си активна по теми во кои доаѓаат жени да бараат поддршка, дека знаеш и помагаш често. Куп жени го читаат форумот без да се зачленат, сигурно добар дел од нив се зачлениле за да гласаат за тебе од таа причина. Во секој случај, тоа што се случи со "кулурното девојче" е одвратно, треба многу болен да бидеш во умот да се изживуваш со некого, па макар и онлајн. А тука тоа беше целта, психолошка игра - па макар и глупа. Ама ич не си земај на памет, знаеш дека има куп членки кои те ценат - гласале за тебе или не. Јас сум една од нив @CameliaMiller честито победа, убав поклон ти избрале. Со здравје да се служиш.