Јас на Кравата и го предложив ова за наредна година, ама она рече веќе била излитена финта, а и плус сакала оваа година да победи .
А чекај, ти сериозно мислиш дека ова е многу забавно? Некои луѓе се оперирани од поимот хумор. Штета што некој се преценува до толку.
Па на никој не му смета забавениот карактер. Но, испаѓа пишува цела група со свои интерни шали, зафрканции, фрази. Ние останатите поарно да не ја отвораме темава. Ко шпанско село за тие надвор од 40ка.
Е ова е тоа што го викам уште од прееска. Малку им е нивната тема па дај да ги окупираме и останатите. Или да не влегуваме во никоја тема, ако им е таква желбата.
Каде го реков тоа? Сакам јас и заебанции и позитивна енергија, многу нормално. Ама истата гарнитура од 40ка со истите шеги тука, wtf? Па уште ако не ти се свиѓа, оди си? Важи, како ќе наредите. Првите неколку страни ајде, океј, убаво е да има шеги, ама 15 страни, извини молим те не е во ред. Ама кој ќе признае кога сите сте здружени. Океј.
@tinka-mace ама зошто не си тераш ти муабет? Убаци се со нешто, фрли некоја шега, ете штом мене ми е излитен хуморот (се вреѓаме значи ) ја не знам зошто одма негативно да се сопре све. Никој на никого не му забранува да пише, денес едни, утре други, значи луѓе дајте молим вас бидете фини едни со други
Не е точно. Ја сум фина со сите, ти сега не беше фина Вистини сите си имаме свои, дончју ноу? Итс крисмас тајм
Нека биде така, ако ти е полесно. Колку и некој/a член/ка да ми е мил/а, ако не е во право според мене, тоа го кажувам. А не една да рече дека е здраво да се јадат го*на, другите да дојдат да ја поддржат.
@tinka-mace у твојата вистина ти си фината, у мојата ја, на тоа мислев. Ај, ми здосади. Мислев другарки ќе испаднеме на крај, ама не ни било судено
Може утре, задутре пак да пробаме, до 40ка може нема веќе да сме фини ќе пуштиме ајде по некое лајкче, поздравче, како на симпатиине од инста, може ќе не биде
Јас немам ни приближно 40. И не пишувам само таму, аман тоа па за топломерот го имам пишано насекаде, или еве што ми удараат ремет за дезинфекцијата. Јас и сама си ударам. Секоја година за истото се мрчи, 40 ка та 40 ка. Ако е така и Лилит и Камелија, и Мантуб и Билјарката пишуваат насекаде. И јас не читам кај ФМК, па не мрчам ако си пишува некој. Може да си скролам. Толку.
Ај дајте оксиметарот некој што барата со него да измери што е и како е, ко да опадна сатурацијата нешто.