@JuLleE и ја немам 40, ама мене ме мрзи да пишувам веќе насекаде. Пишував првите години, тема немаше што не ја отворив и искоментирав. Сега веќе само сакам да си поправам муабет Ај доста спамирам
@tinka-mace темата за 40ка не е ничие ексклузивно право. Никој никому не брани да пишува таму. А голем дел од членовите пишуваат и во други теми. На голем дел од членовите на форумот им пречи таа тема, а сите ја читаат. Не знам што ви пречи толку, сите сте добредојдени таму. Немаат врска годините во никој случај.
Јас никаде не реков дека ми пречи темата 40ка. Не ми пречат ни членовите, нека си дискутираат. Ама јас зборувам за оваа тема, тука дефинитивно нема место за такви дискусии како што си имате во 40ка. Убаво пиша една членка на почетокот од темава, дека што и да пише 40ка владеат, па после пола од 40ка дојдоа да расправаат како тоа не е точно. Смешки.
Ок. Еве, се изнасмеав. Не ми смета, ама ми смета е работава. Пошто нели, ова е многу сериозна тема, немој некој да се зезал
Како и по обичај, тој што сака ќе го сфати мислењето како што треба. Тој што несака ќе ја тупи и ќе испревртува се додека не се задоволи, неговото да е последно. Јас си го кажав моето мислење, ептен ви се вмешав во "шегите", не замерувајте.
Секоја година го има истото со шалите, со кампањите, не е тоа од сега. Ниту пак е некој оф топик. Додека нема навреди, се разбира. Секој може да пише нешто, да се нашали, да си каже аворит доколку сака, ако не сака не мора... Мислам дека веќе пишав, темава е за забава. Еве да го цитирам Михајло од далечната 2014та.
Ок, членката само вика да не се киднапира темава и врти околу пар ликови кои јас и уште пар други сакаме да победат. Се гушат другите членови кои сакаат да дојдат и пишат за своите фаворити кои не се од 40ка. Ништо страшно ако намалиме. Не секому му се интересни нашите шегички, црниот хумор, сарказмот и ред други работи по кои некои се препознатливи во некој круг.
Ама пишете зезанција бе, ветувам и со вас ќе се смеам. Немојте само како лани, да мериме кој има најтрагични настани, тоа не чини и не е ок. Али не знам зашто некој не би се шалел, макар и озбилен бил, втф.
Работава излезе сите смеат да пишуваат на темава освен членовите кои пишуваат во 40ка зошто ја претвораат темава во 40ка...
Мојот избор е: @Alisa22 @Bridget @Billy Idol Критериумот за избор ми беше тоа што се реални и искрени ликови кои не се лижат и упикуваат на други само за да добијат лајковача , туку тоа што го мислат и го кажуваат без разлика колку ќе бидат чопоративно напаѓани после искажаното мислење!
Дa сум јaс нa твoе местo и дa сaкaм дa дoкaжaм пoентa, ќе си викнaм еден куп членки oд рaзни теми и ќе пoчнaм дa се зезaм. Сo секoјa oд нив. Зa шaли штo сaмo ние си ги рaзбирaме. Некoлку денoви пo ред И се нaфрливме еднa гoдинa нa еднa членкa ни кривa ни дoлжнa, кoјa имaше шaнси дa стaне the Фoрумџикa, зaтoa штo ни беше "туѓa". Пишувaше сaмo вo oдредени теми зa oдреденa темaтикa. Мoже некoи oд нaс требa дa сфaтaт декa нaдвoр oд oдреденa темa и ние сме "туѓи" и не тoлку интересни кoлку штo мислиме зa дa сме тoлку зaстaпени ТoВa е се' штo членкaтa сaкa дa кaже.
Годинава за разлика од сите претходно ми е малку потешко да сумирам впечатоци. Имаше секакви моменти, буквално секакви расположенија, динамика во членството. Но сепак при изборот имало некои критериуми според кои се водев минатите години, па ќе ги задржам и оваа. Прво ми е дека не практикувам да избирам членови кои се изразито на едната страна од спектарот активност-неактивност т.е. не номинирам ниту такви кои ги има само во две теми, ниту оние кои само билдаат мислења. Едните од причина што сметам дека форумџика на годината треба да е особа која има познавања од различни области и е активна во повеќето теми (од сериозни дискусии за социјални/општествени прашања па до теми каде умее да се пошегува и придонесе за убава атмосфера). Другите од причина што најчесто тоа билдање мислења е тотално без подлабока суштина, односно се иде и во теми од кои се нема знаење. Ова ме води до вториот критериум, а тоа се темите за советување. Многу почитувам членови кои знаат да излезат во пресрет, ама со издржан и проверен совет. Е сега некако форумов ми се чини како да почна да се преполнува со оние другите, кои ги има насекаде со советувања кои ги искажуваат многу убедено, а всушност пола од нештата воопшто не се точни. Еден пример баш на кој се сеќавам од годинава беше во една од темите за образование каде членка се обрати со конкретно прашање за кое бев одлично упатена како студентка. Почнав да пишувам, ама гледајќи дека се појави членка која на таков начин настапува и дури ги разубедуваше сите други, баталив од коментирање во темата и се обратив директно во лп со искуство и совет. Никаков совет е секогаш подобро од лош совет. Третото ми е дека не номинирам членки според животни борби. Сите ги имаме, особено годинава верувам дека секој води некаква битка. Испраќам поддршка и убави желби секаде, ама номинацијата оди според особини и ставови. Воедно и темава го прикажува сето она што може да биде за или контра аргумент за глас за некој. Па токму затоа ќе оставам уште некој ден, иако веќе имам на ум две речиси сигурни членки. Исто така благодарам до тие кои ме номиниравте. Продолжувам да ја посматрам забавата.
А кој рече дека сaмо лани е гласано според тој посебен критериум ? Форумџика за 2018 е Вајлд .....тоа е исто како изборот 2015 каде 90 % си коментираат задоволни членките дека победничката тогашна се зачленила баш 2015 и оставила ептен впечаток и баш е прогласена форумџика 2015 А шо направивте вие ? И ја зедовте победата на Вајлд 2018 . Она се покажа во најдобро светло баш таа година, ем ново освежување на форум , ем ја имаше секаде. Истото се повтори и 2019. Значи јас не прочитав голем процент разни генерации да се здоволни како што биле на тие избори 2015 , 2017 максимално успешни избори, сите сложни за избраните победници. За 2016 прескокнав оти има мрчење во многу постови, но денес @DAngel на фин и културен начин ми објасни дека на форумот мора да победи женско и дека е понижувачко да се бира машки член. Ок, го прифаќам нејзиното објаснување. Па тој избор 2017 да му е мило на човек да чита, се осеќа топлина во 90 % од коментарите откако се прогласени форумџиките на годината. Тоа е тој форумски позитивен дух со ведрина , со слога дека навистина е заслужено. Значи кога бил ферски изборот некако се сложни и помладите и повозрасните членови и само потврдуваат со позитивни коментари дека е заслужено. До сега копав по темите за форумџика на годината , туку јас додека копав @Annath ме закопа - после моето понашање кон тебе во темата Корона мислев дека сум ти одбивна, а гледам ти пак ме награди и денес со лајк ....ц ц цц не заслужувам , абе ти си имала мека душа жено, ај одам да се корегирам во другата тема. Ехххх посакувам годинава да се избере форумџика за која заслужено ќе се сложат и помладите и постарите генерации на форумот , ехххх каква атмосфера на изборот за 2017
Ако за нешто не се сложуваме, не значи дека нема по дифолт да ми се допаѓа нешто друго што ќе напишеш. Постот на темата ти беше скроз на место. Затоа беше и лајкот
Ептен погрешни перцепции имаш за форумџика на годината (барем од моја перспектива) Вајлд, та Вајлд... И што ако ја има/ше секаде? Тоа по автоматизам не ја прави квалитетен член. Провоцирала, предизвикувала дискусија.... повторно тоа не ја прави форумџика по моите критериуми. За 2018 @galapce најзаслужено си ја доби титулата. И не од сожалување како што многумина мислат, туку затоа што нејзината борба остави најголем белег и печат таа година. Го обедини форумот, многумина научија (научивме) од неа. За мене тоа е форумџика на годината, па дури и да ја има во една, две теми. Подобро така, отколку да спамува секаде, оти не можеш во се да си добар, нели? Исто така, оваа година @Bubce38 би можела слободно да ја понесе повторно титулата (за лани не сум баш сигурна, ама оваа година да) И повторно не од сожалување, туку затоа што на сите ни одржа лекција како треба да се справиш во ситуација кога светот ти се руши. Тоа е за почит, а не колку мислења имаш во секс теми или колку дискусија предизвикуваш. Сите силни мислења на Вајлд (и други високопочитувани членки) јас ќе ги заборавам многу лесно, ама вакви ликови се памтат.
Лани кавгата е неповрзана со тоа ти што го пиша сега. Избришани се коментарите и со право, затоа што ниту една од нив не заслужи да биде така развлекувана и да се препукува некој на нејзина сметка.
Не знам конкретно за што збориш, што со што не е поврзано ??? јас ти одговорив дека не е само лани, последните 2 години по ист критериум се бира форумџика.
А јас сосема друго кажав, дека нема потреба да развлекуваме муабети како порано, ајде да се зезаме. Не знам како попросто да кажам.
Зезајте се никој ништо не ви забранил, јас само се надевам дека годинава ќе се осети барем 20 % позитивна енергија од она што било кога се бирало форумџика за 2017. Ненормално многу фали тоа дружење и расположение.